Јаков 3
3
Внимавај на јазикот
1 #
Рим 12,7; 1 Кор 12,28-29; Ефес 4,11 Не барајте, браќа мои, мнозина да станете учители, зашто знаете дека поголемо осудување ќе добиеме. 2#1,4Сите ние многу грешиме. Но оној, кој во зборови не греши, тој е совршен човек, силен да го заузда и целото тело. 3#Пс 32,9Ете, ако и ние на коњите им ставиме узда на устите, за да ни се покоруваат, тогаш управуваме со целото нивно тело. 4Па, ете, и корабите: иако се толку многу големи и силно гонети од бурни ветрови, со мало кормило се управуваат онаму каде што кормиларот сака; 5а така и јазикот е мал орган, но големи работи зборува. Ете, мал оган, а колку голема гора запалува; 6#Мт 5,22; 12,36-37; 15,11.18-19и јазикот е оган, свет полн со неправда; јазикот се наоѓа во таква положба меѓу нашите органи, што го осквернува целото тело и го пали времето на нашиот живот, воспалувајќи се сам од пеколот. 7Секаков вид ѕверови и птици, лазачи и риби, се скротува и се припитомува од човечкиот род, 8#Пс 140,3; Рим 3,13а јазикот никој не може да го скроти: тој е немирно зло и полн со смртоносен отров. 9#1 Мојс 1,26-27; 5,1; 1 Кор 11,7Со него Го благословуваме Бога и Отецот, со него ги колнеме луѓето создадени според подобието Божјо. 10Од истата уста излегува и благослов и клетва. Не треба, браќа мои, тоа така да биде. 11А тече ли од еден ист извор слатка и горчлива вода? 12Може ли, браќа мои, смоквата да раѓа маслинки, или лозата смокви? Така, од еден ист извор не може да тече солена и слатка вода.
Мудроста озгора и земната мудрост
13Кој е меѓу вас мудар и умен, нека ги покаже преку своето добро однесување делата свои во кротост и мудрост. 14Но, ако во срцата свои имате горчлива завист и карање, не фалете се и не лажете против вистината: 15#1,5.17; 1 Кор 2,14тоа не е мудрост која доаѓа озгора, туку земна, душевна, бесовска; 16зашто, каде што има завист и карање, таму има неслога и сѐ е лошо. 17#2,13; Мт 5,7.9; Гал 5,22-25; Евр 12,11; 1 Птр 3,4; 3,10-11.16А мудроста, што иде озгора, е најнапред чиста, а потоа мирна, кротка, покорна, полна со милост и добри плодови, непристрасна и нелицемерна. 18#Ис 32,17; Мт 5,9; Евр 12,11Плодот, пак, на правдата во мир се сее од миротворците.
Селектирано:
Јаков 3: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006