Исаија 43
43
Бог го избавува Својот народ
1 #
41,8.13-15; 44,2; Ер 30,10 А сега вака вели Господ, Кој те создаде, Јакове, и Кој те образувал, Израеле: не плаши се, зашто Јас те откупив, по име те повикав; ти си Мој. 2#48,10; Пс 66,12; 91; 1 Кор 3,15Преку води ли ќе минуваш – Јас сум со тебе; преку реки ли – тие нема да те потопат; ако тргнеш преку оган, нема да се изгориш, и пламенот нема да те обгори. 3#41,14; 45,14; 47,4; 1 Цар 10,1Зашто Јас сум Господ, Бог твој, Светецот Израелов, твојот Спасител; откуп за тебе го дадов Египет; Етиопија и Сева ги дадов за тебе. 4#Ер 31,3Бидејќи си скап во очите Мои, многу си ценет; Јас те возљубив, затоа ќе дадам други луѓе за тебе, и народи за твојата душа. 5#8,10; 49,12; Ер 30,10; Зах 8,7; Пс 107,3Не плаши се, зашто Јас сум со тебе; од исток ќе го доведам твоето племе и од запад ќе го соберам. 6#60,4.9На север ќе му кажам: дај; и на југ: не задржувај; доведи ги синовите Мои оддалеку и ќерките Мои – од краиштата земни, 7#Јн 17,1-26секого, кој се нарекува со Моето име, кого сум го создал за Мое прославување, што сум ги создал и направил.
Само Господ е Бог
8 #
42,18; Ер 5,21 Изведи го слепиот народ, иако има очи, и глувиот, иако има уши. 9#41,22; 45,20Нека се соберат сите народи заедно, нека се соединат племињата. Кој од нив го претскажал тоа? Нека соопштат што било во почетокот; нека доведат сведоци за да се оправдаат, за да може да се чуе и да се каже: „Вистина е!“ 10#41,4.8; 44,8; Јн 8,24.28; 15,16; Дела 1,8А Мои сведоци, вели Господ, сте вие и Мојот слуга, што го избрав, за да знаете и да Ми верувате, да разберете дека сум тоа Јас: пред Мене немаше Бог, и по Мене нема да има. 11#45,21; 51,12; 5 Мојс 32,39; Ос 12,10; 13,4; Дела 4,12Јас, Јас сум Господ, и нема Спасител освен Мене. 12#44,8; Дела 1,8Јас предреков и спасив, однапред претскажав кога туѓ бог немаше меѓу вас, вие сте Мои сведоци дека Јас сум Бог – вели Господ; 13#41,4; Јов 23,13од почетокот на дните Јас сум ист, никој не избавува од раката Моја; Јас ќе направам, и кој ќе го измени тоа?
Господ го подготвува патот
14 #
41,14
Така вели Господ, вашиот Искупител, Светецот Израелов; заради вас испратив во Вавилон и ги исфрлив сите резиња на затворите и Халдејците, кои се гордееја со кораби. 15#41,21; 44,6; 3 Мојс 19,2Јас сум Господ, вашиот Светец, Создателот на Израел, вашиот Цар. 16#40,3; 2 Мојс 14,21-29; Авак 3,15; Пс 77,19Така вели Господ, кој отвори во морето пат, по разбранувани води – патека. 17#40,26; 42,3; Пс 76,6Кој изведе бојни коли и коњи, војска и сила; сите паднаа заедно за да не станат; угаснаа, како фитил согореа.
Заборавете го минатото
18 #
65,17; Ер 23,7-8 Но вие не се сеќавате за поранешното и за некогашното не помислувате. 19#11,16; 42,16; 49,11; Пс 105,41; 2 Кор 5,17; Откр 21,5Ете, Јас правам нешто ново; еве сега ќе се јави; зар и тоа не сакате да го знаете? Ќе направам пат низ степи, реки – преку пустина. 20#35,6-7; 49,10; 2 Мојс 17,1-7; 4 Мојс 20,11; Пс 107,35Полските ѕверови ќе Ме прослават, чакали и ноеви, зашто ќе им дадам вода во пустината, реки – во суви степи, за да го појам Мојот избран народ. 21#1 Птр 2,9Народ што го создадов за Себе, за да ја разгласува славата Моја. 22А ти, Јакове, не Ме повикуваше: ти, Израеле, не се трудеше за Мене. 23#Амос 5,25Не си Ми ги принесувал своите јагниња за сепаленица, ниту си Ме почитувал со жртвите свои. Не сум те принудувал да Ми служиш со приноси и не сум ти дотежнувал, барајќи од тебе да Ми кадиш. 24#Ер 6,20Не си Ми купувал со сребро кадило, ниту си Ме наситувал со мрсно месо од жртвите свои; но со твоите гревови си Ме оптоварувал; со твоите беззаконија си Ми дотежнувал. 25#44,22; 48,9-11; Пс 51,2; Мк 2,7; Лк 5,21А Јас, Јас Сам ги бришам твоите престапи заради Самиот Себе и гревовите твои нема да ги спомнам. 26#Ер 2,9Потсети Ме, заедно ќе се судиме; говори, за да се оправдаш. 27#48,8; 1 Мојс 27,36; Ер 9,3; Ос 12,4Твојот прататко згреши, а твоите застапници отстапија од Мене. 28#47,6; Ер 25,9Затоа настојниците на светилиштето ги лишив од свештенство, Јаков го предадов на проклетство и Израел на подбив.
Селектирано:
Исаија 43: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: