Создавање 37
37
ЈОСИФ
Соништата на Јосиф
1Јаков живееше во земјата, во која беше доселен неговиот татко Исак, во земјата хананска. 2#35,25-26Еве го животот на синовите на Јаков: кога беше на седумнаесетгодишна возраст Јосиф го пасеше добитокот со браќата свои, со синовите на Билха и со синовите на Зелфа, жените на неговиот татко. Јосиф му носеше лоши гласови на својот татко за нив. 3#37,23.31-33; 44,20А Израел го сакаше Јосиф повеќе од сите свои синови, зашто му се роди на стари години; и му направи шарена облека. 4#Изреки 18,19А браќата, гледајќи дека таткото нивни го сака многу повеќе од сите свои синови, го замразија, така што не можеа со него да зборуваат љубезно. 5#1 Мојс 20,3Притоа Јосиф сони сон и им го раскажа на своите браќа, а тие го замразија уште повеќе. 6И им рече: „Чујте го сонот што го сонив: 7врзуваме снопје во полето, и одеднаш мојот сноп се исправи, и застана прав, а вашите снопови се распоредија наоколу и му се поклонија на мојот сноп.“ 8#2 Мојс 2,14; 1 Сам 10,27; Лк 19,14Тогаш браќата му рекоа: „Зарем ти ќе царуваш над нас? Зарем ти ќе владееш над нас?“ Затоа уште повеќе го замразија, поради неговите соништа и поради неговите зборови. 9Потоа тој сони и втор сон, и им го раскажа и на браќата свои, велејќи: „Сонив уште еден сон, а тоа – сонцето и месечината и единаесет ѕвезди ми се поклонуваа.“ 10И му го раскажа на својот татко како и на браќата свои, но татко му го прекори и рече: „Каков е тој сон што си го сонил? Зар јас и мајка ти, и браќата твои, ќе дојдеме тебе да ти се поклониме доземи?“ 11#42,9; Дан 7,28; Лк 2,19.51И му позавидоа браќата негови; но татко му ги запомни тие зборови.
Јосиф е продаден од своите браќа
12 #
35,4
Еднаш неговите браќа отидоа да го пасат добитокот на својот татко кај Сихем. 13Тогаш Израел му рече на Јосиф: „Браќата твои го пасат добитокот кај Сихем. Ајде да те испратам кај нив.“ А тој рече: „Добро, одам!“ 14И уште му рече: „Оди и види како се браќата твои и како е добитокот, па јави ми.“ И го испрати по долината хевронска; и тој отиде во Сихем. 15И еден човек го најде како скита по полето, па го запраша, велејќи му: „Што бараш?“ 16А тој одговори: „Ги барам браќата мои; кажи ми, те молам, каде го пасат добитокот?“ 17А човекот рече: „Тие си заминаа одовде, зашто чув како велат – ајде да одиме во Дотан.“ И отиде Јосиф по браќата свои, и ги најде во Дотан. 18#1 Сам 19,1; Дела 7,9А тие го видоа оддалеку; и, пред да им се приближи, почнаа да се договараат за да го убијат. 19И си рекоа помеѓу себе: „Ене го доаѓа, оној што сонува! 20#Ер 38,6; Мт 27,1Ајде сега да го убиеме и да го фрлиме во некоја од овие јами, па ќе речеме: крвожеден ѕвер го изеде. Тогаш ќе видиме што ќе стане од неговите соништа!“ 21#42,22Но, кога го чу тоа Рувим, посака да го спаси од рацете нивни, па рече: „Да не го убиваме!“ 22И уште им рече Рувим: „Крв да не пролевате; фрлете го во една од јамите во пустината, но не кревајте рака на него.“ А тој сакаше да го спаси од рацете нивни и да го врати кај татко му. 23И кога Јосиф дојде кај своите браќа, тие му ја соблекоа шарената облека, што ја имаше на себе. 24И го фатија, па го фрлија во една јама; а јамата беше празна; немаше вода во неа. 25#43,11Потоа седнаа да јадат леб. И кревајќи ги очите, видоа Јишмаелци како доаѓаат од Галаад со камилите свои, натоварени со миризливи смоли, балсам и темјан; го пренесуваа тоа во Египет. 26#4,10; Ис 26,21; Ез 24,6-7; Јов 16,18Јуда им рече на своите браќа: „Каква полза ќе имаме, ако го убиеме братот наш и ја сокриеме крвта негова? 27Ајде да им го продадеме на овие Јишмаелци, па да не клаваме рака на него, зашто брат ни е, наша крв е.“ И го послушаа браќата негови. 28#31,15; Зах 11,12; Мт 26,15Па кога мидјанските трговци минуваа покрај нив, тие го извадија Јосиф од јамата и им го продадоа на Јишмаелците за дваесет парчиња сребро; а овие го одведоа Јосиф во Египет. 29А кога се врати Рувим кај јамата, Јосиф го немаше во неа. Тогаш тој ја раскина#37,29 Знак на жалост или каење. Слично и во стих 34. облеката своја. 30И отиде кај браќата свои и рече: „Го нема момчето: а сега, каде да се денам јас?“ 31Тогаш ја зедоа Јосифовата облека, и заклаа јаре, па ја натопија облеката со крв. 32И ја испратија шарената облека да се однесе на нивниот татко и да се рече: „Го најдовме ова, па види дали е тоа облеката на синот твој, или не?“ 33А тој ја позна и рече: „Облеката е на мојот син, крвожеден ѕвер го изел; Јосиф е, навистина, растргнат!“ 34И ја раскина Јаков облеката своја, па се препаша со вреќиште околу себе; и го оплакуваше синот свој многу денови. 35#Ер 31,15И се собраа сите негови синови и ќерки да го тешат; но тој не можеше да се утеши, туку велеше: „Со тага ќе појдам по синот мој во светот на мртвите.“ Така го оплакуваше. 36А Мидјаните го продадоа Јосиф во Египет на Потифар, дворјанин на фараонот, заповедник на стражата.
Селектирано:
Создавање 37: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006