Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 23

23
Авраам купува гроб за Сара
1Сара поживеа сто дваесет и седум години; тоа се годините на Сариниот живот. 2И умре Сара во градот Кир­јат-Арба, а тоа е Хеврон, во земјата хананска. И дојде Авраам да ја изжали и да ја исплаче. 3А кога се оддели Авраам од покој­ницата своја, им рече на синовите Хе­теови, велејќи: 4#Евр 11,13„Странец сум и придојден кај вас; дајте ми да имам гроб кај вас, за да ја погребам покојницата своја.“ 5А синовите Хетеови му одговорија на Авраам, велејќи: 6„Чуј нѐ, господаре наш; ти си кнез Божји меѓу нас; погреби ја покојницата своја во најдоброто од нашите места за погреб; никој меѓу нас нема да ти одбие погребно место за да можеш да ја по­гребеш покојницата своја таму!“ 7Тогаш стана Авраам и му се поклони на народот од земјата на синовите Хетеови, 8и им рече, велејќи: „Ако сакате да ја погребам покојницата своја, послушајте ме – речете му за мене на Ефрон, синот Цохаров. 9#2 Сам 24,24Нека ми ја даде пештерата Махпела, која е на крајот од нивата негова; за пари нека ми ја даде, колку што чини, за да имам гробница меѓу вас!“ 10А Ефрон седеше меѓу синовите Хетеови. И му одговори Ефрон Хитие­цот на Авраам, пред синовите Хетеови, и тоа гласно, да чујат сите, кои влегуваа низ градските порти, велејќи: 11„Не, господаре; послушај ме: нивата, и пештерата во неа, ти ја давам; пред синовите на народот мој ти ја подарувам, погреби ја покојницата твоја.“ 12А Авраам му се поклони на народот од таа земја, 13и му рече на Ефрон гласно, пред сиот народ, велејќи: „Ако сакаш, почуј ме: ќе ти дадам колку што чини нивата, земи од мене, па тогаш ќе ја погребам покојницата своја таму.“ 14А Ефрон му одговори на Авраам и рече: 15#Ер 32,9„Господаре мој, чуј ме; земјата чини четиристотини шекели сребро; што е тоа за мене и за тебе? Затоа погреби ја покојницата твоја!“ 16И Авраам, откако го ислуша Еф­рон, му го измери среброто, што го кажа тој пред синовите Хетеови, чети­ристотини шекели сребро, како што врвеше тогаш меѓу трговците. 17И кај нивата Ефронова кај Махпела спроти Мамре, нивата и пештерата што е во неа и сите дрвја во нивата и во нејзините предели наоколу, 18станаа сопственост на Авраам пред синовите Хетеови, пред сите кои влегуваа во тој град. 19Потоа ја погреба Авраам Сара, же­ната своја, во пештерата Махпела на нивата спроти Мамре; а тоа е Хеврон, во земјата хананска. 20Така Авраам ја придоби од сино­вите Хетеови нивата и пештерата во неа, за да има сопствена гробница.

Селектирано:

Создавање 23: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се