Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 33

33
Земјата ќе му биде вратена на народот
1 # 32,2.8.12; 37,21 И вторпат дојде слово Господово до Еремија, кога тој беше зат­ворен во стражарницата – 2#46,18; Амос 9,6вака вели Господ, Кој ја создаде земјата, Господ, Кој ја уреди и зацврсти, – Кому името Му е Јахве: 3#29,12; Пс 50,15; Ис 48,6повикај кон Мене, и Јас ќе ти одго­ворам, ќе ти покажам нешто големо и недостапно, нешто, што не го знаеш. 4Зашто, така вели Господ, Бог Изра­елов, за куќите на овој град и за куќите на јудејските цареви, што ќе се урнат за насипи и за борби. 5#32,31; 5 Мојс 31,17Оние, што дојдоа да се борат против Халдејците, за да ги исполнат домовите со трупови на луѓе, кои Јас во Својот гнев и во јароста Своја ќе ги погубам и поради чие беззаконие Јас го сокрив лицето од тој град. 6#3,22; 8,22; 30,17; 33,11.16Еве, Јас ќе ги излекувам, ќе ги исцелам и ќе им откријам изобилие и вис­тински мир, 7ќе ги вратам заробените на Јуда и заробените на Израел и ќе ги зацврстам како порано, 8#31,34; Ез 36,25ќе ги исчистам од секое нивно беззаконие, со кое згрешија пред Мене, и ќе им ги простам сите нивни гревови, со кои се огрешија пред Мене и отстапија од Мене. 9#13,11; Соф 3,20И Ерусалим ќе биде за Мене радосно име, похвала и чест, пред сите земни народи, што ќе чујат за сите добра, как­ви што ќе им давам и ќе се уплашат и ќе затреперат од сите добра и од се­каков благослов, што ќе им го дадам. 10#32,43; 33,12Така вели Господ: на ова место за кое вие велите – „Тоа е пусто, без луѓе и без добиток“, во јудејските градови и во ерусалимските улици, кои се пусти, без луѓе, без жители, без добиток, 11#7,34; 2 Лет 5,13; 29,31пак ќе се слуша глас од радост и глас од веселба, глас на младоженец и глас на невеста, глас на оние што велат: „Славете Го Господ Саваот, зашто е благ Господ, зашто милоста Негова е вечна“, и глас на оние што принесуваат благодарствена жртва во домот Госпо­дов; бидејќи Јас ќе ги вратам заробе­ните од оваа земја во нивната поранеш­на состојба, вели Господ. 12Така вели Господ Саваот: во ова место, кое е пусто – без луѓе, без доби­ток, и во сите негови градови пак ќе има живеалишта на пастири, што ќе ги доведуваат стадата свои на одмор. 13#32,44Во планинските градови, во градо­вите по полето и во јужните градови, во земјата на Венијамин, во ерусалимските предградија и во градовите Јудини пак ќе врват стада под раката на оној што ќе ги пребројува, вели Господ.
Добри објави од Господ
14 # 29,10 Еве настапуваат дни, вели Господ, кога ќе го исполнам ова добро слово, што го изреков за домот Израелов и за домот на Јуда. 15Во тие дни и во тоа време ќе благословам на Давид да му израсте фиданка на правдата, и Тој ќе изврши суд и правда на земјата. 16#Ис 1,26; Ос 2,1; Мт 5,48Во тие дни Јуда ќе биде спасен, и Ерусалим ќе живее безопасно и ќе Му стават име: „Господ е наша правда!“ 17Зашто, така вели Господ: нема да снема маж при Давид, што не ќе седи на престолот во домот Израелов, 18и кај левитските принесувачи на жртви нема да снема пред лицето Мое човек, кој преку сите дни нема да вознесува сепаленица, да изгорува приноси и да принесува жртви. 19И дојде слово Господово до Еремија – 20#31,36вака вели Господ: ако можете да го разрушите заветот Мој со денот и заветот Мој со ноќта, така што денот и ноќта да не се сменуваат во определеното време, 21#Пс 89,34тогаш ќе можете да го разрушите и заветот Мој со Мојот слуга Давид, така што да нема кај него син, што ќе царува на неговиот престол, а исто така и со левитите – свештеници, служители Мои. 22#15,8; 30,19Како што е небесната војска без­бројна, и песокот морски неизброив, та­ка ќе се размножи племето на Мојот слуга Давид и на левитите кои Ми слу­жат. 23И дојде слово Господово до Ере­мија: 24#50,4зар не гледаш дека овој народ вели – „Двете племиња, кои Господ ги избра, Тој ги отфрли“, и со тоа тие го презираат Мојот народ како веќе да не е на­род Мој пред очите нивни? 25#33,20Така вели Господ: да не бев го утврдил заветот Мој со денот и ноќта и наредбите на небото и на земјата, 26#29,14; 33,7.11; 31,20тогаш и племето на Јаков и на Мо­јот слуга Давид, ќе го отфрлев, за да не земаат веќе од неговото племе владетели, за племето на Авраам, и Исак, и Јаков, бидејќи ќе ги вратам нивните заробени и ќе ги помилувам.

Селектирано:

Еремија 33: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се