Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 19

19
За разводот
(Мк 10,1-12; Лк 16,18)
1 # 7,28 Кога ги заврши Исус тие збо­рови, тргна од Галилеја и прис­тиг­на во пределите јудејски, отаде Јордан. 2#12,15По Него појде многу народ и Тој ги исцели таму. 3#16,1; Лк 11,54; Јн 8,6И дојдоа кај Него фарисеите што Го искушуваа, па Му рекоа: „Може ли чо­век да ја остави жената своја за каква и да било причина?“ 4#1 Мојс 1,27; 5,2Тој им одговори и рече: „Не ли сте читале, дека Оној што ги создаде во по­четокот, маж и жена ги создаде, и рече: 5#1 Мојс 2,24; 1 Кор 6,16; Ефес 5,31‚Затоа ќе остави човек татко и мајка и ќе се прилепи до жената своја и ќе би­дат обата едно тело.‘ 6#1 Кор 7,10Па така, тие веќе не се двајца, туку едно тело. А Бог што соединил човек да не разделува.“ 7#5,31; 5 Мојс 24,1Тие Му рекоа: „Зошто тогаш Мојсеј заповеда да ѝ даде мажот разводно пис­мо и да ја напушти?“ 8Тој им одговори: „Заради вашите жестоки срца Мојсеј ви дозволи да ги оставате жените свои; но во почетокот не беше така. 9#5,32; Лк 16,18; 1 Кор 7,10-11Јас, пак, ви велам: оној што ќе ја ос­тави својата жена, освен заради прељуба, и се ожени со друга, тој извршува прељуба; и оној, што ќе се ожени со на­пуштена, исто така прељубодејствува.“
Брак и безбрачност
10 # 1 Кор 7,1 А учениците Негови Му рекоа: „Ако е таква должноста на човекот кон жената, тогаш не треба ни да се жени!“ 11#1 Кор 7,17Но Тој рече: „Секој не може да го прифати ова учење, туку само оние на кои им е дадено; 12#1 Кор 7,1.7-8.32-34зашто има скопени, така родени од мајчината утроба; а има скопени и од луѓе, но има и скопени, кои самите себе се скопиле заради цар­с­твото небесно. Кој може да прифати, нека прифати.“
Исус ги благословува децата
(Мк 10,13-16; Лк 18,15-17)
13 # Лк 9,47; 1 Тим 4,14 Тогаш кај Него доведоа деца, за да ги положи рацете над нив и да се по­мо­ли, а учениците им забрануваа. 14#18,3-4Но Исус рече: „Оставете ги децата и не пречете им да доаѓаат кај Мене, зашто на такви е царството небесно.“ 15#Мк 10,16И откако ги положи рацете над нив, Исус си отиде оттаму.
За богатиот млад човек
(Мк 10,17-31; Лк 13,30; 18,18-30)
16 # Лк 10,25 И ете, еден човек, кога пристапи до него, Му рече: „Учителе добар, какво добро треба да направам за да имам жи­вот вечен?“ 17#3 Мојс 18,5; Ез 18,21; Лк 10,28; Јк 2,10А Тој му одговори: „Зошто Ме на­рекуваш добар? Само Еден е добар#19,17 Во некои ракописи на ова место стои: „Никој не е добар освен Еди­ни­от Бог.“. А ако сакаш да влезеш во животот, запазувај ги заповедите.“ 18#15,4; 2 Мојс 20,12-16; 3 Мојс 19,18; 5 Мојс 5,16-20; Рим 13,9Тој Му рече: „Кои?“ А Исус од­го­во­ри: „Не убивај, не прељубодејствувај, не кради, не сведочи лажно; 19почитувај ги татка си и мајка си; са­кај го ближниот свој како себеси!“ 20Младиот човек Му рече: „Сето тоа сум го запазил уште од детството; што ми е уште потребно?“ 21#5,3.48; 6,20; Кол 3,1-2Исус му кажа: „Ако сакаш да би­деш совршен, оди, продај го имотот свој и раздели го на сиромаси, и ќе имаш бо­гат­ство на небото; па дојди и врви по Мене!“ 22#Лк 12,15-21Штом ги чу младиот човек овие зборови, си отиде нажален, бидејќи имаше голем имот. 23#Мк 10,23-27; Лк 18,24-27А Исус им рече на учениците Свои: „Вистина, ви велам, богат мачно ќе влезе во царството небесно; 24#1 Кор 1,26и уште ви велам: полесно ѝ е на ка­милата да мине низ иглени уши, от­кол­ку на богатиот да влезе во царството Божјо.“ 25Кога го чуја тоа учениците, многу се зачудија и рекоа: „Тогаш кој може да се спаси?“ 26#1 Мојс 18,14; Ер 32,17; Зах 8,6; Јов 42,2; Лк 1,37Исус, ги погледна и им рече: „За луѓето тоа не е можно, но за Бога сѐ е можно.“ 27#4,20.22Тогаш Петар одговори и Му рече: „Ете, ние оставивме сѐ, и по Тебе оди­ме: што ќе стане, со нас?“ 28#8,20; Дан 7,22; Лк 22,30; 1 Кор 6,2; Откр 3,21; 21,1.12А Исус им рече: „Вистина ви велам дека вие што врвите по Мене, во новиот свет, кога Синот Човечки ќе седне на престолот на славата Своја, ќе седнете и вие на дванаесет престоли и ќе судите над дванаесетте Израелови колена; 29#Лк 14,26и секој што ќе остави куќа, или брат, или сестра, или татко, или мајка, или жена, или деца, или ниви, заради Моето име, ќе наследи стопати повеќе и ќе до­бие живот вечен. 30#20,16; Лк 13,30Но мнозина први ќе бидат последни, а последните први.“

Селектирано:

Матеј 19: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се