Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 52

52
Благовесниците на мирот му објавуваат спасение на Сион
1 # 48,2; 51,9.17; Ез 44,9; Јоил 4,17; Откр 21,27 Дигни се, дигни, облечи се во силата своја, Сионе! Облечи се во облеката на величието свое, Ерусалиме, свети граде! Зашто отсега нема повеќе да влегува во тебе необрезан и нечист. 2#49,25; Ер 48,46Истреси го од себе правот; стани, заробен Ерусалиме! Симни ги веригите од вратот свој, заробена ќерко Сионова!
Страдањата ќе прекинат
3 # 45,13; Пс 44,12; 1 Птр 1,18-19 Зашто вака вели Господ: „За ништо бевте продадени, и без пари ќе бидете откупени.“ 4#10,24И уште вака вели Господ Бог: „Народот Мој одеше порано во Египет за да поживее таму, а Ашур го притеснуваше без причина. 5#49,7; 51,13; Ез 36,20-22; Рим 2,24А сега што имам тука“ – вели Господ: „Народот Мој е земен без при­чина, владетелите нивни беснеат, вели Господ, и постојано, секој ден, името Мое се навредува. 6#41,4; 58,9Затоа Мојот народ ќе го познае името Мое; затоа ќе разбере во оној ден дека Јас сум истиот, Кој вели: ‚еве Ме!‘“
Надеж за Ерусалим
7 # 40,9; Наум 2,1; Мк; 16,15-16; Рим 10,15; Откр 14,6 Колку се прекрасни врз горите нозе­те на благовесникот, кој навестува мир, благовестува радост, проповеда спасение, кој му говори на Сион: „Твојот Бог царува!“ 8#2 Мојс 33,20; 4 Мојс 14,14; Ер 6,17; Ез 43,1-5Ете го гласот на твоите стражи! Тие кренаа глас, и сите заедно ликуваат, за­што со очите свои гледаат дека Господ се враќа во Сион. 9#49,13; 51,3Веселете се, пејте заедно, урнатини ерусалимски, зашто Господ го утеши народот Свој – го откупи Ерусалим. 10#40,5; Пс 98,1-4; Лк 2,30Ја засука Господ Својата света десница пред очите на сите народи, – и сите краишта земни ќе го видат спасението од нашиот Бог.
Заповед за напуштање на Вавилон
11 # 4 Мојс 16,26; Ер 51,45; 2 Кор 6,17; Откр 18,4 Одете си, одете си, излезете оттаму; не допирајте се до нечисто; излезете од средината негова, очистете се, вие што носите садови Господови! 12#58,8; 2 Мојс 12,31-34.39; 13,21; 14,9.19; Мих 2,13Зашто нема да излезете набрзина и нема да бегате; зашто пред вас ќе тргне Господ, и Бог Израелов ќе биде зад вас.
Страдалниот Слуга
13 # 57,15; Ер 23,5; Јн 3,14; 12,32; Ефес; 1,20-21; Фил 2,9 Ете, Мојот Слуга ќе успее, ќе се воздигне, ќе се возвиси и возвеличи. 14#49,7; Пс 22,6; Мт; 27,29-31; Јн 19,5Како што мнозина беа вџашени, гледајќи во Него – толку ликот Негов беше обезличен повеќе, отколку на се­кој човек, и видот Негов – повеќе, от­колку на синовите човечки, 15#64,3; 65,1; Мих 7,16; Рим 15,21така ќе восхити многу народи, цареви ќе ја затвораат пред Него устата своја, зашто ќе го видат она, за кое не им било говорено, и ќе го дознаат она што не го слушнале.

Селектирано:

Исаија 52: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се