Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 48

48
Пророкување против Моав
1За Моав вака вели Господ Саваот, Бог Израелов: тешко на Нево, бидејќи ќе биде опустошен; Кир­јатаим ќе се осрамоти, и ќе се предаде; тврдината ќе се посрами и ќе се раз­урне. 2Ќе ја снема повеќе славата на Моав; во Есевон ќе преземаат зло против него: да отидеме за да го сотреме меѓу народите. И ти, Мадмене, ќе опустееш; меч ќе те гони. 3Се слушна пискот од Хоронаим, пустошење и сотирање големо! 4#Ис 15,1Моав е сотрен; пискот кренаа децата негови. 5На искачување кон Лухит се слуша непрестаен плач; слегувајќи од Хоро­наим, се слуша ужасен викот поради пропаста. 6Бегајте, спасувајте си ги животите свои и бидете како оголено дрво во пустина. 7#17,5; 49,4Бидејќи ти се надеваше на делата свои и на ризниците свои, затоа ќе бидеш фатен, и Хамос ќе појде во ропство заедно со свештениците и со кнезовите свои. 8И ќе дојде пустошник врз секој град, и ниеден град нема да се одржи; ќе изумре долината и ќе запусти рамнината, како што вели Господ. 9#48,28Ставете му надгробна плоча на Моав, зашто сигурно ќе падне! Градо­вите негови ќе станат пустина, зашто ќе нема во нив кој да живее. 10#46,10; 1 Сам 15,3.9.11; 1 Цар 20,32Нека е проклет секој, кој немарно го извршува делото на Господ, и нека е проклет кој го задржува мечот Негов од крв! 11#Соф 1,12Од младоста своја Моав беше спокоен, и се гордееше со својата слава, и не се преточуваше од сад во сад и во ропство не беше отишол; затоа во него си остануваше вкусот негов, и мирисот негов не се менуваше. 12Но, еве, идат дни, вели Господ, кога ќе пратам врз него преливачи, што ќе го преливаат и ќе ги испразнат садовите негови и ќе ги скршат стомните негови. 13Па ќе биде посрамен Моав заради Хамос, како што беше посрамен домот Израелов поради Ветил, надежта негова. 14Зошто вие велите: ние сме луѓе храбри и силни сме во бој? 15#50,34; 51,57; Ис 51,15Моав е сотрен, и градовите негови горат, и одбраните момчиња негови појдоа на клање, вели Царот – Господ Саваот е името Негово. 16Блиска е погибелта на Моав, и брза неговото зло. 17Сожалете го сите негови соседи, и сите што го знаете името негово, речете: како се здроби моќниот жезол и славниот скиптар! 18Слези од височината на величието твое и седни во жедната земја, ќерко, жителко на Дивон, бидејќи пустош­никот на Моав ќе дојде кај тебе и ќе ги разруши тврдините твои. 19Застани на патот и погледај ти, која живееш во Ароер, прашај го оној, што бега, и онаа, што гледа да се избави: што станува? 20Засрамен е Моав, зашто е сотрен; плачете и викајте, соопштете во Арнон дека Моав е опустошен. 21И суд дојде врз рамнината, врз Холон, врз Јахца и врз Мефаат, 22врз Дивон, врз Нево и врз Бет-Ди­в­латаим, 23врз Кирјатаим, врз Бет-Гамул и врз Бет-Меон, 24врз Кериот, врз Восор и врз сите градови на земјата моавска, далечни и блиски. 25#Ез 30,21; Пс 37,17Одбиен е рогот на Моав и раката негова е скршена, вели Господ. 26#48,42; 51,57; Дан 5,23Опијте го, зашто тој се крена против Господ; нека се валка Моав во блуеницата своја, и сам ќе стане за пот­смев. 27Зар не стана кај тебе Израел за потсмев? Зар тој беше фатен меѓу крадците, па ти, кога зборуваше за него, само ја мавташе главата? 28Жители моавски, оставете ги градо­вите и живејте по карпите и бидете како гулаби, кои вијат гнезда кај влезот на пештера. 29#Ис 16,6; Соф 2,10Чувме за гордоста на Моав, гордост прекумерна, за неговата самоувереност и неговата надуеност, за неговото фале­ње и за горделивото негово срце. 30Ја знам Јас дрскоста негова, вели Господ, празна е неговата фалба, лажни се неговите дела! 31Затоа, ќе плачам за Моав и ќе пиштам за целиот Моав; ќе воздивнувам за оние во Кир-Херес. 32#Пс 80,11Ќе плачам за тебе, лозо сивмајска, како што плачев за Јазер; твоите лозинки се протегаа преку морето, стигаа до езерото јазерско; сотирачот ги нападна твоите летни производи и зрелото грозје. 33Радоста и веселбата се одзеде од Кармил и од земјата моавска. Јас ќе на­правам виното во бурињата да заврши; никој веќе нема да гази во каци со песни; боен повик ќе има, а не радосен вик. 34Од пискотот на Есевон до Елале и до Јахца тие ќе креваат глас, од Сигор до Хоронаим и до Еглат-Шелишија, бидејќи и водите на Нимрим ќе пре­сушат. 35Ќе ги сотрам во Моав, вели Господ, оние што принесуваат жртви по незна­божечките светилишта и кои им кадат на боговите. 36#4,19; Ис 16,11Затоа срцето Мое ќе пишти за Моав како свирка, за жителите во Кир-Херес, срцето ќе им биде како свирка, бидејќи сите добра од нивните богатства пропаднаа; 37#49,3; Ис 15,2на секого главата ќе му биде гола и на секого брадата поткастрена, кај сите на рацете ќе има зарези, а околу бедрата вреќиште. 38По сите покриви на Моав и по неговите улици ќе има само плач, бидејќи Јас го уништив Моав, како непотребен сад, вели Господ. 39Како е сотрен тој, ќе речат, пла­чејќи; како Моав се покри со срам, кога го сврти тилот, и ќе биде Моав за пот­смев и ужас, за сите, што го опкру­жуваат, 40#49,22; 5 Мојс 28,49зашто вака вели Господ: ете, како орел ќе слета тој и ќе ги рашири крилјата над Моав. 41Градовите ќе бидат победени и тврдините освоени, а срцето на храбрите Моавци ќе биде во оној ден како срце на жена, што се измачува при породување. 42#48,26; 50,29И ќе биде истребен Моав меѓу на­родите, бидејќи се крена против Господ. 43#Ис 24,17-18; Плач 3,47Страв, јама и стапица околу тебе – жителу моавски, вели Господ. 44#11,23; 23,12; Амос 5,19Кој ќе избега од ужасот, ќе падне во јама; а кој ќе излезе од јамата, ќе падне во стапица; бидејќи ќе ја испратам врз него, врз Моав годината на нивната казна, вели Господ. 45#4 Мојс 21,28; 4 Мојс 24,17Под сенката на Есевон премалени­те бегалци. Но оган излезе од Есевон, и пламен среде Сихон, па ќе го изгори крајот на Моав и темето на немирните синови. 46#4 Мојс 21,29Тешко тебе, Моаве! Пропадна на­родот од Хамос, бидејќи синовите твои ти ги одведоа во ропство, и ќерките твои – во плен. 47#12,15; 29,14; 49,6.39Но во последните дни ќе ги вратам моавските заробеници, вели Господ. До­тука е судот за Моав.

Селектирано:

Еремија 48: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се