Судии 5
5
Деворината благодарствена песна
1 #
2 Мојс 15,1
Во тој ден запеаја Девора и Варак, синот Авиноамов со овие зборови: 2„Благословувајте Го Господа зашто се одмазди за Израел, народот покажа сесрдност. 3#Пс 27,6Слушајте, цареви, внимавајте, кнезови; јас ќе Му пеам и ќе Му свирам на Господ, на Господ, Бог Израелов! 4#5 Мојс 33,2; 2 Сам 22,8; Ис 13,13; 24,8; Ер 10,10; 51,29; Јоил 4,16; Наум 1,5; Авак 3,6; Пс 18,7; 68,8-9; 77,17-18Кога излегуваше Ти, Господи, од Сеир, кога доаѓаше од полето Едом, земјата се тресеше, небото капеше и облаците вода пролеваа; 5#2 Мојс 19,18; Пс 114,4горите се топеа од лицето на Господ, дури и Синај затрепери пред Господ, Бог Израелов. 6#4,17; Ис 33,8; 59,8Во дните на Самегар, синот Анатов, во дните на Јаел, патиштата опустеа и кои порано одеа по правите патишта, тогаш одеа по околните патеки. 7Во Израел немаше жител во селата, немаше, додека јас, Девора, не станав, додека не востанав јас, мајката Израелова. 8#1 Сам 13,19-22Избраа нови богови, затоа војната беше пред вратата. Се виде ли штит и копје меѓу четириесет илјади од Израел? 9Срцето ми е кон вас, началници Израелови, кон ревнителите во народот; прославувајте Го Господа! 10Вие, кои јавате на бели магариња што седите во судовите и одите по патот, разгласувајте! 11Среде гласовите на оние што плескаат, таму нека покажат правда, Господи, зацврсти ја правдата во Израел! Тогаш народот Господов се разотиде по своите градови. 12#Ис 51,9.17; Пс 44,23; 57,9Разбуди се, разбуди се, Девора, разбуди се, па запеј песна! Стани, Варак и води ги своите платеници, сине Авиноамов! 13Тогаш се возвеличи силата негова; Господ мене ми ги потчини храбрите. 14#4 Мојс 32,39; Ис.Н. 17,1Од Ефрем дојдоа оние, кои беа фатиле корен во долините; по тебе е братот твој Венијамин, според народот твој; од Махир доаѓаа началници, а од Завулон оние што се занимаваат со пишување. 15И кнезовите Исахарови се со Девора, и Исахар исто така како Варак, се спуштија пеш во долината. Во Рувимовите племиња – големо разногласие. 16Зошто си ми седнал меѓу кошарите и го слушаш блеењето на стадата? Во Рувимовите племиња – големо несогласие. 17#4 Мојс 32,1Галаад си живее спокојно од онаа страна на Јордан, и зошто Дан да се занимава со корабите, а Асир да седи на морскиот брег и се весели крај своите пристаништа. 18Завулон е народ, кој ја даде душата своја на смртта, и Нефталим – на полските височини. 19#Ис.Н. 11,5Дојдоа цареви, тогаш се судрија царевите ханански во Таанах, крај водите Мегидонски, но ни парче сребро не добија. 20#Ис.Н. 10,10-14; 2 Сам 5,24; Пс 18,13-14Од небото се војуваше, се биеја ѕвездите од своите патишта против Сисера. 21Потокот Кишон ги одвлече; стародревниот поток – потокот Кишон. Гази ги, душо моја, силните! 22#Ер 8,16Тогаш отпаѓаа копитата на коњите од топотење, од терање на јавачите нивни. 23Проколнете го Мероз, рече ангелот Господов, проколнете ги жителите негови, затоа што не дојдоа на помош на Господ со храбрите. 24#Лк 1,42Нека е благословена меѓу жените Јаел, жената на Кениецот Хевер, меѓу жените во шаторите нека е благословена! 25Тој побара вода: таа млеко му даде, во војводска чаша му донесе мрсно млеко. 26#4,21Левата рака своја таа ја протегна кон колецот, а десната – кон чеканот ковачки; го удри Сисера, му ја здроби главата, го прободе и му ги проби слепоочниците негови. 27Меѓу нозете нејзини падна, истоштен се испружи и умре, меѓу нозете нејзини падна веднаш. 28Погледна низ прозорецот Сисеровата мајка, низ решетката и си помисли: зошто не доаѓа уште колата негова, зошто се забавуваат тркалата на колите негови? 29Мудрите нејзини дворјани ѝ одговараат, а и самата таа си одговара на зборовите свои: 30#Ез 16,10можеби нашле плен, па го делат: кому по една мома, кому по две на војник. Плен шарен за Сисера, плен шарен, везен; шарен и везен од обете страни, симнат од рамениците на пленикот. 31#2 Сам 23,4; Дан 12,3; Мт 13,43Така да загинат сите Твои непријатели, Господи! А оние, кои Го сакаат, да бидат како сонце кога изгрева во сета своја сила!“ – И мирна беше земјата четириесет години.
Селектирано:
Судии 5: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006