Создавање 18
18
Бог објавува дека Сара ќе има син
1Потоа на Авраам му се јави Господ кај светите дрвја во Мамре, кога седеше пред вратата од шаторот свој, на пладнина. 2#Евр 13,2Откако ги крена очите свои, виде Тројца мажи како стојат спроти него. Откако ги виде, им притрча во пресрет пред вратата на шаторот, и им се поклони доземи. 3И рече: „Господи, ако сум нашол милост пред Тебе, немој да го одминеш слугата Свој! 4Ќе ви донесат малку вода и ќе ги измијат нозете ваши, па одморете се малку под ова дрво! 5И ќе Ви донесам малку леб за да се поткрепите штом веќе навративте кај слугата Ваш, па тогаш продолжете го својот пат.“ Тие рекоа: „Направи, како што велиш!“ 6И Авраам отрча во шаторот кај Сара, и ѝ рече: „Замеси брзо три мери од најдоброто брашно и испечи погачи!“ 7Па отрча кај говедата и фати младо и згоено теле, и му го даде на момокот, и тој побрза да го зготви. 8Па потоа изнесе масло и млеко и телето, што беше зготвено, и им принесе; и Тие јадеа, а тој самиот стоеше пред нив под дрвото. 9#17,15-21Тогаш Тие го прашаа: „Каде е Сара, жената твоја?“ А тој одговори: „Ене ја во шаторот.“ 10#15,2-4; Рим 9,9Еден, пак, од нив му рече: „Догодина во ова време, Јас пак ќе дојдам кај тебе, и Сара, жената твоја ќе има син.“ А Сара слушаше на вратата од шаторот, зад него. 11Авраам и Сара беа стари – во поодминати години, и кај Сара беше престанало редовното кај жените. 12Затоа Сара се насмеа во себе, велејќи: „Сега ли, кога сум остарена, ќе ја имам оваа утеха? А и господарот ми е стар.“ 13Тогаш Господ му рече на Авраам: „Зошто се насмеа Сара, велејќи – Вистина ли е дека ќе родам, кога сум остарена? 14#Мт 19,26; Лк 1,36-37; Евр; 11,11-12Има ли нешто неможно за Господ? Во определеното време Јас пак ќе дојдам кај тебе, и Сара ќе има син.“ 15Но Сара не призна и рече: „Не се насмеав“, бидејќи се беше уплашила. А Тој рече: „Не, ти се насмеа!“ 16#Ер 15,1Потоа луѓето станаа и тргнаа кон Содом, а и Авраам појде со нив да ги испрати. 17#Амос 3,7А Господ рече: „Ќе кријам ли од Авраам што сакам да направам? 18#12,3; Јн 15,15Та од Авраам ќе излезе голем и силен народ, и преку него ќе бидат благословени сите народи на земјата. 19#Ер 23,5Затоа што го избрав за да им заповеда на синовите свои, и на домот свој по себе, да одат по патот Господов и да извршуваат правда и суд, и Господ ќе го исполни она, што му го вети на Авраам.“ 20И Господ рече: „Голем викот е против Содом и Гомора, зашто гревовите нивни се претешки. 21#4,10Затоа ќе слезам да видам дали е тоа токму така, како што доаѓа викот до Мене, или не.“ 22#Пс 106,23Оттаму луѓето тргнаа кон Содом, додека Авраам уште стоеше пред лицето на Господ. 23Тогаш Авраам се приближи и рече: „Зарем ќе го уништиш и праведниот со неправедниот? 24#4 Мојс 16,22Можеби во градот има педесетмина праведници; зарем ќе го погубиш и нема да му простиш на тоа место заради оние педесет праведници, што се во него? 25Не е можно така да постапиш Ти, да погубиш праведни со неправедни заедно, та исто да се случи со праведникот како и со неправедникот; не може да биде тоа од Тебе; зарем Судијата на целата земја нема да суди право?“ 26И Господ рече: „Ако во градот Содом најдам педесетмина праведници, ќе го поштедам градот и целото место заради нив.“ 27#Пс 144,3-4А Авраам одговори и рече: „Еве, се осмелив да Му проговорам на Господ, иако сум земја и пепел. 28Можеби има праведници за пет помалку од педесет; зарем заради тие пет ќе го сотреш целиот град?“ Тој одговори: „Нема тоа да го направам, ако најдам четириесет и пет.“ 29И го продолжи разговорот со Него и рече: „Можеби ќе се најдат таму четириесет?“ Тој, пак, одговори: „Нема да го направам ни поради тие четириесет.“ 30Потоа рече: „Нека не се налути Господ, ако речам – можеби ќе се најдат триесет?“ – Тој рече: „Нема да го направам, ако најдам триесет.“ 31И пак рече: „Еве, се осмелувам одново да Му проговорам на Господ – можеби ќе се најдат дваесет?“ „Нема да го уништам – рече – ни заради тие дваесет.“ 32#Ер 5,1; Ез 22,30Најпосле рече: „Нека не се налути, Господ, ако уште еднаш проговорам – можеби ќе се најдат десет?“ – Тој рече: „Нема да го уништам ни заради оние десет.“ 33И Господ замина, откако престана да зборува со Авраам; а Авраам се врати во своето место.
Селектирано:
Создавање 18: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006