Јован 15
15
Исус е вистинската лоза
1 #
Ис 5,1-7; Ез 19,10-14; Пс 80,8-19; Мт 15,13; 20,1-16 „Јас сум вистинската лоза, Мојот Отец е лозарот. 2#Ис 18,5Секоја прачка во Мене, што не дава плод, Тој ќе ја исече; и секоја, што дава плод, ќе ја очисти, за да принесе повеќе плод. 3#13,10; Дела 15,9Вие сте веќе чисти преку словото, што сум ви го проповедал. 4#6,56; Рим 11,17-18; 2 Кор 3,5Бидете во Мене, и Јас ќе бидам во вас. Како што прачката не може да роди плод сама од себе, ако не е на лозата, така и вие, ако не бидете во Мене. 5#1,3; 15,16; 1 Кор 12,12.27Јас сум лозата, а вие прачките; и кој е во Мене, и Јас во него, тој ќе даде многу плод; зашто без Мене не можете да направите ништо. 6#Ез 15,1-8; Мт 3,10; 7,19; 13,42Ако некој не остане во Мене, ќе биде исфрлен надвор, како прачка, и ќе се исуши; а таквите ќе ги соберат, и во оган ќе ги фрлат, и ќе изгорат. 7#14,13; 16,23; Мт 7,7; Мк 11,24; 1 Јн 5,14Ако останете во Мене, и зборовите Мои во вас, тогаш, што и да посакате, барајте и ќе ви биде. 8#Мт 5,13; Фил 1,11Со тоа ќе се прослави Мојот Отец: да носите многу плод и да бидете Мои ученици. 9#13,1; 17,23Како што Ме возљуби Отецот, и Јас ве возљубив вас. Останете во Мојата љубов! 10#6,38; 14,15.21; 1 Јн 2,5; 5,3Ако ги запазите Моите заповеди, ќе останете во љубовта Моја, како што Јас ги запазив заповедите на Мојот Отец и останувам во љубовта Негова. 11#16,21; 17,13; Ис 9,2; 35,10; Соф 3,14; Пс 126,3-5; Мт 25,21.23; Лк 2,10; 1 Јн 1,4Ова ви го реков за да остане радоста Моја во вас и радоста ваша да биде полна. 12#13,34; 1 Јн 3,11.23; 2 Јн 1,5Ова е Моја заповед: да се љубите еден со друг, како што ве возљубив Јас. 13#10,11; 13,1; Рим 5,6-8; 1 Јн 3,16Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели. 14#2 Мојс 13,11; Лк 12,4Вие сте Ми пријатели ако го вршите она што ви заповедам Јас. 15#Рим 1,1; Јк 1,1Веќе не ве нарекувам слуги, зашто слугата не знае што работи господарот; туку ве нареков пријатели, бидејќи ви кажав сѐ што сум чул од Мојот Отец. 16#6,70; 13,18; 14,13-14; 15,5; 16,23; 5 Мојс 7,6; Ис 41,8; Амос 3,2; Мк 3,13-14; Дела 20,28; 1 Јн 4,10Вие не Ме избравте Мене, туку Јас ве избрав вас и ве поставив да одите и да бидете плодоносни, и плодот ваш да остане, та, што и да посакате од Отецот во Мое име, да ви даде. 17#13,34; 1 Јн 3,23Оваа заповед ви ја давам: да се љубите еден со друг.“
Омразата на светот
18 #
1,10-11; 7,7; 17,14-16; Мт 10,22; 24,9; 1 Сол 2,14-16; 1 Јн 3,13 „Ако светот ве мрази, знајте дека мене светот уште пред вас Ме замрази. 19#Лк 6,22; 1 Јн 4,5Да бевте од овој свет, тогаш светот ќе го љубеше своето; но бидејќи не сте од светот, туку Јас ве избрав од светот – затоа светот и ве мрази. 20#13,16; Мт 10,24; Лк 6,40; Дела 4,17; 1 Сол 1,6; 1 Птр 4,12-19Помнете ги зборовите што ви ги реков Јас: ниеден слуга не е поголем од својот господар. Ако Мене Ме гонеа, и вас ќе ве гонат; ако Моите зборови ги запазија, и вашите ќе ги запазат. 21#8,18-19; 16,3; Мт 5,11; 10,22; Дела 5,40-41; Откр 2,3Но, сето ова ќе ви го прават заради Моето име, зашто не Го знаат Оној Кој Ме испрати. 22#9,41; 16,9Да не бев дошол и да не им бев зборувал, грев немаше да имаат. Но сега тие немаат изговор за својот грев. 23#5,23; Лк 10,16; 1 Јн 2,23Кој Ме мрази мене, Го мрази и Мојот Отец. 24#6,36; 14,11; Мт 12,24.27-28Ако не бев направил меѓу нив дела, какви што никој друг не направил, грев немаше да имаат; а сега и видоа, и Ме замразија Мене и Мојот Отец. 25#Пс 35,19; 69,5; Рим 3,19Но нека се изврши словото напишано во нивниот Закон дека Ме замразија без вина. 26#Дела 5,32#14,16.26; Мт 10,19-20; 1 Јн 3,24; 5,7А кога ќе дојде Утешителот, Кого што ќе Го испратам Јас од Отецот, Духот на Вистината, Кој излегува од Отецот, Тој ќе сведочи за Мене; 27#19,35; Лк 1,2; Дела 1,8.21-22; 1 Јн 4,14а и вие ќе сведочите, бидејќи од почетокот сте со Мене.“
Селектирано:
Јован 15: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006