Взаемната љубов нека пребива меѓу вас! Гостољубивоста не запоставувајте ја, бидејќи преку неа некои, и не знаејќи, им укажаа гостопримство на ангели. Помнете ги затворениците, како да сте со нив затворени, и оние што страдаат, зашто и самите сте во тело. Бракот да се почитува од сите, и брачното легло да се пази неосквернето; а блудниците и прељубниците ќе ги суди Бог. Немојте да бидете среброљупци и задоволувајте се со она што го имате. Зашто Тој рекол: „Нема да те оставам, ниту, пак, ќе те напуштам“; така што слободно да велиме: „Господ ми е помошник, и нема да се плашам; што може да ми направи човек?“ Помнете ги и вашите учители, што ви го проповедаа словото Божјо и, имајќи го пред очи исходот на нивниот живот, подражавајте ја верата нивна. Исус Христос е ист вчера, и денес, и во вечни векови.
Прочитај Евреите 13
Слушај Евреите 13
Сподели
Спореди ги сите верзии: Евреите 13:1-8
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа