Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Евреите 13

13
Богоугодно живеење
1 # Рим 12,10 Взаемната љубов нека пребива меѓу вас! 2#1 Мојс 18,2-3; 19,1-3; Суд 6,11; 13,3; Рим 12,13Гостољубивоста не запоставувајте ја, бидејќи преку неа некои, и не знаејќи, им укажаа гостопримство на ангели. 3#10,34; 11,36; Мт 25,36; 1 Кор 12,26Помнете ги затворениците, како да сте со нив затворени, и оние што стра­даат, зашто и самите сте во тело. 4#1 Кор 6,9.13; Ефес 5,5; Откр 22,15Бракот да се почитува од сите, и брачното легло да се пази неосквернето; а блудниците и прељубниците ќе ги суди Бог. 5#1 Мојс 28,15; 5 Мојс 31,6; 31,8; Ис.Н. 1,5; Фил 4,11; 1 Тим 3,3; 6,6-10Немојте да бидете среброљупци и задоволувајте се со она што го имате. Зашто Тој рекол: „Нема да те оставам, ниту, пак, ќе те напуштам“; 6#Пс 118,6така што слободно да велиме: „Гос­под ми е помошник, и нема да се пла­шам; што може да ми направи човек?“ 7#13,17.24; 1 Кор 11,1Помнете ги и вашите учители, што ви го проповедаа словото Божјо и, имајќи го пред очи исходот на нивниот живот, подражавајте ја верата нивна. 8#1,12; 7,24Исус Христос е ист вчера, и денес, и во вечни векови. 9#7,18; 9,10; Рим 14,17; 1 Кор 8,8; Ефес 4,14Не бидете завлечени од разни туѓи учења; зашто е добро со благодат да се поткрепува срцето, а не со уредби за јадења, од кои немаа никаква полза оние што ги применуваа. 10#7,13; 8,4-5; 1 Кор 9,13; 10,18Ние имаме жртвеник од кого немаат право да јадат оние што ѝ служат на скинијата, 11#3 Мојс 16,15.27бидејќи телата на животните, чија крв првосвештеникот ја внесува во светилиштето за очистување на гре­во­вите, се изгоруваат надвор од жи­ве­алиштето. 12#10,10; Јн 19,17.20; Ефес 5,26Затоа и Христос, за да ги освети луѓето со крвта Своја, пострада надвор од градските порти. 13#11,26; Лк 9,23И така, да Му пристапуваме надвор од живеалиштето, носејќи ја Неговата поруга, 14#11,10; 1 Кор 7,29-31; Фил 3,20бидејќи овде немаме постојан град, туку го очекуваме оној што ќе дојде. 15#Ис 57,19; Ос 14,3; Пс 34,1; 50,14.23; Дела 2,21; Рим 10,9; 1 Птр 2,5Преку Него, пак, секогаш да Му принесуваме на Бога пофална жртва, односно плод од усните што го прос­ла­вуваат името Негово. 16#Дела 4,32; Фил 4,18А добродетелството и милосрдноста не ги заборавајте, зашто такви жртви Му се благоугодни на Бога. 17#Ез 3,18; Дела 20,28; 1 Кор 16,16; 1 Сол 5,12Покорувајте им се на учителите ва­ши и бидете им послушни, зашто тие, бидејќи се задолжени да одговараат, бдеат за вашите души, – та со радост тоа да го вршат, а не со воздишки, зашто тоа не е полезно за вас. 18#Дела 23,1; Рим 15,30; 2 Кор 1,12; 1 Тим 3,9Молете се за нас, зашто сме уве­ре­ни дека имаме добра совест, грижејќи се во сѐ добро да постапуваме. 19#Фил 1,22Уште повеќе ве молам да го вршите ова, та поскоро да се вратам меѓу вас.
Завршна молитва
20 # 7,22; Ис 55,3; 63,11; Ер 32,40; 50,5; Ез 34,23; 37,26; Јн 10,11; 1 Птр 2,25; 5,4 А Бог на мирот, Кој преку крвта на вечниот завет Го воздигна од мртвите големиот Пастир на овците – нашиот Господ Исус Христос, 21#10,9.36; 12,28; Рим 16,24; 2 Кор 5,9; Фил 2,13; 1 Јн 3,22нека ве усоврши во секое добро дело за да ја исполните Неговата волја, вршејќи го во вас она што Му е Нему благоугодно, преку Исус Христос, Не­му слава во вечни векови, Амин! 22#10,25; 1 Птр 5,12Ве молам, браќа, трпеливо примете го ова поучно слово: зашто накратко и ви напишав и испратив. 23#Дела 16,1Знајте дека братот Тимотеј е ослободен, со кого, ако дојде навреме, ќе ве видам. 24Поздравете ги сите ваши учители и сите светии! Ве поздравуваат браќата што се од Италија. 25#Кол 4,18; Тит 3,15 Благодат со сите вас. Амин!

Селектирано:

Евреите 13: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се