Јован 8
8
Жена фатена во прељуба
1 #
Лк 21,37
А Исус отиде на Маслиновата Гора. 2#Мт 26,55; Лк 21,38Утредента пак дојде во храмот и сиот народ доаѓаше кај Него. А Тој седна и ги поучуваше. 3#Лк 7,37-50Тогаш книжниците и фарисеите доведоа кај Него жена фатена во прељубодејство; ја поставија насреде и 4Му рекоа: „Учителе, оваа жена сега е фатена во прељубодејство. 5#3 Мојс 20,10; 5 Мојс 22,22-24; Ез 16,38-40А Мојсеј во Законот ни заповеда: такви со камења да ги убиваме; Ти, пак, што велиш?“ 6#Мт 16,1; 22,15Тоа го рекоа за да Го искушаат и да го обвинат. А Исус се наведна долу и почна со прст да пишува во земјата, не гледајќи ги. 7#5 Мојс 17,7; Мт 7,1-5Кога продолжија да го прашуваат, Тој се исправи и им рече: „Кој од вас е без грев, прв нека фрли камен на неа!“ 8И пак се наведна долу и пишуваше по земјата. 9#Мт 22,22А тие, штом го чуја тоа, бидејќи совеста ги гризеше, се разотидоа еден по еден, почнувајќи од најстарите па до последните: останаа само Исус и жената, која стоеше насреде. 10А кога се исправи и не виде никого освен жената, Исус ѝ рече: „Жено, каде се оние што те обвинуваа? Никој ли не те осуди?“ 11#5,14; 2 Мојс 33,11; Пс 103,8.13-14А таа рече: „Никој, Господи.“ Тогаш Исус ѝ рече: „Ни Јас не те осудувам. Оди си и немој повеќе да грешиш.“
Исус е Светлината на светот
12 #
1,4-5.9; 12,35-36.46; 2 Мојс 13,21; Пс 27,1; 36,10; 89,16; Ис 9,1; 49,6; 60,19; 2 Кор 6,14-15; 1 Јн 1,5-7 И пак им рече Исус, велејќи: „Јас сум Светлината на светот; кој врви по Мене нема да оди во темнина, а ќе ја има светлината во животот.“ 13#5,31Тогаш Му рекоа фарисеите: „Ти сведочиш Сам за Себе; Твоето сведоштво не е вистинито.“ 14#3,11; 9,29; 13,3; 16,28Исус им одговори и рече: „Макар што сведочам Сам за Себе, Моето сведоштво е вистинито, зашто знам од каде сум дошол и каде одам; а вие не знаете од каде сум дошол и каде одам. 15#7,24; 12,47; 1 Сам 16,7; 1 Кор 2,8-16Вие судите по телото, Јас не судам никому. 16#5,30.37; 8,29И ако судам Јас, Мојот суд е вистинит, зашто не сум Сам, туку Јас и Отецот, Кој Ме прати. 17#5 Мојс 17,6; 19,15; 4 Мојс 35,30; Мт 18,16А и во законот ваш е напишано дека сведоштвото од двајца сведоци се смета за веродостојно. 18#5,32.37; 1 Јн 5,9Јас сведочам за Себе и Отецот, Кој Ме прати, сведочи за Мене.“ 19#12,45; 14,7.9-11; 16,3Тогаш Му рекоа: „Каде е Твојот Отец?“ Исус одговори: „Вие не Ме знаете ни Мене, ни Мојот Отец; ако Ме знаевте Мене, ќе Го знаевте и Мојот Отец.“ 20#7,30; Мк 12,41-43Овие зборови ги кажа Исус кај ризницата, кога поучуваше во храмот; и никој не го фати, зашто уште не беше дошол часот Негов.
Исусовото заминување и опомената до неверните
21 #
7,34.36; 13,33.36; 5 Мојс 24,16; Ез 18,20; 33,12-20 Пак им рече Исус: „Јас си одам, а вие ќе Ме барате и во својот грев ќе умрете. Каде што ќе одам Јас, вие не можете да дојдете.“ 22#7,35Тогаш Јудејците рекоа: „Да не сака да се самоубие и затоа вели: каде што ќе одам Јас, вие не можете да дојдете?“ 23#1,10; 3,31; 17,14И им рече: „Вие сте од долу, а Јас сум од горе: вие сте од овој свет, Јас, пак, не сум од овој свет. 24#8,28.58; 13,19; 2 Мојс 3,14-15; Ис 41,4; 43,10Затоа ви реков дека ќе умрете во своите гревови; и навистина, ако не поверувате дека Јас Сум Тој, ќе умрете во гревовите свои.“ 25Тогаш Му рекоа: „Кој си Ти?“ Исус им одговори: „А што ви кажувам од почетокот? 26#7,28; 12,49Многу имам за вас да зборувам и да судам; но, Оној што Ме прати е вистинит и она што сум чул од Него, тоа и му го кажувам на светот.“ 27Но не разбраа дека им говореше за Отецот. 28#3,14; 5,19; Мт 8,20А Исус им рече: „Кога ќе Го издигнете Синот Човечки, тогаш ќе сфатите дека сум Јас и дека ништо не правам Сам од Себе, туку, како што Ме научи Мојот Отец, така и зборувам. 29#4,34; 5,30; 16,32; 2 Мојс 3,12; Ис.Н. 1,5; Ер 1,8Оној што Ме прати е со Мене; Отецот не Ме остави Сам, зашто секогаш го вршам она што Му е угодно.“ 30#2,23; 7,31; 10,42Кога Тој го зборуваше ова, мнозина поверуваа во Него.
Кој е навистина слободен?
31 #
3,11; 15,7; Дела 11,23; 2 Јн 1,9 Тогаш Исус им говореше на Јудејците, што беа поверувале во Него: „Ако вие останете во Моето слово, навистина ќе бидете Мои ученици; 32#1,14.17; 14,6.17и ќе ја запознаете вистината, и вистината ќе ве ослободи.“ 33#Мт 3,9; Рим 4,12; 9,7; Гал 3,6-16; Евр 2,16Му одговорија и рекоа: „Ние сме семе Авраамово и никогаш никому не сме робувале; а како Ти велиш: ‚Ќе бидете слободни?‘“ 34#Рим 6,17-19; 2 Птр 2,19; 1 Јн 3,8Исус им одговори: „Вистина, вистина ви велам: секој што прави грев, роб му е на гревот. 35#1 Мојс 21,10; 2 Мојс 21,2; 5 Мојс 15,12; Ер 2,14; Гал 4,30А робот не останува вечно дома; Синот останува вечно. 36#Рим 6,18-22; 2 Кор 3,17И ако Синот ве ослободи, навистина ќе бидете слободни. 37#5,18Знам дека сте семе Авраамово, но сакате да Ме убиете, зашто словото Мое не може да се смести во вас. 38#3,11; 6,45Јас го кажувам она што сум го видел кај Мојот Отец; а и вие го правите она што сте го виделе кај вашиот татко.“ 39#8,33; 1 Мојс 15,6; Мт 3,9; Рим 4,3.18.20; Јк 2,21-24Му одговорија и рекоа: „Наш татко е Авраам.“ Исус им рече: „Ако бевте чеда Авраамови, вие ќе ги вршевте делата Авраамови. 40А сега сакате да Ме убиете, Мене, Човекот Кој ви ја кажа вистината што ја чу од Бога. Авраам така не правеше. 41#2 Мојс 4,22; 5 Мојс 32,6; Ис 63,16; 64,7; Ер 3,1-4Вие ги вршите делата на својот татко.“ А тие Му рекоа: „Ние не сме родени од блудство; еден Отец имаме – Бог.“ 42#13,3; 17,8; Мал 2,10; 1 Јн 5,1Но Исус им рече: „Ако Бог беше ваш Отец, тогаш ќе Ме сакавте Мене, бидејќи Јас сум излегол и доаѓам од Бога. Зашто не дојдов Сам од Себе, туку Тој Ме прати. 43#Рим 8,7Зошто не ги разбирате Моите зборови? Затоа што не можете да ги слушате поуките Мои. 44#1 Мојс 3,4; Рим 5,12; 1 Птр 5,8; 1 Јн 3,8-15; Откр 12,12Вашиот татко е ѓаволот; и вие сакате да ги исполнувате желбите на својот татко; тој е човекоубиец од почетокот и не стои во вистината, зашто во него нема вистина. Кога зборува лага, говори од себе, зашто е лажливец и татко на лагата. 45#Гал 4,16А бидејќи Јас вистината ви ја кажувам, не Ми верувате. 46#2 Кор 5,21; Евр 4,15; 1 Птр 2,22; 1 Јн 3,5Кој од Вас може да Ме обвини за неправда? Ако ли, пак, вистина зборувам, тогаш зошто не Ми верувате? 47#18,37; 1 Јн 4,6; 5,19Кој е од Бога, тој ги слуша Божјите зборови. А вие не ги слушате, зашто не сте од Бога.“ 48#4,9; 7,20; 10,20; Мк 3,22; Лк 9,52Тогаш Јудејците Му одговорија и рекоа: „Не зборуваме ли право дека си Ти Самарјанин и дека зол дух има во Тебе?“ 49#Мал 1,6Исус им одговори: „Во Мене нема зол дух, туку Го почитувам Својот Отец, а вие Ме бесчестите. 50#5,41; 7,18; 1 Птр 2,23Но Јас не барам Своја слава; има Друг што ја бара, и што ќе суди. 51#5,24; 11,25-26; Лк 2,26; Евр 11,5Вистина, вистина ви велам; кој ќе ги запази зборовите Мои, нема да види смрт довека.“ 52#7,20; 10,20; Мк 9,1; Дела 2,29Тогаш Јудејците Му рекоа: „Сега разбравме дека во Тебе има нечист дух: Авраам умре, и пророците, а ти велиш, кој ќе ги запази зборовите Мои, смрт нема да види довека. 53#4,12; Мт 12,41Да не си Ти поголем од нашиот татко Авраам, кој умре? И пророците умреа; а за кого се сметаш Себе си?“ 54#13,32; 17,5Исус одговори: „Ако се славам Сам, тогаш славата Моја е ништо; Оној Кој ме прославува е Мојот Отец, за Кого вие велите дека е ваш Бог; 55#7,28-29; Мт 11,27но не Го познавате, а Јас, пак, го знам. И ако кажам дека не Го познавам, ќе бидам лажго како вие. Но Јас Го знам и го пазам словото Негово. 56#12,41; 1 Мојс 17,17; Ез 30,3; Јоил 1,15; Мт 13,17; 1 Кор 1,8; Евр 11,13Авраам, таткото ваш, би се зарадувал да го види Мојот ден; и го виде, и се зарадува.“ 57Тогаш Јудејците Му рекоа: „Уште немаш ни педесет години – а си го видел Авраам!?“ 58#8,24; 17,5; Ис 43,13Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам: Јас постојам уште пред да се роди Авраам.“ 59#10,31; 11,8; Лк 4,29-30Тогаш зедоа камења за да ги фрлат на Него; Исус се сокри и излезе од храмот.
Селектирано:
Јован 8: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006