Исаија 51
51
Господ ќе утеши
1 #
48,1; 5 Мојс 32,18; Соф 2,3; Мт 5,6; 6,33 Послушајте Ме вие, што копнеете за правда, вие кои Го барате Господа! Погледајте ја карпата, од која сте исечени, и длабочината на јамата, од која сте извлечени. 2#1 Мојс 12,2-3; 15,5; Ез 33,24; Рим 4,11-12Погледајте го Авраам, вашиот татко, и Сара, која ве родила; зашто Јас го повикав него кога беше сам, го благословив и го умножив. 3#1 Мојс 2,8-17; Ер 33,11; Ез 36,35; Јоил 2,3; Пс 51,9; Откр 2,7; 22,2Така, Господ ќе го утеши Сион, ќе ги утеши сите негови урнатини и ќе ги направи пустините негови како рај и степите негови – како градина Господова; радост и веселба ќе има во него, славопои и пеење на песни.
Божјата победа е трајна
4 #
42,6.23; 49,6; Пс 78,1 Послушајте Ме, народе Мој и племе Мое, приклонете го увото кон Мене! Зашто од Мене ќе излезе закон и Мојата правда ќе ја поставам за светлина на народите. 5#42,4; 46,13; 60,9Мојата правда брзо ќе стигне; Моето спасение изгрева и Мојата рака ќе ги суди народите; островите ќе се надеваат на Мене и ќе се надеваат на силата Моја. 6#40,26; 56,1; Пс; 102,25-26; Мт 24,35; 2 Птр 3,7-12; Откр 20,11Кренете ги очите кон небото и погледајте на земјата долу: зашто небото ќе исчезне како дим, и земјата ќе изветви како облека, а жителите нејзини исто така ќе изумрат; а Моето спасение е вечно, правдата Моја нема да престане. 7#5 Мојс 30,14; Ер 31,33; Пс 37,31; 119,11Послушајте Ме, вие, кои ја познавате правдата, народе, Кој во срцето свое го имаш Мојот закон! Не плашете се од прекорување на луѓето, ниту стравувајте од нивните навреди. 8#50,9; Јов 13,28Зашто молец ќе ги изеде како облека и црв ќе ги изеде како волна; а Мојата правда ќе трае засекогаш, и Моето спасение – од род во род.
Молитва за помош
9 #
30,7; 52,1; 2 Мојс 6,6; Пс 89,10; Јов 3,8 Крени се, крени, облечи се во сила, рако Господова! Дигни се, како во древните дни, во дамнешните родови! Зар не го уништи ти Рахав, зар не го порази змејот? 10#40,3; 43,16; 63,13; Пс 74,13Не го исуши ли морето, водите и големата бездна, не ги претвори ли морските длабочини во пат, за да поминат искупените? 11#35,9-10; 60,15; 65,18Ќе се вратат избавените од Господ, и ќе дојдат на Сион со пеење, и вечна радост ќе има над главата нивна; тие ќе најдат радост и веселба; скрбта и воздишките ќе исчезнат.
Господ дава надеж
12 #
40,6-7; 48,15; 61,2-3; Пс 37,2; 102,12; 103,15 Јас, Јас Самиот сум ваш Утешител. Кој си ти, та се плашиш од човек, кој умира, и од човечки син, кој е како трева? 13#44,24; 52,5; 5 Мојс 32,5.15Го забораваш Господа, својот Творец, кој го прострел небото и ја основал земјата; и непрестајно, секој ден се плашиш од јароста на угнетувачот, како да е готов тој да истреби. Но каде е сега јароста на угнетувачот? 14#Пс 16,10Скоро ќе биде ослободен заробениот, и нема да умре во јамата, ниту ќе му недостига леб. 15#47,4; Ер 10,16; 31,35; Јов 26,12Јас сум Господ твој, Кој го бранува морето, та брановите негови бучат – Јахве Саваот е името Негово. 16#49,2; 59,21; Ер 1,9И Јас ги ставив Моите слова во устата твоја, и со сенката на раката Своја те покрив кога го простирав небото и ја утврдував земјата и му реков на Сион: „Ти си Мој народ.“
Ерусалим е предупреден
17 #
42,25; 52,1; Суд 5,12; Ер 25,15-29; Пс 57,8 Разбуди се, разбуди се, стани, Ерусалиме, ти, кој од раката на Господ ја испи чашата на јароста Негова, до дното си ја испил и исушил чашата што опива. 18#49,10.21-22; 60,4Меѓу сите синови, од него родени, нема кој да го води, и меѓу сите синови, од него одгледани, нема кој за рака да го придржи. 19#47,9; Ер 15,5; Ез 14,21; Наум 3,7; Плач 1,2.16-17Тебе те снајдоа две неволји, кој ќе те пожали? – Опустошување и истребување, глад и меч: кој ќе те утеши? 20#50,2; Плач 2,11.19.21Синовите твои изнемоштеа, лежат по аглите на сите улици, како срна во стапица, исполнети со гнев Господов, со заплашување од твојот Бог. 21#54,11И така, ислушај го ова ти, кој си страдалник и пијан, но не од вино. 22#2 Мојс 14,14Вака вели Господ твој, Господ и Бог твој, Кој го брани Својот народ: „Ете, ја земам од раката твоја чашата што опива, од чашата на Мојата јарост ти веќе нема да пиеш. 23#Ис.Н. 10,24Ќе ја дадам во раката на твоите мачители, кои ти велеа: ‚Падни ничкум, за да минам по тебе‘; и ти го подметнуваше грбот свој како земја и како улица за минувачите.“
Селектирано:
Исаија 51: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: