Исаија 53
53
Страдањето и славата на Божјиот Слуга
1 #
40,10; Јн 12,38; Рим 10,16 Кој поверува на тоа, што го чул од нас и кому му се откри силата Господова? 2#11,1.10; 37,31Зашто изникна Тој пред него како младо дрвце и како стебленце од сува земја; нема во Него ни убавина, ниту величие; ние Го видовме, и во Него немаше изглед, што ќе нѐ привлекува кон Него. 3#52,14; Пс 22,6; Мк 9,12Тој беше презрен и отфрлен меѓу луѓето, човек на болки и свикнат на страдања, и ние го одвраќавме од Него лицето свое; Тој беше презиран, и ние за ништо не Го сметавме. 4#Мт 8,17; Евр 2,10Но Тој ги зеде врз Себе нашите болки и ги понесе нашите слабости; а ние мислевме дека Тој беше поразуван, казнуван и понизуван од Бога. 5#Рим 4,25; 1 Кор 15,3; 2 Кор 5,21; Гал 3,13; Ефес 2,14; 1 Птр 2,24А Тој беше изнаранет за нашите гревови и мачен заради нашите беззаконија; казната за нашиот мир падна врз Него, а преку Неговите рани ние се излекувавме. 6#Ер 50,6; Ез 34,5; Пс 119,176; 2 Кор 5,21; 1 Птр 2,25Сите ние бевме заблудени како овци, секој си одеше по својот пат, – и Господ ги натовари врз Него гревовите на сите нас. 7#Ер 11,19; Пс 38,13-15; Мт 26,63; 27,12-13; Мк 14,61; Јн 1,29; Дела 8,32; 1 Птр 1,19; 2,23Тој беше измачуван, но страдаше доброволно и устата Своја не ја отвораше; како јагне Тој беше одведен на колење, и како што е овцата пред стрижачите свои безгласна, така и Тој не ја отвори устата Своја. 8#Плач 3,54; Ез 37,11; Мт 9,15; Дела 8,33Тој беше лишен од праведен суд. Кој може да зборува за Неговите наследници? Зашто беше отсечен од земјата на живите; заради беззаконијата на Мојот народ беше осуден на смрт. 9#Пс 44,17-21; Плач 3,6; Мт 27,38.57-60; 1 Птр 2,22Му определија гроб со злодејци, но Тој беше погребан кај богатиот, иако Тој не беше направил грев и во устата Негова немаше лага. 10#Мт 20,28; 26,42; Јн 4,34; Рим 3,25; Евр 2,17; 1 Јн 2,2Но волјата Господова беше да Го казни, и Го предаде на мачење; а кога ќе го принесе Својот живот како милостивна жртва, Тој ќе види долговечно потомство, и волјата Господова ќе напредува преку Неговата рака. 11#Ез 4,4; Дела; 3,13-14; 7,52; Рим 3,25-26; 1 Птр 3,18Ќе се зарадува поради трудот на душата Своја и ќе види светлина. Праведниот Слуга Мој ќе ги оправда мнозина и гревовите нивни врз Себе ќе ги понесе. 12#Пс 2,8; Мт 26,28; Мк 10,45; Лк 22,37; 23,34; Фил 2,7; Кол 2,15; Евр 9,28Затоа Јас ќе Му дадам големо наследство, со силните плен ќе дели, зашто Себеси на смрт се предаде, и меѓу злодејците беше вброен и ги понесе врз Себе гревовите на мнозина и за престапниците стана посредник.
Селектирано:
Исаија 53: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: