Создавање 29
29
Средбата на Јаков со Рахила
1Тогаш се крена Јаков и отиде во земјата на синовите на исток. 2#24,11; 2 Мојс 2,16Одеднаш во полето забележа извор; и ете три стада овци лежеа околу него, бидејќи на тој извор се поеја стада. Но голем камен имаше над отворот од изворот. 3И кога се собираа таму сите стада, го иставаа каменот од отворот на изворот и ги напојуваа овците, а потоа пак го ставаа каменот над отворот од изворот на неговото место. 4#11,31; 27,43Јаков им рече: „Од каде сте вие, браќа?“ Тие одговорија: „Од Харан сме.“ 5А тој им рече: „Го познавате ли Лаван, синот Нахоров?“ Тие рекоа: „Го познаваме.“ 6Тој пак ги праша: „Здрав ли е?“ Рекоа: „Здрав е, и еве Рахила, ќерката негова, иде со стадото.“ 7И тој рече: „Ете, уште е рано и не е време добитокот да се прибира. Напојте ги овците, па одете и пасете ги!“ 8А тие рекоа: „Не можеме, додека не се соберат сите стада, за да се истави каменот од отворот над изворот, па тогаш ќе ги напоиме овците.“ 9Додека тој уште зборуваше со нив, дојде Рахила со ситниот добиток од таткото нејзин, бидејќи таа нив ги пасеше. 10А кога ја виде Јаков Рахила, ќерката Лаванова и стадото на Лаван, братот на мајка си, пристапи Јаков и го истави каменот од отворот на изворот, и го напои стадото на Лаван, братот на својата мајка. 11И ја бакна Јаков Рахила, па извика и заплака. 12Потоа ѝ кажа на Рахила дека тој му е род на таткото нејзин и дека е син на Ревека. А таа отрча, па го извести таткото свој. 13А кога чу Лаван за Јаков, синот на неговата сестра, му излезе во пресрет, го прегрна и бакна, и го воведе во својот дом. А тој му раскажа на Лаван сѐ. 14Лаван, пак, му рече: „Ти си навистина моја коска и моја плот!“ И тој остана кај него цел месец.
Двојната женидба на Јаков
15Тогаш му рече Лаван на Јаков: „Зарем бесплатно ќе ми служиш зашто си ми род? Кажи ми, која да ти биде платата?“ 16А Лаван имаше две ќерки: на постарата ѝ беше името Лија, а на помладата Рахила. 17На Лија очите и беа болникави, а Рахила имаше убава става и убаво лице. 18#Ос 12,13Јаков ја засака Рахила, па рече: „Ќе ти служам седум години за Рахила, твојата помала ќерка.“ 19Тогаш Лаван рече: „Подобро тебе да ти ја дадам, отколку на друг; остани кај мене!“ 20#Песна 8,6-7И отслужи Јаков за Рахила седум години, и тие му се причинија како неколку дена, зашто ја сакаше. 21И му рече Јаков на Лаван: „Дај ми ја жената, зашто дојде времето да влезам кај неа!“ 22#Јн 2,1-2И ги повика Лаван сите луѓе од тоа место и направи свадбена гозба. 23А вечерта ја зеде Лија, ќерката своја, и ја воведе кај Јаков, и тој влезе кај неа. 24И Лаван ѝ ја даде Зелфа, слугинката своја, на Лија, ќерката своја, за да ѝ биде слугинка. 25А кога настана утрото, се виде дека тоа била Лија, па му рече Јаков на Лаван: „Што ми направи? Нели за Рахила ти слугував? Зошто ме измами?“ 26#27,35-36А Лаван му рече: „Не бива во нашето место да се омажи помалата пред постарата. 27Помини оваа седмица со неа, па ќе ти ја дадам и другата, за која ќе ми слугуваш други седум години.“ 28И Јаков направи така, и помина со неа една седмица. Потоа му ја даде Лаван за жена Рахила, ќерката своја. 29И ѝ ја даде Лаван слугинката своја Билха на Рахила, ќерката своја, за да ѝ биде слугинка. 30#5 Мојс 21,15Тогаш Јаков влезе кај Рахила. И Рахила повеќе ја засака отколку Лија. И така му служеше на Лаван уште други седум години.
Децата на Јаков
31 #
Пс 127,3; 128,3 Кога виде Господ дека Лија не е сакана, ѝ ја отвори утробата нејзина, а Рахила остана неплодна. 32Лија зачна и роди син и го нарече Рувим, велејќи: „Господ милостивно погледна на мојата несреќа; сега ќе ме засака мажот мој.“ 33И пак зачна, и роди син, па рече: „Господ чу дека не сум сакана, па ми го даде и овој.“ И го нарече Симеон. 34И одново зачна, пак роди син и рече: „Сега веќе ќе ми се наклони мажот мој, оти му родив три сина!“ Затоа му стави име Левиј. 35А кога пак зачна, и роди син, рече: „Сега ќе Го славам Господа!“ Затоа го нарече Јуда. И престана да раѓа.
Селектирано:
Создавање 29: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006