Јов 26
26
Одговор на Јов: каква жалосна помош ми нудиш!
1Одговори на тоа Јов и рече: 2#12,2„Како му помогна ти на слабиот, како ја поткрепи раката на немоќниот! 3#13,1Каков совет му даде ти на неразумниот и како ја покажа својата мудрост! 4#17,5Кому му ги кажуваше тие зборови? Чиј дух излегуваше од тебе?
Универзалната моќ на Бога
5 #
24,22
Подлабоко од водите, и под оние што живеат во нив, треперат мртовците. 6#Пс 139,8Светот на мртвите е откриен пред Него, и нема покривка над него. 7#38,6Го послал Тој северот над празнината, ја закачил земјата на ништо. 8#38,28Тој ги заклучува водите во облаците Свои, и облакот под нив не се отвора. 9#37,18; 38,25Го поставил престолот Свој и го распнал над него Својот облак. 10#38,24Ставил круг над водната површина на границата меѓу светлината и темнината. 11#38,33Столбовите небески се тресат и треперат од силата Негова. 12#38,8-11Со силата Своја го бранува морето и со разумот Свој го поразува беснеењето негово. 13#37,21Со Својот Дух го разбистри небото; раката Негова ја прободе лукавата змија. 14#37,2Ете, тоа се делови од патиштата Негови; а колку малку сме слушале за Него! И кој може да го разбере громот на Неговата моќ?“
Селектирано:
Јов 26: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
![None](/_next/image?url=https%3A%2F%2Fimageproxy.youversionapistaging.com%2F58%2Fhttps%3A%2F%2Fweb-assets.youversion.com%2Fapp-icons%2Fmk.png&w=128&q=75)
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006