Еремија 32
32
Еремија купува нива
1 #
52,29
Слово Господово што дојде до Еремија во десеттата година на јудејскиот цар Седекија; таа година беше осумнаесеттата година на Навуходоносор. 2Тогаш војската на вавилонскиот цар го опсадуваше Ерусалим, а пророкот Еремија беше затворен во стражарницата, што се наоѓаше во дворецот на јудејскиот цар. 3Јудејскиот цар Седекија го затвори таму, откако рече: „Зошто пророкуваш и велиш – така вели Господ: еве, Јас ќе го предадам овој град во рацете на вавилонскиот цар, и тој ќе го преземе; 4и Седекија, јудејскиот цар, нема да избега од рацете на Халдејците, туку бездруго ќе биде предаден во рацете на вавилонскиот цар, и ќе зборува со него уста во уста, и очите негови ќе ги видат неговите очи; 5и тој ќе го одведе Седекија во Вавилон, каде што и ќе остане, додека не го посетам, вели Господ. Ако се борите против Халдејците, нема да победите?“ 6И рече Еремија: такво беше словото Господово до мене. 7Еве, Анамеил синот на твојот чичко Селум, доаѓа кај тебе да ти каже: купи ја нивата моја, што се наоѓа во Анатот, зашто, според родбинското право, тебе ти се паѓа да ја купиш. 8И Анамеил, синот на мојот чичко, дојде кај мене, според словото Господово, во стражарницата и ми рече – купи ја мојата нива во Анатот, во земјата на Венијамин, зашто правото на наследство е твое и куповното право е твое: купи ја. Тогаш разбрав дека тоа беше слово Господово. 9И ја купив од Анамеил, синот на мојот чичко, нивата во Анатот, и му ја платив цената: седум шекели и десет парчиња сребро. 10И направив договор, му удрив печат, повикав потоа сведоци и среброто го измерив на вага. 11#32,44Па ја зедов потврдата за купопродажба, запечатена според законот, и наредбата, и отворената копија 12#51,59и му ја дадов потврдата за купување на Варух, синот на Нерија, син на Махсеја, пред очите на Анамеил, синот на мојот чичко, и пред очите на сведоците, кои го потпишаа тој купопродажен договор пред очите на сите Јудејци, што седеа во стражарницата; 13и му заповедав на Варух во нивно присуство; 14вака вели Господ Саваот, Бог Израелов – земи ја оваа книга, договоров за купопродажба, кој е запечатен и оваа отворена книга, и стави ги во глинен сад, за да останат таму долго време. 15#32,43Зашто, така вели Господ Саваот, Бог Израелов: во оваа земја пак ќе се купуваат куќи, ниви и лозја.
Еремија Му се обраќа на Господ
16И откако му ја предадов на Нириевиот син Варух купопродажната потврда, јас Му се помолив на Господ: 17#32,27; Мт 19,26„О, Господи Боже, Ти го создаде небото и земјата со силата Твоја голема и со крената рака; за Тебе не постои ништо невозможно; 18#20,11; 33,2; Ис 54,5Ти покажуваш милост на илјадници и за гревовите на татковците нивни им отплаќаш на децата нивни по нив: Боже Велики, Силни, на Кого името Му е Господ Саваот. 19#16,17; 17,10; Јов 34,11; Изреки 5,21Голем по мудрост и силен според делата, Чии очи се отворени врз сите патишта на синовите човечки, за да отплатува секому според патиштата негови и според плодовите на делата негови, 20#Дела 7,36Кој изврши чудеса и покажа знаци во земјата египетска, а извршуваш и до денес во Израел и меѓу сите луѓе, и си создаде име, како во оној ден, 21па го изведе Твојот народ Израел од земјата египетска со знаци и чудеса, со силна рака и крената десница и со голем страв. 22И им ја даде оваа земја, која со клетва им ја беше ветил на предците нивни дека ќе им ја дадеш, земја, каде што тече мед и млеко. 23#Неем 9,30Тие влегоа и ја присвоија, но не го слушаа гласот Твој и не одеа по законот Твој, не вршеа што им беше заповедал Ти да прават, па поради тоа Ти го испрати врз нив сево ова зло. 24Еве, насипите дојдоа до градот, за да го преземат; и од меч, глад и помор градот ќе се предаде во рацете на Халдејците, кои се борат против него; сѐ што рече Ти, се исполнува, и, еве, Ти го гледаш тоа. 25Ти, Господи Боже, ми рече: купи си нива за пари и повикај сведоци, иако градот се предава во рацете на Халдејците.“
Божја објава за нивата
26И дојде слово Господово до Еремија: 27#4 Мојс 16,22; 1 Мојс 18,14; Зах 8,6Еве, Јас сум Господ, Бог на секое тело; има ли нешто, што не е можно за Мене? 28Затоа, вака вели Господ: еве, Јас го предавам овој град во рацете на Халдејците и во рацете на вавилонскиот цар Навуходоносор, и тој ќе го преземе, 29#19,13и ќе влезат Халдејците, што го опсадуваат овој град, ќе го запалат градот со оган и ќе го изгорат него и куќите, под чии стреи се вознесувало кадење на Ваал и се извршувал прелив на туѓи богови, за да Ме разгневуваат. 30Зашто синовите Израелови и синовите Јудини уште од младоста своја само зло вршеа пред очите Мои; синовите Израелови Ме разгневуваа со делата на рацете свои, вели Господ. 31#7,20; 2 Цар 17,18.23; 23,27И како само заради Мојот гнев и заради Мојата јарост да постоеше овој град од денот на неговото основање па сѐ до денес, за да го отфрлам од лицето Свое, 32за сето зло на синовите Израелови и на синовите Јудини, кои, за да Ме разгневуваат, го правеа тие – царевите нивни, кнезовите нивни, свештениците нивни, пророците нивни, луѓето на Јуда и жителите на Ерусалим. 33#2,27; 5,3; 15,6Па Ми го свртеа грбот, наместо лицето и, кога ги учев, ги учев од рано утро, но тие не сакаа да примаат поука, 34#34,15; 5 Мојс 12,5.11и во домот, во кој се призива името Мое, ги поставија своите гнасни работи и го осквернија. 35#3 Мојс 18,21Во долината на Хиномовите синови изградија паганско светилиште на Ваал, за да ги преведуваат низ оган синовите свои и ќерките свои во чест на Молох, што не сум им заповедал, и на ум не ми идело дека тие ќе ги вршат тие гнасни работи, воведувајќи го Јуда во грев. 36Но сега, вака вели Господ, Бог Израелов, за овој град, за кој вие велите: „Со меч, глад и помор се предава во рацете на вавилонскиот цар“, 37еве, Јас ќе ги соберам од сите страни, во кои бев ги расеал во гневот Свој, во јароста Своја и во големото негодување, па ќе ги вратам на ова место и ќе им дозволам да живеат безопасно. 38#11,4; Ез 37,23.27Тие ќе бидат Мој народ, и Јас ќе им бидам Бог. 39#24,7И ќе им дадам едно срце и еден пат, за да се плашат од Мене во текот на сиот свој живот, за нивно добро и за доброто на децата нивни по нив. 40#29,11.32; 50,5Па ќе склучам со нив вечен завет, според кој нема да се одвратам од нив и ќе им правам добрини, и ќе вложам во срцата нивни страв од Мене, за да не се одметнуваат од Мене. 41#2,21; Соф 3,17И ќе се радувам за нив, правејќи им добро, и ќе ги засадам цврсто на оваа земја – од сѐ срце и од сета душа. 42#31,28Зашто вака вели Господ: како што го испратив ова големо зло врз оној народ, така ќе испратам врз нив секакво добро што го изреков за нив. 43#32,15; 33,10И тие ќе купуваат ниви во оваа земја, за која велат: „Тоа е пустина, без луѓе, без добиток; таа е предадена во рацете на Халдејците;“ 44#29,14; 32,10ќе купуваат ниви за пари, ќе потпишуваат купопродажни договори, ќе ги запечатуваат и ќе повикуваат сведоци – во земјата на Венијамин, во ерусалимската околина и во градовите на Јуда, во планинските градови, во градовите на полето и во јужните градови; бидејќи ќе ги вратам заробените нивни, вели Господ.
Селектирано:
Еремија 32: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: