Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Авакум Вовед

Вовед
Книгата на пророкот Авакум говори за настани од крајот на седмиот век пр. Христос, кога Вавилон бил доминантна империја. Авакум бил потресен од безочната суровост на Вавилонците и Го прашува Господа, зошто не реагира на ваквите неправди? Господ му одговара дека Тој тоа ќе го стори кога ќе биде вистинско време, а дотогаш, праведните ќе живеат преку вера (2,4).
Првите две глави го опишуваат разговорот меѓу Авакум и Господ. Авакум се жали на неправдите и насилствата по цела Јудеја, а Господ му одговара дека тоа им е казна на Јудејците. Авакум понатаму вели дека тоа не е праведно, бидејќи Вавилонците се погрешни од Јудејците. Господ му одговара дека и Вавилонците ќе бидат казнети за своите грешни постапки, кога ќе дојде времето за суд над нив.
Третата и последна глава ја содржи молитвата на Авакум, во која тој ја слави Божјата сила и слава.
Во тешки времиња корисно е да се чита книгата на пророкот Авакум, за да се увериме дека Бог води сметка за сѐ.

Селектирано:

Авакум Вовед: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се