Лука 5
5
Првите ученици
(Мт 4,18-22; Мк 1,16-20; Јн 21,1-11)
1 #
Мт 13,1-2
#
Јн 1,40-42; 21,1-19 #
Мк 4,1
Еднаш, кога народот се притискаше кон Него за да го чуе словото Божјо, Тој стоеше покрај Генисаретското езеро. 2Тогаш виде два кораба што стоеја покрај езерото; а рибарите беа излегле од нив и си ги плавеа мрежите. 3Тој влезе во еден од корабите, кој беше на Симон, па го замоли да отплови малку од брегот, па седна и почна да го поучува народот од коработ. 4А штом престана да говори, му рече на Симон: „Заплови кон длабочините и фрлете ги мрежите свои за лов!“ 5#8,24.45Но Симон Му одговори и рече: „Учителе, цела ноќ се трудевме и ништо не уловивме; но по Твоја волја ќе ја фрлам мрежата.“ 6И штом го направи тоа, тие уловија толку големо количество риба, што дури и мрежата им се скина. 7Им дадоа знак на другарите што беа во другиот кораб да дојдат и да им помогнат; и тие дојдоа и ги наполнија и двата кораба, така што за малку ќе потонеа. 8#2 Мојс 33,20А кога го виде тоа, Симон Петар падна пред нозете Исусови и Му рече: „Оди си од мене, Господи, зашто сум грешен човек!“ 9Зашто него, и сите што беа со него, ги беше обзел страв од многуте риби, што ги уловија, 10#Мк 1,17.19-20а исто така и Јаков и Јован, синовите Заведееви, кои му беа другари на Симон. И му рече Исус на Симон: „Не плаши се! Отсега ќе ловиш луѓе!“ 11#5,28; 14,33; Мт 19,27Кога ги извлекоа двата кораба на суво, оставија сѐ и тргнаа по Него.
Исцелувањето на лепрозниот
(Мт 8,1-4; Мк 1,40-45)
12А кога беше Исус во еден град, дојде некој човек, сиот лепрозен, и штом Го виде Исус, падна ничкум и молејќи Му се, рече: „Господи, ако сакаш можеш да ме очистиш.“ 13Исус, подавајќи ја раката, го допре и рече: „Сакам, очисти се!“ И веднаш лепрата падна од него. 14#3 Мојс 13,49; 14,1-32; Мк 1,25И му заповеда никому да не кажува; и му рече: „Оди и покажи му се на свештеникот, и принеси дар за очистувањето твое, како што одредил Мојсеј, ним за сведоштво!“ 15#4,14.37Но уште повеќе се разнесуваше глас за Него и многу луѓе доаѓаа да Го слушаат и да бидат излечени од своите болести. 16#3,21; 6,12; 9,18.28; 11,1А Тој се повлекуваше во осамени места и се молеше.
Исцелувањето на фатениот човек
(Мт 9,1-8; Мк 2,1-12)
17 #
1,35; 4,36; 6,19; Мк 5,30; Дела 3,12 Еден ден, додека Тој поучуваше, седеа таму фарисеи и законоучители, кои беа дошле од сите села на Галилеја и Јудеја, и од Ерусалим; а Тој имаше сила Господова да лекува. 18И, ете, некои донесоа на постела еден човек, што беше неподвижен, и сакаа да го внесат и положат пред Него; 19па, бидејќи не најдоа место од каде да го внесат поради народот, се качија на куќата и преку покривот го спуштија сосе постела, насреде, пред Исус. 20#Мт 8,10; 26,28А Тој, штом ја виде верата нивна, рече: „Човеку, ти се простуваат гревовите!“ 21#7,49; Ис 43,25; Пс 103,3; Мт 9,3; 1 Јн 1,9Книжниците, пак, и фарисеите почнаа да размислуваат и да велат: „Кој е Овој што хули на Бога? Кој може да ги простува гревовите, освен Единиот Бог?“ 22#6,8; 9,47; Мт 12,25А Исус, кога ги разбра нивните помисли, им одговори и рече: „Што размислувате во срцата свои? 23Што е полесно да се каже: ‚Ти се простуваат гревовите‘, или да кажам: ‚Стани и оди?‘ 24#Мт 8,20; Јн 5,8; Дела 9,33-35Но за да знаете дека Синот Човечки има власт на земјата да ги простува гревовите.“ Му рече на неподвижниот: „Тебе ти велам: стани, земи си ја постелата и оди си дома!“ 25#2,20И тој веднаш стана пред нив и си го зеде она, на кое лежеше, па си отиде дома, славејќи Го Бога. 26#2,9.11.13Ужас ги обзеде сите и Го славеа Бога; па, исполнети со страв, говореа: „Чудни работи видовме денес!“
Гозбата кај Левиј
(Мт 9,9-17; Мк 2,13-17)
27 #
Мт 5,46
А потоа излезе Исус и виде еден цариник, по име Левиј, кој седеше во царинарницата, и му рече: „Врви по Мене!“ 28#5,11; 12,33Тој остави сѐ, стана и тргна по Него. 29#15,1-2; Мт 11,19И во својот дом Левиј Му приготви голема гозба; а таму имаше многу цариници и други што седеа на трпезата со нив. 30#Мт 3,7; 5,46Книжниците, пак, и фарисеите негодуваа против Него и им говореа на учениците Негови: „Зошто со цариници и грешници јадете и пиете?“ 31Исус им одговори и рече: „Здравите немаат потреба од лекар, туку болните; 32#13,1-5; 24,47; Мт 3,2; 1 Тим 1,15не сум дошол да ги повикам праведните на покајание, туку грешните.“
За постот
(Мт 5,14-15; Мк 2,18-20)
33 #
18,12; Мт 6,16; Јн 3,25-26 А тие Му рекоа: „Зошто учениците Јованови постат често и се молат, како и фарисејските, а Твоите јадат и пијат?“ 34Тој им рече: „Зар можете да ги натерате сватовите да постат, додека е со нив младоженецот? 35#9,22; 17,22Но ќе дојдат дни кога ќе се оддели од нив младоженецот и тогаш во тие дни, ќе постат.“
Старото и новото
(Мт 9,16-17; Мк 2,21-22)
36 #
2 Кор 5,17; Гал 1,6; 4,9 Им ја кажа и оваа парабола: „Никој не пришива на стара облека крпа отсечена од нова облека; зашто и новата ќе се отпара, а и на старата не ѝ прилега нова крпа. 37И никој не налива ново вино во стари мевови; зашто новото вино ќе ги расцепи мевовите, и тоа ќе истече, а мевовите ќе се упропастат; 38туку, ново вино треба да се става во нови мевови; па така ќе се зачува и едното и другото. 39#Јн 2,10; 3,19И никој, откако пиел старо вино, нема да побара ново; зашто вели: ‚Старото е подобро.‘“
Селектирано:
Лука 5: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006