Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јов 37

37
1„И од тоа трепери срцето мое и се крева од местото свое. 2#38,29Чујте, чујте го гласот Негов и громот што излегува од устата Негова. 3Под целото небо се разнесува грме­жот Негов, и светкавицата Него­ва – до краиштата на земјата. 4#Пс 29По Него гром се разгласува; грми Тој со гласот на Своето величие и не го запира, кога гласот Негов ќе се чуе. 5#26,14Чудно грми Бог со гласот Свој, врши големи дела, за нас недостижни. 6Зашто Тој му вели на снегот: – паѓај на земјата; и ситниот и крупниот дожд се во Негова власт. 7#28,25-28Тој става печат врз раката на секој човек, за да ги знаат сите луѓе Неговите дела. 8#Пс 104,22Тогаш ѕверот оди во прибежиштето и си останува на леглото свое. 9#Пс; 147,15-16Од југ доаѓа бура, од север – студ. 10Од дувањето Божјо настанува лед: водената површина се собира. 11#26,9Со влага ги полни облаците; а од облаците зрачи светлината Негова, 12#Пс 104и тие се движат по целата земја според волјата Негова, за да го извршат она што им го заповедал Тој. 13Тој им заповеда да отидат или за казна, или за благослов, или за помилување. 14#Пс 111,2-4Вслушај се во ова, Јов; стој и гледај ги чудесните дела Божји. 15Знаеш ли како Бог ги распоредува и како ѝ заповеда на светлината да болска од Неговиот облак? 16Ја разбираш ли рамнотежата на облаците, чудното дело на Најсоврше­ниот во секое знаење? 17Како се стоплува облеката твоја ко­га ја успокојува земјата од југ? 18#9,8; 26,8; Изреки 8,27Со Него ли го распна небото, кое стои така цврсто како излеано огледало? 19Научи нѐ што да Му кажеме. Во овој мрак не можеме ништо да распо­знаеме. 20Ќе му биде ли јавено што зборувам јас? Кажал ли некој дека Нему Му се соопштува што е зборувано? 21#22,14Сега не се гледа болскавата свет­лина во облаците, но ќе дувне ветер и ќе ги расчисти. 22Убавото време доаѓа од север, и околу Бога убавината е преголема. 23#36,6-7Седржител! Ние не Го достигнуваме. Голем е по сила, по судот и по полнотата на правосудието, но Тој никого не го угнетува. 24#28,28Поради тоа нека се плашат пред Него луѓето и нека треперат пред Него сите мудри по срце!“

Селектирано:

Јов 37: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се