Јаков 1
1
Поздрав
1 #
5,14-15; Рим 1,1; Фил 1,1; 1 Птр 1,1 Јаков, слуга на Бога и на Господ Исус Христос, испраќа поздрав до дванаесетте племиња, кои живеат раселени.
Вера и мудрост
2 #
1,12; 1 Птр 1,6 Радувајте се, браќа мои, кога ќе паднете во разни искушенија, 3#Лк 8,15; Рим 5,3-4; 1 Птр 1,7знаејќи дека проверката на вашата вера создава трпеливост: 4#1,17; 3,2; Мт 5,48; 19,21трпеливоста, пак, нека биде совршено дело за да бидете совршени и целосни, без никаков недостаток. 5#3,13; Изреки 2,3-6; Јн 11,22Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја побара од Бога, Кој на сите им дава изобилно и без приговарање – и ќе му се даде. 6#Мт 7,7; Мк 11,24; Ефес 4,14Но да моли со вера и никако да не се сомнева; зашто оној кој се сомнева, прилега на морски бран, кого ветрот го издига и растура; 7таков човек нека не мисли дека ќе добие нешто од Господ. 8#4,8Човек што се двоуми во сите свои патишта е непостојан.
Сиромаштија и богатство
9 #
1 Кор 1,26-29; 11,21-22 Братот, кој е на пониска положба, нека се фали со возвишеноста своја, 10#Ис 40,6-8; Пс 102,4.11; 1 Птр 1,24а богатиот – со својата понизност, бидејќи тоа е минливо како цвет од трева; 11зашто како што сонцето огрева и со својата жега ја исушува тревата, и цветот нејзин отпаѓа, и убавината на нејзиниот изглед исчезнува, така ќе овене и богатиот во својот пат.
Човечкото искушение и Божјиот дар
12 #
Мт 5,3; Лк 6,20; 1 Кор 9,25; 2 Тим 4,8; Откр 2,10 Блажен е оној човек кој издржува искушение, бидејќи откако ќе биде проверен, ќе добие венец на животот, што Господ им го ветил на оние кои Го сакаат. 13Ниеден, кога е во искушение да не вели: „Бог ме искушува“, бидејќи Бог со зло не се искушува, и Тој никого не искушува, 14#Рим 7,7-8; 1 Јн 2,16-17но секого го искушува неговата похота која го влече и мами. 15#4,17; Рим 5,12; 6,23Потоа похотта, откако ќе се зачне, раѓа грев, а гревот, извршен, раѓа смрт. 16Не мамете се, браќа мои возљубени. 17#Мал 3,6; Мт 7,11; 1 Јн 1,5Секој добар дар и секој совршен подарок иде озгора, симнувајќи се од Отецот на светлината, во Кого нема промени ни сенка од измена. 18#3,14; 5,19; Јн 17,17; Ефес 1,13; Кол 1,5; 2 Тим 2,15; 1 Птр 1,22-25Зашто Тој нѐ роди по својата волја преку словото на вистината, за да бидеме првина меѓу Неговите созданија.
Да се слуша и извршува словото
19 #
2 Мојс 34,6; Проп 7,9 И така, мои возљубени браќа, секој човек нека биде брз за слушање, а спор за зборување, и бавен за гнев, 20#2,21-25; 5,16; Мт 5,6.10.20; 6,33бидејќи човечкиот гнев не ја извршува Божјата правда. 21#Мт 11,29; Рим 13,12; Ефес 4,22.25; Кол 3,8; 1 Птр 2,1Затоа, отфрлувајќи од себеси секаква нечистота и насобрана злоба, со кроткост примете го насаденото слово, кое може да ги спаси вашите души. 22#Мт 7,24; Рим 2,13Бидете извршители на словото, а не само слушатели, мамејќи се сами себе. 23Зашто, кој го слуша словото, а не го извршува, тој прилега на човек кој го гледа своето сопствено лице во огледало; 24ќе се погледне, па ќе си замине, и веднаш заборава каков бил. 25#2,12.14; Јн 13,17; Рим 8,2; Гал 6,2Но кој ќе се задлабочи во совршениот Закон на слободата и остане во него, тој, бидејќи не е заборавлив слушател, туку извршител кој дејствува, ќе биде блажен во своето дејствување. 26#Пс 34,13; 39,2; 141,3Ако некој од вас мисли дека е побожен, а не го зауздува јазикот свој, туку го мами срцето свое, неговата побожност е суетна. 27#4,4; Ис 1,11-17.23; Ер 5,28; Ез 22,7; Зах 7,10Чиста и непорочна вера пред Бога Отецот е оваа: да се грижиш за сираци и вдовици во нивните маки и да се пазиш да останеш неосквернет од светот.
Селектирано:
Јаков 1: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: