Евреите 3
3
Христос е поголем од Мојсеј
1 #
2,11; 4,14; 10,23; Ис 17,7; 2 Кор 9,13; Фил 3,14 Затоа, браќа свети, учесници во небесното призвание, размислете за Пратеникот и Првосвештеникот на нашата вера, Исус Христос. 2Кој Му беше верен на Оној Кој Го поставил, како и Мојсеј – во целиот негов дом. 3#8,6; 2 Кор 3,7Зашто Тој се удостои со слава, толку поголема од Мојсеевата, колку што е поголема почитта што ја има оној што го изградил домот од почитта што ја има домот! 4Зашто секој дом се гради од некого; а Оној, Кој изградил сѐ, е Бог. 5#2 Мојс 14,31; 4 Мојс 12,7; Откр 15,3И Мојсеј Му беше верен како слуга на целиот Негов дом, за да го посведочи она што требаше да се соопшти. 6#4,16; 1 Лет 17,12-14; Рим 5,2; 1 Кор 3,16; 6,19; Ефес 2,19-22; Кол 1,23; 1 Тим 3,15; 1 Птр 2,5Христос, како Син, е верен во Божјиот дом. Негов дом, пак, сме ние, само ако слободата и надежта, со кои се фалиме, ги запазиме до крај.
Спокој за Божјите луѓе
7 #
Пс 95,7-11
#
9,8; 10,15; Мт 22,43; Дела 28,25 Поради тоа, како што вели Светиот Дух: „Денес, ако го чуете гласот Негов, 8#2 Мојс 17,7не жесточете ги срцата свои, како во огорченоста на денот на искушувањето во пустината, 9каде што татковците ваши Ме искушаа, Ме испитуваа, иако ги гледаа делата Мои преку четириесет години. 10#Дела 7,36Затоа се разгневив на тој род и реков, секогаш се заблудуваа во срцата свои и не ги познаа патиштата Мои. 11#4 Мојс 14,21-23; 5 Мојс 1,34-35Па така се заколнав во Својот гнев дека нема да влезат во Мојот спокој.“ 12#3,8; 10,22; 12,15; Ер 18,12Браќа, гледајте, да не би во некого од вас, да има зло и неверно срце, та да отстапи од живиот Бог. 13#3,7; 10,24; Рим 7,11; 2 Кор 6,1-2; 1 Сол 5,11; 2 Сол 2,10Туку храбрете се секој ден еден по друг додека сѐ уште се вели: „Денес“, та никој од вас да не отрпне преку измамата на гревот; 14#11,1зашто ние станавме соработници на Христос. Само ако ја задржиме цврсто до крај првобитната цврста подлога; 15#Пс 95,7-8додека се вели: „Денес, кога ќе го чуете Неговиот глас, да не отрпнат срцата ваши онака како кога се побунивте.“ 16#4 Мојс 14,2А кои беа тие што чуја и пак се побунија? Зар не беа тоа сите оние кои со Мојсеј излегоа од Египет? 17#4 Мојс 14,29Против кого негодуваше Тој четириесет години? Нели против оние што погрешија и чии коски останаа во пустината? 18#5 Мојс 1,26; 1 Кор 10,5А на кои им се заколнал дека нема да влезат во Неговиот спокој ако не на оние, што беа непослушни? 19#3,12; 4,6; Пс 78,22; 106,24; Јн 3,36И така, гледаме дека тие не можеа да влезат поради неверието.
Селектирано:
Евреите 3: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006