Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исус Навин 4

4
Дванаесет камења за спомен на чудното преминување преку Јордан
1 # 5 Мојс 27,2 Кога целиот народ го премина Јордан, Господ му рече на Исус: 2#3,13„Земи од народот дванаесет луѓе, по еден маж од секое племе 3#3,17; 5 Мојс 27,2и заповедај им и кажи им: ‚Земете оттука, среде Јордан, каде што стоеја неподвижно нозете на свештениците, дванаесет камења, понесете ги со себе и ставете ги на местото, каде што ќе но­ќевате оваа ноќ!‘“ 4#3,12Исус повика дванаесет луѓе, што ги избра од синовите Израелови, по еден маж од секое племе 5#3,17и им рече: „Одете по мене пред лицето на Господ, вашиот Бог, среде Јордан и секој нека земе оттаму по еден камен, и нека го стави на рамо според бројот на племињата на синовите Израелови, 6#4,21-24; 2 Мојс 12,26; 13,14; 5 Мојс 6,20за да бидат кај вас знак; кога ќе те праша во подоцнежно време синот твој и ќе рече: ‚зошто се овие камења кај вас?‘ 7#2 Мојс 28,12а ти ќе му речеш на синот твој: ‚Водата во реката Јордан престана да тече пред ковчегот на заветот на Гос­под; кога тој го преминуваше Јордан, тогаш водата јорданска пресуши‘; и така тие камења ќе бидат кај вас како ве­чен споменик на синовите Из­ра­ело­ви.“ 8И синовите Израелови направија та­ка, како што заповеда Исус: зедоа дванаесет камења од среде Јордан, како што му рече Господ на Исус, според бројот на племињата на синовите Изра­елови, и ги понесоа со себе во логорот, и ги ставија таму. 9#1 Мојс 35,20И други дванаесет камења постави Исус среде Јордан на местото, каде што им стоеја нозете на свешетниците, кои го носеа ковчегот на заветот. Тие се таму и до ден-денес. 10Свештениците, пак, кои го носеа ковчегот, стоеја среде Јордан, додека не беше свршено сѐ што Господ му беше заповедал на Исус – точно така, како што му беше заповедал Мојсеј на Исус; па потоа народот брзо преминуваше. 11Кога целиот народ премина, тогаш премина и ковчегот Господов и камењата пред нив. 12#4 Мојс 32,29И Рувимовите синови и Гадовите синови и половината од Манасиевото племе поминаа вооружени пред сино­вите Израелови, како што им беше за­поведал Мојсеј. 13Околу четириесет илјади вооруже­ни за борба преминаа пред Господ кон градот Ерихон за да се борат. 14#3,7Во тој ден Господ го возвеличи Исус пред целиот Израел и почнаа да го почитуваат како што го почитуваа Мојсеј, додека беше жив. 15И му рече Господ на Исус, велејќи: 16„Заповедај им на свештениците, што го носат ковчегот на заветот, да излезат од Јордан.“ 17Исус им заповеда на свештениците и рече: „Излезете од Јордан!“ 18И кога свештениците, што го носеа ковчегот на заветот Господов, излегоа од Јордан, и штом нозете нивни стапија на суво, водата на Јордан се спушти на своето место, потече, како порано, по целото корито. 19И народот излезе од Јордан во де­сеттиот ден на првиот месец и се смести во Гилгал, на исток од Ерихон. 20#3,8И дванаесетте камења, што ги беа зеле од Јордан, Исус ги постави во Гилгал 21и им рече на синовите Израелови: „Кога ќе ве прашаат вашите синови, велејќи: ‚Зошто се овие камења?‘ 22кажете им на вашите синови: Изра­ел го помина Јордан по суво. 23#2 Мојс 14,21Зашто Господ, вашиот Бог, ги ису­ши водите на Јордан за вас, додека да го преминете, исто онака, како што Господ, вашиот Бог, го направи со Цр­веното Море, кое го исуши пред нас, додека го преминувавме, 24#2 Мојс 14,31; 15,16; Пс 44,2; 89,14; 98,1; 118,15-16за да видат сите народи на земјата дека раката Господова е силна, и да Го почитувате Господа, вашиот Бог, секогаш.“

Селектирано:

Исус Навин 4: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се