Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 2

2
Мудреците од исток
1 # 2,5; Дан 2,2.10; Лк 1,5; 2,1-7 А кога се роди Исус во Витлеем Јудеј­ски, во времето кога царуваше Ирод, ете, дојдоа во Ерусалим мудреци од исток и рекоа: 2#27,11.29.37; 4 Мојс 24,17„Каде е новородениот Јудејски Цар? Ја видовме Неговата ѕвезда на исток, па дојдовме да Му се поклониме.“ 3Штом го чу тоа, царот Ирод се воз­немири и цел Ерусалим со него. 4И кога ги собра сите првосвештеници и книжници од народот, ги праша: „Каде треба да се роди Христос#2,4 Месијата?“ 5А тие му одговорија: „Во Витлеем Јудејски; зашто така е напишано преку пророкот: 6#2 Сам 5,2; Мих 5,1; 1 Цар 11,2; Јн 7,42; Евр 7,14‚И ти, Витлееме, земјо Јудина, по ништо не си помал меѓу војводствата Јудини; зашто од тебе ќе излезе Водач што ќе го пасе Мојот народ – Израел.‘“ 7Тогаш Ирод тајно ги повика мудреците и го дозна од нив за времето кога се појавила ѕвездата, 8#1 Сам 23,23па, испраќајќи ги во Витлеем, им ре­че: „Одете и распрашајте се добро за Младенецот и, штом ќе Го најдете, јавете ми за да одам и јас да Му се поклонам.“ 9Тие, откако го ислушаа царот, си заминаа. И, ете, ѕвездата, што ја беа виделе на исток, врвеше пред нив, додека не пристигна и се запре над местото каде што беше Младенецот. 10А кога ја видоа ѕвездата, тие се за­радуваа со многу голема радост. 11#Ис 49,23; 60,6; Пс 72,10-15И штом влегоа во куќата, Го видоа Младенецот со мајка Му Марија, и паднаа, па Му се поклонија; потоа ги отво­рија своите ковчежиња и Му принесоа дарови: злато, ливан и смирна. 12#1,20; 1 Мојс 20,3-7; 31,24; 46,2-4; 1 Цар 13,9; Дела 16,9И откако примија предупредување на сон, не се вратија веќе кај Ирод, туку си заминаа по друг пат за својата земја.
Бегството во Египет
13 # 1,20; 1 Цар 11,17.40; 2 Цар 25,26; Ер 26,21 А штом си отидоа тие, ете, ангел Господов му се јави на Јосиф на сон, ве­лејќи: „Стани, земи Го Младенецот и мајка Му, па бегај во Египет и остани таму додека не ти кажам, бидејќи Ирод ќе Го бара Младенецот за да Го по­губи.“ 14И тој стана, Го зеде Младенецот и мајка Му ноќно време, па отиде во Египет. 15#1,22; Ос 11,1И таму остана до смртта на Ирод, за да се исполни реченото од Господ преку пророкот, кој вели: „Од Египет Го повикав Синот Свој.“
Убиството на витлеемските деца
16Тогаш Ирод, кога виде дека мудреците го надитрија, се разгневи многу и испрати да ги погубат сите машки но­во­роденчиња во Витлеем и по целата не­гова околина од двегодишна возраст и помали, според времето што точно го беше дознал од мудреците. 17Тогаш се исполни кажаното преку пророкот Еремија, кој говори: 18#Ер 31,15„Глас се слуша во Рама, плач и ри­дање, и пискот голем: Рахила ги оп­ла­кува своите чеда и не сака да се утеши, зашто ги нема.“
Враќање од Египет. Населување во Назарет
19А по смртта на Ирод, ангел Гос­по­дов му се јави на сон на Јосиф во Еги­пет 20#2 Мојс 4,19-20и му рече: „Стани, земи го Младенецот и мајка Му, и врати се во земјата израелска, зашто изумреа оние што ја бараа душата на Младенецот.“ 21#2,14Тој стана, Го зеде Младенецот и мајка Му, и дојде во земјата израелска. 22#3,13; 4,23; Ис 8,23; Јн 4,3Но, кога чу дека во Јудеја царува Архелај, на местото татка си Ирод, се уп­ла­ши да оди таму; и откако доби по­рака на сон, тој замина во галилејските пре­де­ли. 23#21,11; Ис 11,1; Јн 1,45А кога пристигна, се насели во гра­дот наречен Назарет за да се исполни реченото преку пророците дека Тој ќе се нарече Назареец.

Селектирано:

Матеј 2: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се