Исаија 44
44
Милоста на Господ и спасението на Израел
1 #
41,8; 49,1-5; Ер 1,5 А сега слушај, Јакове, слуго Мој, и ти, Израеле, кого Јас го избрав. 2#43,1; 44,24; 49,1; 5 Мојс 32,15; 33,5.26; Пс 22,9-10; 71,6Вака вели Господ, Кој те создаде и те обликува, Кој ти помага од мајчината утроба: не плаши се, слуго Мој Јакове, и љубимецу Мој, кого Јас го избрав; 3#42,1; Ез 39,29; Јоил 3,1; Зах 12,10; Јн 7,38-39зашто ќе излеам вода врз жедната земја, и потоци врз исушеното; ќе го излеам духот Свој врз твоето поколение и благословот Свој – врз твоите потомци. 4#Ер 17,8Ќе растат како трева крај извори, како врби крај водни потоци. 5#45,4Еден ќе рече: „Јас сум Господов“, друг ќе се нарече со името на Јаков; а трет ќе напише на раката своја: „Јас сум Господов“, ќе се нарече со името Израелово. 6#41,4.14.21; 43,10.15; 47,4; 48,12; Откр 1,8.17; 21,6; 22,13Вака вели Господ, Царот на Израел и неговиот Избавител, Господ Саваот: Јас сум првиот, Јас сум и последниот; освен Мене нема Бог; 7#41,22-23; Дан 10,13зашто кој е како Мене? Нека раскаже тој, да разгласи и по ред да Ми претстави сѐ од она време, кога го устроив древниот народ, нека го разгласат она што настапува и она што ќе биде. 8#17,10; 43,9-12; 45,21; 5 Мојс 32,4Не бојте се и не плашете се: нели одамна ти соопштив и претскажав? И вие сте Мои сведоци. Има ли Бог освен Мене? Не, друга Карпа нема, Јас те познавам.
Немоќни идоли
9 #
40,18-20; Ер 2,26-28; 10,3-5 Оние, што прават идоли, сите се ништожни, нивните скапоцености не донесуваат никаква корист; тие сами се сведоци за тоа. Тие не гледаат, ниту разбираат, и затоа ќе им бидат за срам. 10#42,17; 5 Мојс 4,28Кој прави бог и излева идол, што не донесува никаква корист? 11Сите учесници во тоа ќе бидат посрамени, зашто и самите мајстори сепак се луѓе; сите тие нека се соберат и нека застанат; тие ќе се уплашат и сите ќе бидат посрамени. 12#40,22-26; 41,7Ковачот го прави од железо, со чекан го мазни и се труди над него со силната рака своја до толку, што прегладнува и премалува, не пие вода и изнемоштува. 13#40,20Дрводелецот, откако ќе одбере дрво, влече по него линија, со остар алат го оцртува, потоа изработува лик на убав човек, за да го постави дома. 14#41,10-20Сече кедри, зема бор и даб, кои ги одбира меѓу шумските дрвја, сади јасен, кој дождот го прави да расте. 15#46,6И тоа му служи на човекот за оган, а дел од него употребува да се топли, да запали оган и да пече леб. А од него прави и бог и му се поклонува, прави идол и паѓа ничкум пред него. 16Дел од дрвото изгорува во оган, со друг дел вари месо за јадење, си пече печено и јаде до наситување, а исто така се грее и вели: „Добро е, се згреав; почувствував топлина.“ 17#42,17; 45,20; 46,6; Дан 3,7А од остатоците прави бог, свој идол, му се поклонува, паѓа ничкум пред него и му се моли и вели: „Спаси ме, зашто ти си мој бог.“ 18#6,9Не знаат, ниту разбираат: заслепени им се очите, за да не гледаат, и срцата нивни – за да не разбираат. 19#41,28; Рим 1,21-23И не го зема тоа при срце, ниту има до толку знаење и разум да каже: „Половината негова ја изгорев на оган и на јагленот негов испеков леб, сварив месо и јадев; а од остатокот зар ќе направам одвратност, зар ќе се поклонувам на парче дрво?“ 20#Пс 144,8Тој те храни со пепел; измаменото срце го довело во заблуда, и не може да ја ослободи душата своја и да рече: „Нели е измама тоа што е во десната рака моја?“
Господ не те заборава
21 #
41,8; 46,8; 49,14-16 Помни го тоа, Јакове и Израеле, зашто ти си Мој слуга; Јас те создадов; Мој слуга си ти, Израеле, нема да те заборавам! 22#43,25; Ер 31,18; Плач 5,21Ќе ги растерам како магла твоите беззаконија, и твоите гревови – како облак; сврти се кон Мене, зашто Јас те откупив. 23#42,10; 48,20; 49,13; 55,12; Пс 96,11-12; 98,8Веселете се, небеса, зашто Господ го направи тоа. Ликувајте, длабочини земни; шумете од радост, гори и шуми и сите дрвја во нив; зашто Господ го откупи Јакова и ќе се прослави во Израел.
Господ е Створителот
24 #
4,2; 41,14; 44,2; 46,3; 51,13; Зах 12,1; Јов 9,8 Вака вели Господ, твојот Откупител, Кој те обликува во мајчината утроба: „Јас сум Господ, Кој сѐ создадов, Сам ги спрострев небесата и Сам ја послав земјата. 25#29,14; Јов 12,17; 1 Кор 1,20Јас ги правам ништожни доказите на лажните пророци и на видело го изнесувам безумието на маѓесниците; пред Мене отстапуваат мудреците, знаењето нивно го обрнувам во лудост. 26#61,4; Пс 69,35Го потврдувам зборот на Својот слуга и го извршувам изреченото од Моите пратеници, му велам на Ерусалим: ‚Ти ќе бидеш населен‘ и на градовите Јудини: ‚Вие ќе бидете изградени.‘ Урнатините негови Јас ќе ги возобновам.“ 27#42,15; 50,2Јас ѝ велам на бездната: „Исуши се!“ И реките твои Јас ќе ги исушам. 28#40,11; 2 Лет 36,22-23; Езд 1,1-5; 6,3-5Кој вели за Кир: „Тој е Мој пастир, и тој ќе ја исполни секоја волја Моја“, и ќе му рече на Ерусалим: „Ти ќе бидеш одново изграден!“ и на храмот: „Ти ќе бидеш обновен!“
Селектирано:
Исаија 44: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: