Исаија 1
1
1 #
Ос 1,1; Мих 1,1 Видение на Исаија, синот на Амоц, кое го виде за Јудеја и Ерусалим, во деновите на јудејските цареви Озија, Јотам, Ахаз и Езекија.
Одметнат народ
2 #
5 Мојс 4,26; 31,28; 32,1.5-6.10; Ер 6,19; Мих 1,2 Чујте небеса и слушај земјо, зашто Господ вели: „Јас воспитав и подигнав синови, а тие се побунија против Мене. 3#Ер 4,22; 8,7; Пс 81,11Волот го познава стопанот свој, и магарето – јаслите на господарот свој, а Израел не Ме познава, Мојот народ не разбира.“ 4#30,9; 1 Мојс 6,12; 5 Мојс 28,20; 31,16; Ер 1,16; 2,13; 16,11Ах, народе грешен, народ претрупан со беззаконија, племе на злодејци и синови погубни! Го оставивте Господа, Го презревте Светецот Израелов, – грб Му свртевте. 5#3 Мојс 26,14-33; Ер 5,3; 8,18; Амос; 4,6-12; Плач 5,17Каде уште да ве бијат вас, кои сѐ уште се противставувате? Целата глава ви е во рани, и целото срце ви е изнемоштено. 6#Ер 8,22; 30,12-15; Пс 38,3.7; Лк 10,34Од главата до петите нема во тој народ здраво место, модрици, гнојни рани, нечистени, непреврзани и неомекнати со масло.
Опустошена земја
7 #
6,11; 1 Мојс 19,1; 5 Мојс 28,33; Ер 2,15; Пс 79,7 Земјата ви е опустошена, градовите ви се изгорени со оган; нивите ваши пред ваши очи туѓинци ги јадат; и пустош е, како што запустуваат туѓинци. 8Остана ќерката Сионова како колиба во лозје, како колиба во градина, како опсаден град. 9#4,3; 1 Мојс 18,16-33; 19,1-29; Амос 4,11; Рим 9,29Да не беше ни оставил Господ Саваот мал остаток, ќе бевме како Содом, ќе заприлегавме на Гомора.
Не жртви, туку правда
10 #
1 Мојс 18,20; 5 Мојс 32,32; Ер 13,15 Чујте го словото Господово, кнезови содомски, вслушајте се во законот на нашиот Бог, народе гоморски! 11#Ер 6,20; Амос 5,22; Мих 6,7; Пс 50,8„Зошто ми се многуте ваши жртви? – вели Господ. Презаситен сум од сепаленици на овни и од маснотија на згоен добиток; крв од телињата, од јагниња и јариња не сакам. 12Кога доаѓате да се јавите пред лицето Мое, кој го бара тоа од вашата рака, кога ќе згазнете на Моите дворови? 13#Ос 2,13; Амос 5,21; Плач 2,6Не принесувајте веќе празни жртви; кадењето е одвратно за Мене; новомесечија, саботи и празнични собранија со беззаконија – не можам да трпам! 14#Ер 15,6; 20,9Душата Моја ги мрази вашите новомесечија и вашите празници: тие се товар за Мене, тешко Ми е да ги носам. 15#59,2-3; Ер 2,34; 14,12; Мих 3,4; Изреки 1,28И кога протегате раце, Јас ги кријам од вас очите Свои, а кога ги умножувате молбите свои, Јас не слушам: рацете ваши се полни со крв. 16#Ер 4,4; Амос; 5,14-15Измијте се, исчистете се; иставете ги од очите Мои лошите дела свои; престанете да правите зло; 17#2 Мојс 22,21; Ер 22,3; Пс 82,3-4; Јов; 31,16-17научете се да правите добро, барајте правда, спасувајте угнетен, заштитувајте сирак, застапувајте се за вдовица.“
Повик од Господ
18 #
43,26; Мих 6,2; Пс 32,1; 51,9 Тогаш дојдете и ќе се пресуди, вели Господ. Гревовите ваши да се и алово црвени – како снег ќе ги побелам; да бидат црвени и како пурпур – како волна ќе станат бели. 19#3 Мојс 26,3-12; 5 Мојс 28,1-14; Ер 2,7; Езд 9,12Ако Го барате и послушате, ќе ги јадете добрата земни; 20#40,5; 58,14; 3 Мојс 26,25; 5 Мојс 32,42; Ер 2,30; 14,12; Мих 4,4ако, пак, не сакате и се противставувате, меч ќе ве истреби! Тоа го рече устата Господова.
Осуда на Ерусалим
21 #
Ер 2,20; Ез 16; 23; Пс 89,14; 97,2 Како справедливиот верен град Сион стана блудница? Во него царуваше правда, а сега престојуваат убијци. 22#Ер 6,29; Ез 22,18Среброто ти стана како згура, виното ти е со вода помешано; 23#Ер 5,5; 6,28; Ез 22,27; Ос 9,15; Мих 3,11; 7,3твоите кнезови се престапници на законот и соучесници на крадци; сите тие сакаат подароци и лакомат за награда; не заштитуваат сирак, и поплака на вдовица не стигнува до нив. 24#47,4; 5 Мојс 32,41Затоа вели Господ, Господ Саваот, Јунакот Израелов: „О, ќе ја истурам јароста на противниците Свои и ќе им се одмаздам на непријателите Свои! 25#Ер 2,22; Ез 22,18; Зах 13,9И ќе ја свртам против тебе раката Своја и како со пепелница ќе ја исчистам од тебе згурата и ќе го одделам од тебе сето олово. 26#1,21; 56,5; 60,14; Зах 8,3И пак ќе поставам судии, како порано, и советници како отпрвин; тогаш ќе говорат за тебе: град на правда, верна престолнина!
Господ ќе го избави Ерусалим
27 #
33,5; 46,13; 58,2 Сион ќе се спаси преку праведен суд, и обратените негови – преку правда. 28#Пс 73,27За сите отстапници и грешници – погибел, а оние, што Го оставиле Господа, ќе бидат истребени. 29#Ос 4,13Вие ќе бидете посрамени заради дабовите што ги обожавате, ќе црвенеете од срам заради градините што сте си ги избрале; 30#64,5; Пс 1,3зашто вие ќе бидете како даб, чиј лист свенал и како градина, во која нема вода. 31#Ер 4,4; Амос 5,6И силниот ќе биде отпадок, а делото негово – искра; ќе горат заедно, – и никој нема да ги угасне.“
Селектирано:
Исаија 1: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006