Еремија 31
31
Израел ќе Му се врати на Бога
1 #
31,33; 32,38; Ез 11,20 Во тоа време, вели Господ, Јас ќе им бидам Бог на сите племиња израелски, а тие ќе бидат Мој народ. 2#Ос 2,16Така вели Господ: народот, што се спасил од меч, најде милост во пустината; одам да го успокојам Израел.
Господ ќе го обнови Израел
3 #
5 Мојс 7,8; 10,15; Ис 43,4; Ос 11,4; Мал 1,2 Оддалеку ми се јави Господ и ми рече: со вечна љубов те засакав и затоа останав милостив кон тебе. 4Јас пак ќе те кренам, и ти ќе бидеш обновена, девојко Израелова, па ќе ги земеш тимпаните свои и ќе излезеш на собор со оние што играат; 5пак ќе садиш лозници по самарјанските височини; лозарите, што ќе ги садат, сами и ќе се користат од нив. 6#33,11; 50,4-5Зашто ќе дојде ден, кога стражата на Планината Ефремова ќе извика: „Станувајте да се искачиме на Сион при нашиот Господ Бог.“
Израел ќе се врати на својата земја
7 #
Амос 6,1
Бидејќи така вели Господ: пејте со радост за Јаков и воскликнувајте пред главата на народите; разгласувајте, славете и кажувајте: го избави Господ твојот народ, остатокот од Израел! 8#3,18Еве, Јас ќе ги доведам од северната земја и ќе ги соберам од земните краишта, и слеп и хром, и бремена и родилка, заедно со нив – големо множество ќе се врати овде. 9#31,18.20; 50,4; Ис 49,10; 2 Мојс 4,22Тие отидоа со солзи, Јас, пак, ќе ги вратам со утеха; ќе ги поведам покрај потоци со води, по рамен пат, по кој нема да се сопнуваат; бидејќи Јас сум Отец на Израел, и Ефрем е Мојот првороден. 10#15,7Чујте го, народи, словото Господово и разгласете го по островите далечни и кажете: Оној што го расеа Израел, Тој и ќе го собере и ќе го пази како што го прави тоа пастирот со своето стадо; 11#2 Мојс 6,6; Ис 49,25зашто Господ ќе го откупи Јаков и ќе го избави од рацете на оној, кој беше посилен од него. 12#Ис 58,11И тие ќе дојдат и ќе се радуваат на сионските височини, и ќе се стрчаат кон добрата Господови, кон пченицата, виното и маслото, кон јагнињата и воловите; и душата нивна ќе им биде како градина напоена со вода, и веќе нема да се измачуваат. 13#Пс 148,12; Ис 35,10; Пс 30,11Тогаш девојката ќе се радува на оро, а и младите и старите заедно; и тагата нивна ќе се претвори во радост, ќе ги утешам и ќе ги зарадувам по нивната болка. 14И ќе ја нахранам душата на свештениците со мрснотија, и Мојот народ ќе се насити со Моите добра, вели Господ.
Надеж од Господ
15 #
Мт 2,18
Така вели Господ: глас се слуша во Рама, пискот и горко плачење: Рахила плаче за децата свои и не сака да се утеши за нив, зашто ги нема. 16#Откр 21,4; 2 Лет 15,7; Откр 14,13Така вели Господ: задржете го гласот свој од плачење и очите свои – од солзи, зашто за трудот твој има награда, вели Господ, и тие ќе се вратат од непријателската земја. 17#29,11И надеж има за твојата иднина, вели Господ, и твоите синови ќе се вратат во пределите свои. 18#3,21; 31,9; 15,19; 17,14; Пс 80,3; Плач 5,21Го слушам Ефрем како плаче: „Ти ме казни, и јас сум казнет како нескротен јунец; обрати ме – и ќе се обратам, зашто Ти си мој Господ Бог. 19#22,21-22; 32,30Зашто бев заблуден, но се покајав; откако се обратив, се удирав по бедрата; станав посрамен, станав смутен, зашто го носев срамот од младоста своја.“ 20#31,3; Ис 49,15; 63,9; Плач 3,32Зар Ефрем не е Мојот драг син, не е ли тој дете сакано? Зашто, штом ќе почнам да зборувам за него, секогаш се сеќавам со љубов за него; срцето Мое се радува за него; ќе се смилувам над него, вели Господ. 21Постави си знаци по патиштата, постави си купишта камења, запомни го патот, по кој си врвела; враќај се, девојко Израелова, враќај се во тие твои градови. 22#Ис 41,20; 48,7Уште ли ќе скиташ, ќерко отстапничке? Зашто Господ ќе направи нешто ново на земјата: жената ќе го заобиколи#31,22 или опфати, огради. Значењето во оригиналот е нејасно. мажот.
Господ ќе ги врати Јудејците дома
23 #
50,7
Така вели Господ Саваот, Бог Израелов: во иднината, кога ќе ги вратам робовите нивни, тие по земјата на Јуда и во неговите градови ќе го кажуваат овој збор: „Господ нека те благослови, живеалиште на правдата, света горо!“ 24И ќе се насели во неа Јуда и сите негови градови заедно, земјоделците и оние што пасат стада. 25#Ис 28,12; Пс 36,8; Мт 11,28Бидејќи Јас ќе ја напојам изморената душа и ќе ја наситам секоја малаксана душа. 26Потоа се разбудив и погледнав, и сонот ми беше пријатен. 27#30,19Ете, идат дни, вели Господ, кога ќе посеам во домот Израелов и во домот на Јуда семе човечко и семе од добиток. 28#1,10И како што бдеев над нив, кога ги искоренував и ги уништував, кога ги разрушував, погубував и повредував, така ќе бдеам над нив, кога ќе ги издигнувам и насадувам, вели Господ. 29И тогаш, нема да велат веќе: „Татковците јадеа кисело грозје, а забите на децата нивни им фаќаат скомина.“ 30#5 Мојс 24,16; 2 Цар 14,6Но, секој умира поради своето сопствено беззаконие; кој ќе јаде кисело грозје, нему забите ќе му фаќаат скомина.
Нов завет со Израел и Јудеја
31 #
2 Кор 3,6; Евр 9,15 Еве настапуваат дни, вели Господ, и ќе склучам со домот Израелов и со домот на Јуда нов завет. 32#11,10Не онаков завет, каков што склучив со предците нивни во денот, кога ги фатив за раце, за да ги изведам од египетската земја; тој Мој завет тие го нарушија, иако останав во сојуз со нив, вели Господ. 33#7,23; 32,38; Ез 36,28; Зах 8,8Но еве го заветот, што ќе го склучам со домот Израелов по оние дни, вели Господ: ќе го вложам Мојот закон внатре во нив, и ќе го напишам во срцата нивни, па Јас ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ. 34#24,7; 50,20; Ис 11,9; Јн 6,45И нема повеќе да учат еден друг, брат брата и да зборуваат: „Познајте Го Господа“, зашто сите тие, од мал до голем, сами ќе Ме знаат, вели Господ, бидејќи ќе им ги простам беззаконијата нивни, и за гревовите нивни нема веќе да се сеќавам. 35#32,18; 1 Мојс 1,16; Амос 5,8.27Така вели Господ, Кој го даде сонцето да свети дење, и им даде наредба на месечината и на ѕвездите да светат ноќе, кој Го бранува морето, кога брановите негови бучат; Господ Саваот е името Негово. 36Ако тие наредби престанат да ги применуваат пред Мене, вели Господ, тогаш и племето Израелово ќе престане да биде народ пред Мене засекогаш. 37Така вели Господ: ако може да се измери небото угоре и основите на земјата да се испитаат удолу, тогаш и Јас ќе го отфрлам сето племе израелско, за сѐ она што го правеа, вели Господ.
Ерусалим ќе биде обновен
38Еве, доаѓаат дни, вели Господ, кога градот ќе биде обновен за слава на Господ, од кулата на Хананел до Аголната Порта, 39и мерката на земјата од ридот ќе отиде уште погоре, токму до ридот Гарев и ќе свие кон Гоа. 40#Јоил 4,17И целата долина на труповите и на пепелта, и целото поле до потокот Кедрон, до аголот на Коњската Порта спрема исток, ќе биде светиња Господова; нема да се искоренува и нема да се разрушува довека.
Селектирано:
Еремија 31: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: