Јов 13
13
Одговор на Јов (продолжение): тој сака слободен разговор со Бога
1„Ете, сето тоа окото мое го виде, увото мое го чу и го разбра. 2#12,3Колку што знаете вие, знам и јас; не сум подолу од вас. 3#13,13Но јас кон Седржителот би сакал да говорам, би сакал со Бога да се соочам. 4#Ез 13,10; 22,28Зашто вие сте ковачи на лаги; сите вие сте бесполезни лечители. 5#Изреки 17,28Кога би знаеле да молчите, би било тоа ваша најголема мудрост. 6Ислушајте го мојот приговор и проникнете во жалбите на усните мои. 7#42,7Требаше ли да говорите заради Бога неправда и заради Него да говорите лага? 8Требаше ли да бидете пристрасни кон Него и за Бога така да се препирате? 9#Гал 6,7Добро ли ќе биде, Тој да ве испитува? Ќе Го измамите ли како што се измамува човек? 10#Мт 3,8; Дела 5,3-4Тој строго ќе ве казни, иако скришно лицемерите. 11#Ис 6,1-5; Ер 10,10; Пс 119,120Зар големината Негова не ве плаши, и страв од Него не ве обзема? 12Вашите забелешки прилегаат на пепел; вашата одбрана е глинена ограда. 13#7,11; 9,35; 23,4.7Молкнете пред мене, а јас ќе говорам што и да ме снајде. 14#Суд 12,3; 1 Сам 19,5; 28,21Зар јас самиот да си го раскинувам со забите телото свое? И душата своја да си ја ставам в рака? 15Тој нека ме убие, немам што повеќе да загубам; само сакам однесувањето мое пред лицето Негово да го оправдам. 16#1 Мојс 3,8И тоа ми е веќе за спасение, бидејќи безбожник нема да се јави пред лицето Негово. 17Ислушајте ги внимателно зборовите мои и објасненијата мои со ушите ваши. 18#9,3.32Ете, започнав судска постапка; знам дека ќе бидам прав. 19#Ис 1,18; 50,8Кој има сила да ме надвие? Потоа ќе молкнам и ќе го испуштам духот. 20Само две работи направи за мене, и тогаш јас нема да се кријам од Твоето лице; 21#9,34; 22,10; 33,7тргни ја од мене раката Своја, и Твојот ужас да не ме потресува. 22Тогаш прашувај ме, и јас ќе одговарам; или јас да прашувам, а Ти да одговараш. 23#6,24; 10,2Колку се пороците и гревовите мои? Покажи ми го беззаконието мое и гревот мој. 24#Пс 4,6; 44,23; 88,15Зошто го криеш сега лицето Свое од мене и ме сметаш за Твој непријател? 25#Пс 83,13Зошто со страв го мачиш од ветрот скинатиот лист, зошто ја гониш сувата сламка? 26#Пс 25,7Зошто пишуваш против мене горчливи пресуди и ми ги сметаш гревовите на младоста моја, 27ги тураш во клада нозете мои и ги демнеш сите мои патишта, – ги испитуваш трагите на нозете мои? 28#Ис 50,9; Пс 39,11; 102,27А животот мој како изгниено дрво се распаѓа, како облека од молци изедена.“
Селектирано:
Јов 13: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006