Исаија 54
54
Бог му ветува заштита на Својот народ
1 #
1 Сам 2,5; Пс 113,9; Гал 4,27 Развесели се, ти неплодна, што не раѓаш; воскликни и извикај ти, која не си почувствувала родилни маки; зашто напуштената има многу повеќе деца од онаа, која има маж, вели Господ. 2#26,15; 33,20; 49,20; Ер 10,20Рашири го местото на шаторот свој; покривите твои на живеалиштето твое прошири ги; продолжи ги јажињата свои и зацврсти ги колците свои; 3#49,8.19; 1 Мојс 28,14зашто ти ќе се рашириш десно и лево, и потомството твое ќе завладее народи и ќе ги насели опустошените градови. 4#45,17; Ез 16,22; Соф 3,11Не плаши се, зашто нема да бидеш посрамена; не возбудувај се, зашто нема да бидеш исмеана: ќе го заборавиш посрамувањето на младоста своја и нема повеќе да си спомниш за срамот на вдовството твое. 5#41,14; 47,4; Ос 2,18; Зах 14,9; Пс 47,7Зашто твојот Творец е твојот сопруг; Јахве Саваот е името Негово, твој искупител е Светецот Израелов: Тој ќе се нарече Бог на целата земја. 6#41,9; 49,14; Ер 30,17; Изреки 5,18Зашто Господ те вика како жена, напуштена и жална со духот, како жена од младини, која била отфрлена, вели твојот Бог. 7#Мих 4,6; Плач 3,32За малку време те оставив, но со голема милост ќе те приберам. 8#26,20; 51,6-8; 55,3; 57,17; 60,10; Ер 31,3; Авак 3,2; Пс 30,5Во пламенот на гневот го сокрив од тебе лицето Свое за кратко време, но со вечна милост ќе те помилувам, вели твојот Искупител Господ.
Ветување за траен мир
9 #
1 Мојс 8,21-22; 9,8-16 Зашто тоа за Мене е како потопот за време на Ное: како што се заколнав дека потоп нема повеќе да дојде на земјата, така се заколнав дека нема да ти се лутам, ниту да те прекорувам. 10#Ер 4,24; Ез 34,25; 37,26; Пс 46,2; 89,34; Рим 11,29Планини ќе се поместат, и ридови ќе се разнишаат, но Мојата милост нема да отстапи од тебе и заветот на Мојот мир нема да се разниша, вели Господ, Кој те милува.
Новиот Ерусалим
11 #
51,3; 60,17-18; Ез 28,13-14 О, неволна, тркалана од виорот, неутешна! Ете, Јас ќе ги положам твоите камења врз смарагд и ќе ги направам твоите основи од сафири; 12#Откр 21,10-21и ќе ги направам твоите прозорци од рубини и твоите порти – од бисер, а целата ограда твоја – од скапоцени камења. 13#50,4; Ер 31,33-34; Јн 6,45И сите твои синови ќе бидат научени од Господ, и голема среќа ќе има меѓу синовите твои. 14#1,26; Пс 91; 121Ти ќе се утврдиш со правда, ќе бидеш далеку од насилствата, бидејќи ќе нема од што да се плашиш, далеку ќе биде од тебе и ужасот, зашто тој нема да се приближи до тебе. 15#Лк 20,18Ете, ќе се вооружат против тебе, но тоа не е од Мене; кој и да се вооружи против тебе, ќе падне. 16#Мих 2,10Ете, Јас создадов ковач, кој го раздувува јагленот во огнот и ќе произведува орудија за својата цел, – а Јас сум создал и губител, кој истребува. 17#41,11; 45,24; 50,9; Јов 5,17-26Ниедно оружје, направено против тебе, нема да има успех; и секој јазик, кој би се подигнал против тебе на суд, – ти ќе го обвиниш. Тоа е наследство на слугите Господови, нивна победа од Мене, вели Господ.
Селектирано:
Исаија 54: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: