Судии Вовед
Вовед
Собитијата од книгата Судии Израелови се однесуваат на еден период полн со немири, кој трае од вселувањето на Израелците во Ханан, па до воспоставувањето на царството и царската власт. Централниот дел на оваа книга ги прикажува подвизите на еден одреден број судии, или, пак, само накратко го прикажува нивниот живот. Оттука произлегува и самиот наслов на книгата; судиите се луѓе, кои правото на владеење го добиле лично од Бога, а нивните овластувања се протегаат не само во областа на правото, туку и многу пошироко. Таквите луѓе имаат должност да управуваат со народот, или пак да го избават племето или повеќе племиња кога тие се во неволја. Книгата Судии Израелови е составена од три основни дела:
Првиот се однесува на настаните кои го одбележуваат доселувањето на Израелците во Ханан, сѐ до смртта на Исус Навин (1,1–2,10).
Вториот дел суштински покажува како Бог го ослободува Својот народ, одбирајќи и испраќајќи луѓе кои конкретно го остваруваат тоа ослободување (2,11–16,31).
Третиот дел донесува две епизоди со кои се истакнува беззаконието кое владее меѓу израелските племиња во преодниот период пред да започне времето на царевите (17–21).
Според оваа книга, она што му се случува на Израел зависи од неговиот однос кон Бога. Сѐ додека тој Му е неверен, Бог допушта угнетување од соседите и од припадници на локалните племиња, но кога Му се обраќа и Го повикува на помош, Бог го избавува.
Селектирано:
Судии Вовед: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006