Создавање 24
24
Женидбата на Исак и Ревека
1 #
12,2-3; 24,35 А Авраам беше веќе стар и во години. Господ го беше благословил во сѐ. 2И му рече Авраам на слугата свој, на најстариот во домот негов, кој управуваше со целиот негов имот: „Стави ја раката своја под бедрото мое 3#5 Мојс 7,3-4и заколни ми се во Господ Бог на небото и Бог на земјата дека нема да земеш жена за синот мој од ќерките ханански, меѓу кои живеам, 4туку ќе отидеш во земјата моја, каде што се родив, и ќе му доведеш жена на синот мој Исак оттаму.“ 5А слугата му рече: „Можно е девојката да не сака да појде со мене во оваа земја; да го одведам ли синот твој во земјата, од која си се иселил?“ 6А Авраам му рече: „Гледај да не го одведеш синот мој таму. 7#12,7; Неем 1,4-5Господ, Бог на небесата, Кој ме зеде од домот на таткото мој и од земјата, каде што сум роден, и Кој ми рече и ми се заколна, велејќи: ‚на потомството твое ќе му ја дадам оваа земја‘, Тој ќе испрати ангел свој пред тебе, и ти ќе доведеш жена за синот мој оттаму. 8#Ис.Н. 2,20Ако, пак, девојката не сака да појде со тебе, тогаш нека ти е простена клетвата моја; само синот мој не враќај го таму!“ 9И ја стави слугата раката своја под бедрото на Авраам, господарот негов, и му се заколна во тоа. 10Потоа слугата зеде десет камили од камилите на господарот свој и тргна; со себе зеде и од драгоценостите на господарот свој. Тогаш стана и отиде во Месопотамија, во градот Нахоров. 11#29,2-10; 2 Мојс 2,16И ги остави камилите надвор од градот, покрај изворот, приквечер кога жените излегуваат да полнат вода. 12И рече: „Господи, Боже на господарот мој Авраам, испрати ми ја денес во пресрет онаа, која ја барам, и направи му милост на господарот мој Авраам. 13Еве, јас ќе стојам крај овој извор, и ќерките на градските жители ќе дојдат да налеат вода. 14И на која девојка ќе ѝ речам – ‚Наведни ја стомната своја да пијам‘ – а која ќе рече – ‚На, пиј, и камилите твои ќе ги напојам‘, неа си ја определил за слугата Твој Исак; и по тоа ќе разберам дека му правиш милост на господарот мој.“ 15#Ис 65,24И додека тој уште зборуваше во себе, а ете Ревека, ќерката на Ветуил, синот на Милка, жената на Нахор, чиј брат е Авраам, дојде со стомната на рамо. 16А беше многу убава девојка, која маж уште не ја беше познал. Таа слезе при изворот, ја наполни стомната, па појде угоре. 17#Јн 4,7Тогаш слугата излезе пред неа и рече: „Дај ми да се напијам малку вода од стомната твоја!“ 18А таа одговори: „Еве, пиј, господаре.“ И брзо ја спушти стомната на раката своја, и му даде да пие, чекајќи додека не се напие. 19А кога се напои, му рече: „И на камилите твои ќе им налевам додека не се напијат.“ 20И веднаш ја истури стомната своја во поилото, и пак отрча до изворот да ја наполни, и им налеа на сите камили негови. 21А човекот ја гледаше со восхит и молкум, сакајќи да узнае дали го благословил Господ патот негов или не. 22#Ез 16,11-12А откако камилите се напоија, човекот извади златна обетка, тешка една бека, и две гривни за нејзините раце, од десет шекели злато. 23И рече: „Чија ќерка си? Кажи ми: има ли во куќата на таткото твој место за преноќевање?“ 24А таа му одговори: „Јас сум ќерка на Ветуил, синот на Милка, која му го роди на Нахор.“ 25И уште му рече: „Има кај нас многу слама и крма; а и место за ноќевање.“ 26Тогаш човекот се наведна и Му се поклони на Господ, 27па рече: „Нека е благословен Господ Бог на господарот мој Авраам, Кој не го остави господарот мој без Своја милост и Својата верност. Господ ме доведе по прав пат во домот на братот од господарот мој.“ 28Девојката, пак, отрча дома и сето ова го кажа на својата мајка. 29А Ревека имаше брат, по име Лаван. Лаван побрза кон човекот крај изворот. 30Откако ги виде обетката и гривните на рацете од сестрата своја и чу кога сестра му Ревека рече – вака ми зборуваше човекот – тогаш појде кај човекот; а тој стоеше со камилите кај изворот. 31И рече: „Дојди ти, кој си благословен од Господ; зошто да стоиш надвор? Јас ја приготвив куќата; а има место и за камилите.“ 32Тогаш човекот дојде во куќата; и ги растовари камилите; и им дадоа слама и крма на камилите, а му донесоа и вода за нозете негови и за луѓето, кои беа со него, за да ги измијат. 33И им поставија храна да јадат. Но тој рече: „Нема да јадам додека не кажам за што сум дојден.“ И му рекоа: „Зборувај!“ 34Тогаш рече: „Јас сум слуга Авраамов. 35#13,2Господ го благослови господарот мој многу, та стана богат; и му даде овци и говеда, сребро и злато, и слуги и слугинки, и камили и магариња. 36А Сара, жената на господарот мој, во старост му роди син на господарот мој, и тој му го даде целиот свој имот. 37Мене, пак, ме заколна господарот мој, велејќи: ‚Немој да му доведеш на синот мој жена од ќерките на Хананците, во чија земја живеам; 38туку појди во домот на таткото мој, кај роднините мои, и оттаму земи жена за синот мој.‘ 39А јас му реков на господарот мој: ‚Можеби девојката не ќе сака да појде со мене!?‘ 40А тој ми рече: ‚Господ, во чие присуство ќе одиш, ќе испрати ангел Свој со тебе, и ќе ти го покаже патот твој до целта и ти ќе земеш жена за синот мој од родот мој, од домот на таткото мој. 41Тогаш ќе ти биде простена клетвата моја, кога ќе отидеш кај роднините мои; а и ако не ти ја дадат, ќе бидеш ослободен од клетвата моја.‘ 42И кога дојдов денес на изворот, реков: Господи, Боже на господарот мој Авраам, ако си ме упатил на прав пат, по кој одам, 43еве, јас ќе застанам крај изворот, и на девојката, која ќе дојде да налее вода, ќе ѝ речам – Дај ми да се напијам малку вода од стомната твоја, – 44#Изреки 19,14и ако таа ми одговори – Еве, и ти пиј, и на камилите твои ќе им налеам – таа нека биде жената, која Господ ја определил за синот на господарот мој. 45Јас уште не го изреков тоа во срцето свое, а Ревека дојде со стомната на рамо, и слегувајќи на изворот, налеа; а јас ѝ реков – ‚Дај ми да се напијам.‘ 46И таа веднаш ја спушти стомната и рече – ‚Еве, пиј ти; и камилите твои ќе ги напојам.‘ – Се напив, и камилите мои ги напои. 47Тогаш ја прашав и реков: – ‚Чија ќерка си?‘ А таа одговори: – ‚Јас сум ќерка на Ветуил, синот на Нахор, кого му го роди Милка‘. Тогаш ѝ ги ставив обетките и гривните на рацете нејзини. 48Па Му се поклонив на Господ; и Го благословив Господ Бог на господарот мој Авраам, Кој ме поведе по правиот пат да ја земам ќерката од братот на господарот мој за неговиот син. 49А сега кажете ми: Ќе му направите ли милост и правда на господарот мој, или не? Ако, пак, не сакате, кажете ми, и јас ќе тргнам надесно или налево.“ 50А Лаван и Ветуил одговорија: „Од Господ дојде ова; ние не можеме да ти кажеме ни лошо, ни добро. 51Ете, Ревека е пред тебе, земи ја, па оди, и нека му биде жена на синот од твојот господар, како што рекол Господ.“ 52А кога ги чу слугата Авраамов зборовите нивни, Му се поклони на Господ доземи. 53Потоа слугата извади златни и сребрени работи, и облека, и ѝ ги даде на Ревека; а и на братот нејзин и на мајката нејзина им даде скапи подароци. 54Па јадеа и пиеја, тој и луѓето што беа со него, и ноќеваа. А утредента кога станаа, тој рече: „Пуштете ме да се вратам кај господарот мој!“ 55А братот нејзин и мајка ѝ рекоа: „Нека остане девојката кај нас макар уште десет дена, па тогаш одете.“ 56Но тој им рече: „Не задржувајте ме, зашто Господ го благослови мојот пат; пуштете ме да си одам кај господарот мој!“ 57А тие рекоа: „Да ја викнеме девојката, и да ја прашаме, што ќе рече таа.“ 58И ја повикаа Ревека, па ѝ рекоа: „Сакаш ли да одиш со овој човек?“ А таа одговори: „Сакам.“ 59И ја пуштија Ревека, сестрата своја, и доилката нејзина, со слугата Авраамов и луѓето негови. 60#28,3Ја благословија Ревека и ѝ рекоа: „Сестро наша, да се народат од тебе илјади и илјади, и потомството твое да ги завладее домовите на непријателите твои!“ 61И стана Ревека со слугинките, и се качија на камилите, и тргнаа со човекот. Така слугата ја зеде Ревека и си отиде. 62#16,14; 25,11А Исак беше дошол од Беер Лахај Рои, зашто живееше во јужниот крај. 63Приквечер излезе Исак во полето да се прошета, па ги крена очите: а тоа – ете, камилите идат. 64Ревека, откако ги подигна очите свои и го виде Исак, слезе од камилата 65и го праша слугата: „Кој е оној човек, што преку полето ни доаѓа во пресрет?“ А слугата одговори: „Тоа е господарот мој.“ – Тогаш таа зеде превез, па се покри. 66И му раскажа слугата на Исак сѐ што беше направил. 67#25,20Тогаш Исак ја одведе во шаторот на Сара, мајката своја, и ја зеде Ревека и таа му стана жена, и му омиле. И Исак се утеши за Сара, мајката своја.
Селектирано:
Создавање 24: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: