Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јаков Вовед

Вовед
Посланието на апостол Јаков е општо писмо упатено до христијаните од целиот свет. Иако напишано како послание, тоа повеќе наликува на кратка книга со упатства за секојдневно живеење.
За апостол Јаков верата значи делување! Всушност, целата книга е серија на примери кои ја претставуваат верата покажана на дело, на мудар и практичен начин.
Советите се јасни. Ако си сиромав, не очајувај! Кога твојата вера е испитувана, не предавај се! Не лути се лесно! Не давај му предимство на богатиот пред сиромавиот! Контролирај го својот јазик и своите желби! Предај се на Бога и управувај се според Неговата мудрост! Биди трпелив и љубезен, и моли се за оние кои имаат потреба од Божјата помош!
Содржина на посланието: поздрави (1,1); живот во верата и мудроста (1,2-18); прифаќањето на Божјата порака (1,19-27); за богатиот и сиромавиот (2,1-13); мудрост и зборови (3,1-18); предупредување против пријателството со светот (4,1–5,6); трпение, љубезност и молитва (5,7-20).

Селектирано:

Јаков Вовед: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се