Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 45

45
Кир е орудие на Сесилниот за спасение на Израел
1 # 41,2; 42,6; 60,11; Пс 2; 110 Вака му вели Господ на Својот помазаник Кир: „Те држам за десната рака, за да ти покорам народи, и ќе ги симнам појасите од бедрата на царевите, за да ти се отворат вратите, и портите да не бидат затворени. 2#40,4; Ер 51,30; Пс 107,16Пред тебе ќе одам, планини ќе рамнам, бакарни врати ќе разбивам и железни резиња ќе кршам; 3#41,25; 43,1; 49,23; 2 Мојс 7,17; 8,6тебе ќе ти ги предадам чуваните во темно богатства и сокриените добра, за да познаеш дека Јас сум Господ, Кој тебе те нарекува по име, Бог Израелов. 4#41,8; 44,5Заради Јаков, Мојот слуга и Израел, Мојот избраник, Јас те нареков по име, те именував, иако ти не Ме познаваше. 5#40,25; 44,6; 2 Сам 7,22; Јоил 2,27Јас сум Господ и нема друг; нема Бог освен Мене; Јас те наоружив, иако не Ме познаваше, 6#47,8; 59,19; 5 Мојс 4,35; Мал 1,11за да дознаат од исток до запад дека нема друг освен Мене: Јас сум Господ, и нема друг. 7#41,23; Амос 3,6; 4,13; Јов 2,10; Плач 3,38Јас ја создавам светлината и ја правам темнината, создавам среќа и до­ведувам несреќа. Јас, Господ го вршам сето тоа. 8#61,11; 5 Мојс 32,2; Ос 2,23; Пс 72,7; 85,12Росете, небеса, одозгора, и облаците нека изливаат правда; нека се распука земјата и нека никне спасение, заедно да изникне и правдата. Јас, Господ, го правам тоа.
Божјата моќ е сила
9 # 29,16; Ер 18,6; Рим 9,20 Тешко му на оној, кој се расправа со Создателот свој, а претставува само црепче меѓу глинени садови! Ќе му каже ли глината на грнчарот: ‚што пра­виш‘ и твоето дело ќе каже ли за тебе: ‚тој нема раце?‘ 10#64,7Тешко му на оној, кој му вели на татко си: ‚зошто си ме создал на светов?‘, а на мајка си: ‚зошто си ме родила?‘“ 11#29,23Вака вели Господ, Светецот Изра­елов и неговиот Творец: „Зар вие ќе Ме испрашувате за синовите Мои#45,11 синовите или иднината и ќе сакате ли да Ми се мешате во делото на рацете Мои? 12#48,13; 5 Мојс 4,32; Ер 27,5; Зах 12,1; Пс 102,25; Јов 9,8Јас ја создадов земјата и го создадов на неа човекот; Јас – Моите раце ги простреа небесата; и на сета нивна војска Јас им заповедам. 13#41,2; 42,6; 48,15; 52,3; 1 Птр 1,18Јас го подигнав царот Кир во правда и ќе ги израмнам сите патишта него­ви. Тој ќе го изгради Мојот град и ќе ги отпушти заробените Мои не за откуп, ниту за дарови, вели Господ Саваот.
Само Господ спасува
14 # 1 Цар 10,1; Соф 3,10; Пс 68,31 Вака вели Господ: печалбите на Египќаните и трговијата на Етиопјани­те и Савејците, луѓе силни, кај тебе ќе преминат и твои ќе бидат, во вериги ќе дојдат, ќе паднат пред тебе ничкум и ќе те молат, велејќи: само ти имаш Бог, и нема друг, нема друг Бог освен Него.“ 15Вистина, Ти си Бог сокриен, Бог Израелов, Спасител. 16#41,11; 42,17; Ер 10,14; 51,17Сите тие ќе бидат посрамени и за­срамени; заедно со нив ќе отидат со срам и сите оние што прават идоли. 17#29,22; 54,4; Ер 3,23А Израел ќе биде спасен со вечно спасение од Господ; вие нема да бидете посрамени и осрамотени во векови.
Сите се поканети
18 # 44,24 Зашто вака вели Господ, Кој го создаде небото, Тој, Бог, Кој ѝ даде облик на земјата и Кој ја создаде; Тој ја за­цврсти, не ја создаде пуста, Тој ја создаде за живеење. Тој вели: Јас сум Господ, и нема друг. 19#45,15; 48,16; 5 Мојс 30,11-14; Јн 18,20; Дела 26,26Не говорев тајно Јас, не во темно место на земјата; не му реков на Јаково­вото племе: „Барајте Ме во пустошот.“ Јас сум Господ, Кој изрекува правда, Кој ја открива вистината. 20#43,9; 44,17; 46,7Соберете се и дојдете, приближете се сите, преживеани од народите. Не­разбрани се оние, што го носат својот дрвен идол и се молат на бог, кој не спасува. 21#41,22.26; 43,9-12; 46,9; 48,5; Ос 13,4; Пс 18,31Објавете и кажете, откако ќе се посоветувате меѓу себе: кој го кажа тоа од стари времиња? Кој однапред го ка­жал тоа? Нели Јас, Господ? Нема друг Бог освен Мене, – Бог праведен и Кој спасува, нема освен Мене. 22#30,15; 52,10; Пс 98,3Кон Мене обратете се, и ќе бидете спасени, сите краишта земни, зашто Јас сум Бог и нема друг! 23#62,8; 1 Мојс 22,16; 5 Мојс 32,40; Ер 22,5; Рим 14,11; Фил; 2,10-11Се колнам во Себе Самиот: од устата Моја излегува правда, збор неизменлив, дека пред Мене ќе се преклони се­кое колено, во Мене ќе се колне секој јазик. 24#41,11.16; 54,17Само во Господ, ќе велат за Мене, има правда и сила; при Него ќе дојдат и посрамени сите, што непријателствува­ле против Него. 25Преку Господ ќе биде оправдано и прославено целото племе Израелово.

Селектирано:

Исаија 45: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се