Исус Навин 4
4
Дванаесет камења за спомен на чудното преминување преку Јордан
1 #
5 Мојс 27,2
Кога целиот народ го премина Јордан, Господ му рече на Исус: 2#3,13„Земи од народот дванаесет луѓе, по еден маж од секое племе 3#3,17; 5 Мојс 27,2и заповедај им и кажи им: ‚Земете оттука, среде Јордан, каде што стоеја неподвижно нозете на свештениците, дванаесет камења, понесете ги со себе и ставете ги на местото, каде што ќе ноќевате оваа ноќ!‘“ 4#3,12Исус повика дванаесет луѓе, што ги избра од синовите Израелови, по еден маж од секое племе 5#3,17и им рече: „Одете по мене пред лицето на Господ, вашиот Бог, среде Јордан и секој нека земе оттаму по еден камен, и нека го стави на рамо според бројот на племињата на синовите Израелови, 6#4,21-24; 2 Мојс 12,26; 13,14; 5 Мојс 6,20за да бидат кај вас знак; кога ќе те праша во подоцнежно време синот твој и ќе рече: ‚зошто се овие камења кај вас?‘ 7#2 Мојс 28,12а ти ќе му речеш на синот твој: ‚Водата во реката Јордан престана да тече пред ковчегот на заветот на Господ; кога тој го преминуваше Јордан, тогаш водата јорданска пресуши‘; и така тие камења ќе бидат кај вас како вечен споменик на синовите Израелови.“ 8И синовите Израелови направија така, како што заповеда Исус: зедоа дванаесет камења од среде Јордан, како што му рече Господ на Исус, според бројот на племињата на синовите Израелови, и ги понесоа со себе во логорот, и ги ставија таму. 9#1 Мојс 35,20И други дванаесет камења постави Исус среде Јордан на местото, каде што им стоеја нозете на свешетниците, кои го носеа ковчегот на заветот. Тие се таму и до ден-денес. 10Свештениците, пак, кои го носеа ковчегот, стоеја среде Јордан, додека не беше свршено сѐ што Господ му беше заповедал на Исус – точно така, како што му беше заповедал Мојсеј на Исус; па потоа народот брзо преминуваше. 11Кога целиот народ премина, тогаш премина и ковчегот Господов и камењата пред нив. 12#4 Мојс 32,29И Рувимовите синови и Гадовите синови и половината од Манасиевото племе поминаа вооружени пред синовите Израелови, како што им беше заповедал Мојсеј. 13Околу четириесет илјади вооружени за борба преминаа пред Господ кон градот Ерихон за да се борат. 14#3,7Во тој ден Господ го возвеличи Исус пред целиот Израел и почнаа да го почитуваат како што го почитуваа Мојсеј, додека беше жив. 15И му рече Господ на Исус, велејќи: 16„Заповедај им на свештениците, што го носат ковчегот на заветот, да излезат од Јордан.“ 17Исус им заповеда на свештениците и рече: „Излезете од Јордан!“ 18И кога свештениците, што го носеа ковчегот на заветот Господов, излегоа од Јордан, и штом нозете нивни стапија на суво, водата на Јордан се спушти на своето место, потече, како порано, по целото корито. 19И народот излезе од Јордан во десеттиот ден на првиот месец и се смести во Гилгал, на исток од Ерихон. 20#3,8И дванаесетте камења, што ги беа зеле од Јордан, Исус ги постави во Гилгал 21и им рече на синовите Израелови: „Кога ќе ве прашаат вашите синови, велејќи: ‚Зошто се овие камења?‘ 22кажете им на вашите синови: Израел го помина Јордан по суво. 23#2 Мојс 14,21Зашто Господ, вашиот Бог, ги исуши водите на Јордан за вас, додека да го преминете, исто онака, како што Господ, вашиот Бог, го направи со Црвеното Море, кое го исуши пред нас, додека го преминувавме, 24#2 Мојс 14,31; 15,16; Пс 44,2; 89,14; 98,1; 118,15-16за да видат сите народи на земјата дека раката Господова е силна, и да Го почитувате Господа, вашиот Бог, секогаш.“
Селектирано:
Исус Навин 4: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006