Матеј 24
24
Навестување за разурнувањето на храмот во Ерусалим
(Мк 13,1-2; Лк 21,5-6)
1И кога излезе Исус од храмот и си одеше, се приближија до Него учениците Негови за да Му ги покажат зградите на храмот. 2#Лк 19,44А Исус им рече: „Го гледате ли сето тоа? Вистина, ви велам: нема да остане тука ни камен на камен, а да не биде урнат.“
Неволји и прогонства
(Мк 13,3-13; Лк 21,7-19)
3 #
5,1; 10,23; 13,39; 1 Кор 15,23; 1 Сол 2,19; 3,13; 4,15; 5,23; 2 Сол 2,1.8; Јк 5,7-8; 2 Птр 3,4.12; 1 Јн 2,28 И кога седеше во Маслиновата Гора, дојдоа кај Него учениците Негови насамо и Му рекоа: „Кажи ни, кога ќе биде тоа, и каков ќе биде знакот за Твоето доаѓање и за крајот на светот?“ 4#Ер 29,8; Откр 12,9А Исус им одговори и рече: „Пазете се, да не ве излаже некој; 5#Ер 14,14зашто многумина ќе дојдат во Мое име, говорејќи: ‚Јас сум Христос!‘ и ќе прелажат мнозина. 6#Дан 2,28Ќе слушате за војни и повици на војни. Гледајте да не се уплашите, зашто сето тоа треба да биде; но тоа уште не е крајот. 7#Ис 19,2; 2 Лет 15,6Зашто ќе се крене народ против народ, и царство против царство, и на разни места ќе има глад, помор и потреси; 8#Ис 13,8; Ос 13,13; Јн 16,21; Рим 8,22; 1 Сол 5,3; Откр 12,2а сето тоа е почеток на страдањата. 9#Јн 15,18Тогаш ќе ве предадат на мачење и ќе ве убијат; и ќе бидете мразени од сите народи, заради Моето име. 10Тогаш мнозина ќе се соблазнат и еден со друг ќе се предаваат и еден со друг ќе се мразат; 11#7,15; 2 Птр 2,1многу лажни пророци ќе се појават и ќе прелажат мнозина; 12#Лк 18,8; 2 Сол 2,3и бидејќи беззаконијата ќе се умножат, кај мнозина љубовта ќе олади. 13#10,22.32А кој ќе издржи до крај, тој ќе биде спасен. 14#26,13; 28,19; Мк 16,15; Рим 10,18И ќе биде проповедано ова Евангелие за царството по целиот свет, за сведоштво на сите народи; и тогаш ќе дојде крајот.“
Гнасниот пустошник
(Мк 13,14-23; Лк 21,20-24)
15 #
Дан 9,27; 11,31; 12,11 „Па така, штом го видите гнасниот пустошник како стои на светото место, за кој зборува пророкот Даниел – кој чита нека разбере, 16тогаш оние, што се наоѓаат во Јудеја, нека бегаат по планините; 17#Лк 17,31кој е на покрив нека не слегува да земе нешто од куќата своја; 18#1 Мојс 19,26и кој е на нива, нека не се враќа дома за да ги земе алиштата свои! 19#Лк 23,29Но тешко на бремените и на доилките во тие дни! 20Затоа молете се да не стане бегањето ваше зиме или во сабота; 21#Дан 12,1; Откр 7,14; 16,18зашто тогаш ќе има страдања, какви што немало од почетокот на светот па досега, ниту, пак, ќе ги има. 22И ако не се скратат оние дни, никој не би се спасил; но заради избраните ќе се скратат тие дни. 23#Лк 17,21.23Тогаш, ако ви каже некој: ‚Еве, овде е Христос‘ или ‚таму е‘ – не верувајте! 24#5 Мојс 13,2-4; 2 Сол 2,3-4.9Зашто ќе се појават лажни месии и лажни пророци, и ќе покажат големи знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, дури и избраните. 25Ете, однапред ви кажав. 26И така, ако ви речат: ‚Ете, Тој е во пустината‘ – не излегувајте; или, ‚ете, во тајна соба е‘ – не верувајте! 27#8,20Зашто, како што молњата излегува од исток и се гледа дури до запад, така ќе биде доаѓањето на Синот Човечки. 28#Јов 39,30; Лк 17,37; Јн 7,27Зашто, каде што е мршата, таму се собираат и орлите.“
Враќањето на Синот Човечки
(Мк 13,24-27; Лк 21,25-28)
29 #
Ис 13,10; 34,4; Амос 8,9 „И веднаш, по маките на тие дни, сонцето ќе потемни и месечината нема да ја дава својата светлина, и ѕвезди ќе паѓаат од небото, и силите небески ќе се разнишаат. 30#16,27; 26,64; 2 Мојс 19,16; 34,5; Зах 12,10-12; Дан 7,13; 7,14; Откр 1,7Тогаш ќе се јави на небото знакот на Синот Човечки и ќе се расплачат сите земни племиња, и ќе Го видат Синот Човечки како доаѓа на небесните облаци, со голема слава и сила; 31#13,41; 5 Мојс 30,3-4; Неем 1,9; 1 Сол 4,16и ќе ги испрати Своите ангели со силен трубен глас, и ќе ги соберат Неговите избраници од четирите ветра, од едниот до другиот крај на небесата.“
Споредба со смоквата
(Мк 13,28-31; Лк 21,29-33)
32„Со смоквата направете споредба: штом ќе се подмладат нејзините гранки и пуштат лисја, знаете дека е близу летото. 33#Јк 5,9; Откр 3,20Така и вие, кога ќе го видите сето тоа, знајте дека е близу, пред вратата. 34#10,23; 16,28; Ис 51,6Вистина ви велам: нема да мине овој род додека сето тоа не се исполни. 35#5,18; Пс 102,26Небото и земјата ќе минат, но зборовите Мои нема да минат.“
Денот и часот – непознати!
(Мк 13,32-37; Лк 17,26-30.34-35)
36 #
Зах 14,7; Мк 13,32.35; Дела 1,7 „А за тој ден и час никој не знае, ниту ангелите небесни, туку само Мојот Отец; 37но, како што беше во деновите на Ное, така ќе биде и при доаѓањето на Синот Човечки; 38#1 Мојс 7,7.13; 2 Птр 3,6зашто, како што во деновите пред потопот јадеа и пиеја, се женеа и се мажеа до оној ден кога Ное влезе во ковчегот, 39#1 Сол 5,3и не сфатија додека не дојде потопот и истреби сѐ – така ќе биде и доаѓањето на Синот Човечки. 40Тогаш ќе бидат двајца на нива: еден ќе биде земен, а другиот ќе биде оставен; 41две жени ќе мелат со рачна мелница: едната ќе биде земена, а другата ќе биде оставена. 42#25,13; Лк 12,37.39-40; 1 Сол 5,1.6Па така, бидете будни, зашто не знаете во кој час ќе дојде вашиот Господ. 43#1 Сол 5,2.4; Откр 3,3Знајте го и тоа: кога домаќинот на куќата би знаел во кој час ќе дојде крадецот, тој би останал буден и не би дозволил да му провалат во куќата. 44Затоа и вие треба да бидете подготвени, зашто Синот Човечки доаѓа во часот кога не очекувате.“
Верни и неверни служители
(Лк 12,41-48)
45 #
Пс 104,27; 105,21; Лк 12,42 „Кој е, пак, тој верен и мудар слуга, кого ќе го постави господарот негов над слугите свои да им дава навреме храна? 46Блазе на тој слуга, кого, кога ќе дојде господарот негов, го наоѓа дека постапува така; 47#19,28; 25,21.23вистина ви велам дека над целиот свој имот ќе го постави него. 48#2 Птр 3,4Ако, пак, тој слуга е лош и си рече во срцето свое: ‚Господарот мој уште за долго време нема да дојде‘, 49па почне да ги тепа другарите свои и да јаде и пие со пијаниците, 50#24,42господарот на тој слуга ќе дојде во ден кога тој не го очекува, и во час што не го знае; 51#8,12и ќе го исече на парчиња, и ќе му даде еднаква награда со лицемерите; таму ќе биде плач и крцкање со заби.“
Селектирано:
Матеј 24: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006