Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 35

35
Јаков го напушта Сихем и заминува за Ветил
1 # 28,10-22; 31,13 И му рече Бог на Јаков: „Стани, оди горе во Ветил и живеј таму; и направи таму жртвеник на Бога, Кој ти се јави, кога бегаше од лицето на Исав, братот твој.“ 2#31,19; 2 Мојс 19,13; 20,3; Ис.Н. 24,15.23Тогаш Јаков им рече на своите домашни и на сите, кои беа со него: „Исфрлете ги туѓите богови, што се кај вас, па исчистете се и преоблечете се. 3#28,20; 31,3.42; 48,15Да се кренеме и да отидеме во Ветил; таму ќе направам жртвеник на Бога, Кој ме чу во денот на неволјата моја, и беше со мене на патот, по кој одев.“ 4#Ис.Н. 24,26; Суд 9,6И му ги дадоа на Јаков сите туѓи богови, што беа во нивни раце, и обетките, што ги имаа на ушите; и ги закопа Јаков под дабот кај Сихем. 5#34,30Потоа тргнаа. А страв Божји ги беше спопаднал околните градови, та не се кренаа во потера по синовите на Јаков. 6#12,6; 28,19И Јаков дојде во Луз, во земјата хананска, а тоа е Ветил, самиот тој и луѓето што беа со него, 7и подигна таму жртвеник, и го нарече тоа место: Ел-Ветил, зашто таму му се беше јавил Бог, кога бегаше од лицето на својот брат. 8#24,59Тогаш умре Девора, доилката на Ревека, и ја погребаа подолу од Ветил, под дабот, кого Јаков го нарече Плачниот даб. 9И му се јави Бог на Јаков, откако се врати од рамнината Арам, и го благослови. 10#32,29И Бог му рече: „Името ти е Јаков, но отсега нема да се именуваш Јаков; името ќе ти биде Израел.“ И го нарече Израел. 11#17,1.5-9И уште му рече Бог: „Јас сум Ел-Шадај – Семоќниот Бог; плоди се и множи се; народ и многу народи ќе настанат од тебе и цареви ќе излезат од твоето колено. 12#12,7И ти ја давам земјата, што му ја дадов на Авраам и на Исак, твоја да биде, а и на потомството твое ќе му ја дадам оваа земја.“ 13Потоа Бог се вознесе од местото, каде што му зборуваше. 14А Јаков подигна споменик на истото место, каде што му зборуваше Бог; споменик од камен, па изврши прели­вање и го прелеа со масло. 15И Јаков го нарече тоа место, каде што му зборуваше Бог, Ветил.
Раѓањето на Венијамин и смртта на Рахила
16Заминаа од Ветил. А кога им преостана уште малку пат до Ефрат, Рахила роди, и породувањето ѝ беше тешко. 17#30,24А кога таа се мачеше при раѓањето, бабицата ѝ рече: „Не плаши се, зашто и ова ќе ти биде син.“ 18#1 Сам 4,20-21; 1 Лет 4,9; 7,23А кога душата ја напушташе, бидејќи умираше, Рахила го нарече Бенони. Но таткото му даде име Венијамин. 19#Мих 5,1; Рута 1,2; Мт 2,6И умре Рахила, и ја погребаа крај патот што води кон Ефрат, во Витлеем. 20И подигна Јаков споменик над гробот нејзин. Тоа е споменикот на гробот Рахилин до денешен ден. 21А кога замина оттаму, Израел го распна шаторот свој зад кулата Едер. 22#49,3-4; 3 Мојс 18,8И кога Израел живееше во таа земја, отиде Рувим, та легна со Билха, наложницата на неговиот татко. И тоа го дочу Израел. А Јаков имаше дванаесет синови. 23#29,31-35; 30,24Синовите на Лија беа: Рувим, првенецот Јаковов, Симеон, Левиј, Јуда, Исахар и Завулон. 24А синовите на Рахила беа: Јосиф и Венијамин. 25Синови, пак, на Билха, слугинката на Рахила, беа Дан и Нефталим. 26А синови на Зелфа, слугинката на Лија, се: Гад и Асир. Тоа се синови Јаковови, кои му се родија во рамнината Арам. 27#13,18И дојде Јаков кај Исак, таткото свој, во Мамре, во Кирјат-Арба, односно во Хеврон, каде што Авраам и Исак беа доселеници. 28А Исак имаше сто и осумдесет години. 29#25,8И издивна Исак и умре, се прибра кај родот свој, стар и сит од животот. И го погребаа синовите негови Исав и Јаков.

Селектирано:

Создавање 35: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се