Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 9

9
1 # 5,7-8; 23,10; 1 Цар 19,3-4; Пс 55,6-8 О, кога некој би ми дал во пустината пребивалиште! Би го оставил мојот народ и би избегал од нив: зашто сите тие се прељубодејци, банда на престапници.
Господ му одговара на Еремија
2 # 9,23; Ос 4,1 Како лак го запнуваат јазикот свој за лаги, со неправда се засилуваат на земјата; зашто минуваат од едно зло на друго и Мене не Ме познаваат, вели Господ. 3#12,6; Мих 7,5; Пс 41,9Пазете се секој од пријателот свој, и не доверувајте се никому од браќата свои; зашто секој брат му става сопка на другиот, и секој пријател разнесува клевета. 4#Пс 12; 120Секој го лаже пријателот свој, и вистина не говорат: го научија јазикот свој да говори лага, се трудат да прават зло. 5#Јн 3,11Насилство врз насилство, измама врз измама! Не сакаат да Ме познаат, вели Господ. 6#6,27; Ис 1,25Затоа вака вели Господ Саваот: ете, ќе ги растопам и ќе ги испитам; зашто, како инаку да постапам со ќерката на Мојот народ? 7#18,18; Пс 57,4; 64,4; Пс 28,3; Мт 26,49Јазикот нивни – стрела смртоносна, говори подмолно; со устата кон ближниот зборуваат пријателски, а во срцето свое му кројат примки. 8#32,18; 44,22; Рим 2,2Зар нема да ги казнам, вели Господ? Нема ли да се одмазди душата Моја на таков народ, како овој?
Еремија го оплакува својот народ
9На горите ќе кренам плач и пискот, и по пасиштата во степите – ридание, зашто тие се изгорени, така што преку нив никој не минува, ниту се слуша блеење на стада: и птиците небески и добитокот – сѐ се распрснало и избегало. 10#26,18; 51,37И ќе го претворам Ерусалим во купишта камења, живеалиште на змии, и градовите на Јудеја ќе ги направам пустина без жители.
Зошто запусте земјата?
11 # 5 Мојс 32,29; Ос 14,10; Пс 107,43 Има ли таков мудрец, што ќе го разбере ова? На кого му говорела устата Господова, па да објасни, зошто за­гина земјата и изгоре како пустина, така што никој не минува низ неа? 12И рече Господ – поради тоа што го оставија Мојот закон, што го бев определил за нив, не го слушаа гласот Мој и не постапија според него, 13#3,17; Ис 65,2туку одеа според тврдокорноста на срцето свое и по Вааловци, како што ги научија татковците нивни. 14#Откр 8,11Заради тоа вака вели Господ Са­ваот, Израеловиот Бог: еве, ќе ги на­хранам тие луѓе со пелин, ќе ги напојам со затруена вода. 15#13,24; 15,14; 49,37И ќе ги растурам меѓу народи, што не ги познаваа ни тие ни татковците нивни и ќе испратам по нив меч, сѐ додека не ги истреби.
Тажачки
16 # Проп 12,5 Така вели Господ Саваот: побарајте и повикајте да дојдат тажачки; испра­тете да дојдат вешти жени за таа работа. 17#8,23Нека побрзаат и да заплачат заради нас, та од очите наши да се лејат солзи и од клепките наши вода да тече. 18Затоа што глас од плач се слуша откај Сион: „Како нѐ ограбија, лошо сме посрамени; принудени сме да ја ос­тавиме земјата, зашто нашите куќи ни ги разурнаа.“ 19Па така, слушајте го, жени, словото од Господ и да внимава увото ваше на словото од устата Негова; и учете ги ќерките свои на плач, и една со друга – на тажни песни: 20#6,11; Јоил 2,9; 5 Мојс 32,25; Плач 1,20„Смртта влегува преку прозорците наши, се впушта во куќите наши, за да ги истреби децата од улиците и младината од плоштадите.“ 21#Јов 5,26Кажи им, вака вели Господ: ќе бидат фрлени труповите на луѓето како ѓубре во поле и како снопја зад же­т­вари, и не ќе има кој да ги собере.
Што сака Господ?
22 # Изреки 3,5; 21,30; Проп 9,11 Така вели Господ: мудриот да не се фали со мудроста своја, силниот да не се фали со силата своја, богатиот да не се фали со богатството свое. 23#16,21; 22,16; Пс 34,2; Јн 17,3; 1 Кор 1,31; 2 Кор 10,17А кој се фали, нека се фали со тоа дека Ме разбира Мене и дека знае дека Јас сум Господ, Кој покажува милост, суд и правда на земјата; зашто само овие работи Ми се угодни, вели Господ. 24Ете идат денови, вели Господ, кога ќе ги казнам сите кои се само надво­решно обрезани: 25Египет и Јудеја, Едом и синовите Амонови, Моав и сите кои се стрижат од страна, што живеат во пустината; зашто сите тие народи се необрезани, а и сиот дом Израелов има срце необрезано.

Селектирано:

Еремија 9: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се