Исаија 41
41
Господ владее со историјата
1 #
Авак 2,20
Молкнете пред Мене, острови, и народите нека ги обноват силите свои; нека се приближат и нека речат: да излеземе заедно на суд. 2#40,23; 45,1-2.13; 46,11Кој Го издига од исток Праведникот, кој Го повикува да оди пред Него? Кој Му ги предаде народите и Му ги покори царевите? Тој ги претвори во прав со Неговиот меч, со Неговиот лак – во плева, развеана од ветар. 3Тој ги гонеше, Тој газеше сигурно по патот, одвај допирајќи го со нозете Свои. 4#44,6; Пс 102,27; Откр 1,17; 22,13Кој го направи и изврши тоа? Оној, Кој во почетокот ги повика родовите; Јас, Господ, Јас сум првиот, и со последните – Јас сум истиот. 5Островите видоа и се ужасија, краиштата земни затреперија. Тие се зближија и се собраа; 6#40,19-20; 44,10-12; 46,6секој му помага на другарот свој и му вели на братот свој: „Држи се!“
Беспомошни идоли
7 #
Ер 10,4
Леарот го бодри златарот, тој што сплескува со чекан го храбри оној што кове со ковална, велејќи за спојката: „Добра е“; и ја зацврстува со клинци, за да биде цврста.
Божјиот избран слуга
8 #
44,1; Пс 105,6; Лк 1,54; Евр 2,16; Јк 2,23 „А ти, ти Израеле, слуго Мој, Јакове, кого Јас те избрав, семе на Мојот пријател Авраам, 9#42,6ти, кого го зедов од краиштата на земјата и го повикав од краиштата нејзини, и ти реков: Ти си Мој слуга, Јас те избрав и нема да те отфрлам. 10#8,10; 43,5Не плаши се, зашто Јас сум со тебе; не вознемирувај се, зашто Јас сум Бог твој; Јас ќе те закрепам и ќе ти помогнам, ќе те поддржам со Мојата победоносна десница.“ 11#45,24; 54,17; Пс 6,10Ете, посрамени и понижени ќе останат сите, што се наежени против тебе, – ќе бидат како ништо и ќе загинат оние што се препираат со тебе. 12#40,17; Пс 37,10Ќе ги бараш – и нема да ги најдеш, нив, кои непријателствуваат против тебе; оние кои се борат против тебе ќе бидат како ништо, наполно ништо; 13#45,1зашто Јас сум Господ, Бог твој; те држам за твојата десна рака, ти велам: „Не плаши се, Јас ти помагам.“ 14#43,3; 44,6; Пс 78,35; Лк 1,68„Не плаши се, црву Јакове, малуброен Израеле, – Јас ти помагам, вели Господ, Јас твојот Искупител, Светецот Израелов.“ 15#28,27-28; Амос 1,3Ете, Јас ќе те направам остар дикел, нов, назабен; ти ќе ги кршиш и ќе ги ситниш планините, и ридовите ќе ги направиш како прав. 16#29,19; Ер 15,7; Мт 3,12Ти ќе ги вееш, ветрот ќе ги разнесе, и виорот ќе ги развее; а ти ќе се зарадуваш во Господ, ќе се фалиш со Светецот Израелов.
Помошник на сиромасите
17Сиромаси и неимотни бараат вода, и нема, јазикот им се исушува од жед: Јас, Господ ќе ги чујам, Јас, Бог Израелов, нема да ги оставам. 18#35,6-7; 43,20; 48,21; Пс 107,35; 114,8Ќе отворам реки на врвот од горите и извори среде долини; пустината ќе ја направам езеро и сувата земја – водни извори; 19#55,13; 60,13ќе насадам во пустина кедар, ситим, мирта и маслинки, ќе насадам во степите кипарис, јавор и бука заедно, 20#66,2; Јов 12,9сите да видат и познаат, и да разгледаат и разберат дека раката Господова го направи тоа, дека Светецот Израелов го создаде тоа.
Идолите се бескорисни
21 #
43,8-13.15; 44,6-11 Претставете го спорот свој, вели Господ; дајте ги доказите свои, вели Царот Јаковов. 22#46,10Нека дојдат и нека ни кажат што ќе биде; нека објават нешто, пред да стане, и ние ќе проникнеме со умот свој и ќе дознаеме, што ќе биде потоа, или нека ни претскажат за иднината. 23#45,7; Ер 10,5Кажете што ќе биде во иднина, и ние ќе познаеме дека сте богови, или направете нешто добро или лошо, за да се зачудиме и стаписаме. 24#41,29; 44,9Но вие сте ништо, и делото ваше е ништожно; одвратен е оној што ќе ве избере. 25#41,2; 45,13; Наум 3,14Јас го подигнав од север, и тој ќе дојде; од изгрев сонце ќе го повикува името Мое#41,25 или ќе го повикам по име. и ќе ги гази кнезовите како кал, и ќе ги гази, како грнчар глината. 26#45,21; 46,10Кој објави за тоа од почетокот, за да знаеме, и многу порано, за да можеме да кажеме: „Вистина ли е!?“ Но никој не кажал, никој не објавил, никој не ги чул вашите зборови. 27#40,9Јас прв реков на Сион: „Ете го, и му дадов на Ерусалим благовесник.“ 28#40,13; 44,19И така, Јас гледав, и немаше никого, меѓу нив не се најде советник, за да можам да ги прашам, и тие да одговорат. 29#41,24Ете, сите тие се ништо, ништожни се и делата нивни: ветар и ништожност се нивните идоли.
Селектирано:
Исаија 41: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006