Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јов 26

26
Одговор на Јов: каква жалосна помош ми нудиш!
1Одговори на тоа Јов и рече: 2#12,2„Како му помогна ти на слабиот, како ја поткрепи раката на немоќ­ниот! 3#13,1Каков совет му даде ти на неразумниот и како ја покажа својата мудрост! 4#17,5Кому му ги кажуваше тие зборови? Чиј дух излегуваше од тебе?
Универзалната моќ на Бога
5 # 24,22 Подлабоко од водите, и под оние што живеат во нив, треперат мртов­ците. 6#Пс 139,8Светот на мртвите е откриен пред Него, и нема покривка над него. 7#38,6Го послал Тој северот над празнината, ја закачил земјата на ништо. 8#38,28Тој ги заклучува водите во обла­ците Свои, и облакот под нив не се отвора. 9#37,18; 38,25Го поставил престолот Свој и го распнал над него Својот облак. 10#38,24Ставил круг над водната повр­шина на границата меѓу светлината и темнината. 11#38,33Столбовите небески се тресат и треперат од силата Негова. 12#38,8-11Со силата Своја го бранува морето и со разумот Свој го поразува бес­нее­њето негово. 13#37,21Со Својот Дух го разбистри не­бото; раката Негова ја прободе лукавата змија. 14#37,2Ете, тоа се делови од патиштата Негови; а колку малку сме слушале за Него! И кој може да го разбере громот на Неговата моќ?“

Селектирано:

Јов 26: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се