Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 27

27
Исус пред Пилат
(Мк 15,1; Лк 23,1-2; Јн 18,28-32)
1 # 12,14; Мк 3,6; 15,1; Лк 22,66 А кога се раздени, сите првосвештеници и старешини напра­ви­ја договор против Исус за да Го убијат; 2#Лк 3,1; 23,1; Јн 18,28и откако Го врзаа, Го одведоа и Го предадоа на управникот Понтиј Пилат.
Самоубиството на Јуда
(Дела 1,18-19)
3 # 26,15 Тогаш Јуда, што Го предаде, кога виде дека е Тој осуден, се покаја и им ги врати триесетте сребреници на прво­свештениците и старешините, 4#27,24велејќи им: „Згрешив, зашто пре­да­дов невина крв!“ А тие му одговорија: „Што ни е грижа нам за тоа? Мисли му ти!“ 5#Зах 11,13Тој ги фрли сребрениците во хра­мот, излезе и отиде, та се обеси. 6Првосвештениците ги собраа сре­бре­ниците и рекоа: „Не чини да се стават во црковната каса, бидејќи се пла­те­ни за крв.“ 7Откако се советуваа, ја купија со нив грнчаревата нива, за да погребуваат во неа луѓе од други места. 8#Дела 1,19Затоа и до денес таа нива се вика Крвна нива. 9#Ер 32,6-9; Зах 11,12-13#1,22Тогаш се исполни реченото преку пророкот Еремија: „И ги зедоа три­е­сет­те сребреници, цената на Непроцен­ли­виот, Кого Го оценија синовите Израе­л­ови, 10#Ер 18,2-3; 19,1-2; 32,6-15и ги дадоа за грнчаревата нива, како што ми кажа Господ.“
Пилат Го сослушува Исус
(Мк 15,2-15; Лк 23,2-5.13-25; Јн 18,28–19,16)
11 # 2,2; Јн 18,33.37 И Исус застана пред управникот. И тој Го праша, велејќи: „Ти ли си Царот Јудејски?“ Исус му одговори: „Ти ве­лиш.“ 12#26,63И кога Го обвинуваа прво­свеш­те­ни­ци­те и старешините, Тој ништо не одговараше. 13Тогаш Пилат Му рече: „Не слушаш ли колку сведочат против Тебе?“ 14#Мк 14,61И не му одговори ниту на еден збор, така што управникот се чудеше многу. 15#Јн 18,39А на секој празник Пасха управ­ни­кот имаше обичај да му пушта на народот по еден затвореник, кого што би го побарале. 16Тогаш тие имаа еден прочуен зат­вореник, по име Варава. 17#1,16И кога се собраа, Пилат им рече: „Кого сакате да ви го пуштам: Варава ли, или Исус, наречен Христос?“ 18Зашто знаеше дека Го беа предале од завист. 19#Јн 19,13; Дела 12,21Во тоа време, кога тој седеше во су­дот, жена му порача да му кажат: „Не прави му ништо на Тој Праведник, заш­то денеска многу пострадав на сон заради Него.“ 20Но првосвештениците и ста­ре­ши­ни­те го наговорија народот да го из­мо­ли Варава, а Исус да Го погуби. 21#Јн 18,40Тогаш управникот ги праша: „Кого од двајцата сакате да ви го пуштам?“ Тие одговорија: „Варава!“ 22#Дела 3,13; 13,28Пилат им рече: „А што да правам со Исус, наречен Христос?“ Му одгово­рија сите: „Да биде распнат!“ 23#Јн 19,6.15Управникот рече: „Па какво зло на­правил?“ Но тие уште посилно викаа и рекоа: „Да биде распнат!“ 24#Дела 18,6#5 Мојс 21,6-8; Пс 26,6; 73,13; Јн 12,19Пилат, штом виде дека ништо не помага, а буната се зголемува, зеде во­да, ги изми рацете пред народот и рече: „Невин сум за крвта на Овој Правед­ник; мислете му вие!“ 25#23,35; 2 Сам 1,13-16; Ер 26,15; 51,35; Дела 5,28И одговарајќи целиот народ, рече: „Крвта Негова нека падне на нас и на нашите деца!“ 26#10,17; 23,34Тогаш им го пушти Варава, а Исус, откако Го камшикуваа, Го предаде да биде распнат.
Исусовите понижувања
(Мк 15,16-20; Лк 23,11; Јн 19,2-3)
27Потоа војниците на управникот Го зедоа Исус во судницата и ја собраа целата чета околу Него, 28па, откако Го соблекоа, Му облекоа ба­греница; 29#Пс 22,7; 44,14исплетоа трнов венец, Му Го кладоа на главата и Му дадоа во десната рака трска; и паѓајќи на колена, Му се потсмеваа и велеа: „Те поздравуваме, Царе Јудејски!“ 30#26,67; Ис 50,6И плукаа на Него и со трската Го удираа по главата. 31А кога Го исмеаја, Му ја соблекоа багреницата, Му ги облекоа Неговите алишта и Го поведоа на распнување.
Исусовото распнување
(Мк 15,21-32; Лк 23,26-43; Јн 19,17-27)
32 # Дела 2,10; 11,20 На излегување сретнаа еден Ки­ри­неец, по име Симон; него го натераа да Му го носи крстот. 33#Јн 19,17И кога дојдоа на местото наречено Голгота, што значи Черепница, 34#Пс 69,21; Мк 15,23Му дадоа да пие оцет, измешан со жолчка. Но Тој вкуси и не сакаше да пие. 35#Пс 22,19; Јн 19,23А штом Го распнаа, ги разделија алиштата Негови, фрлајќи ждрепка; 36па седеа таму и Го чуваа; 37#Јн 19,19-21и Му кладоа над главата натпис, со вината Негова: „Овој е Исус, Царот Јудејски.“ 38#20,21; 26,55; Лк 22,37Тогаш распнаа со Него и двајца раз­бојници; едниот од десната страна, а другиот од левата. 39#Ер 18,16; Пс 22,7; 109,25; Плач 2,15А минувачите, вртејќи ги главите свои, Го хулеа 40#14,33; 26,61и велеа: „Ти, што го уриваш храмот и за три дни го соѕидуваш, спаси се Се­бе­си! Ако си Син Божји, симни се од крстот!“ 41#27,29Исто така и првосвештениците, заедно со книжниците, старешините, и фарисеите, потсмевајќи се говореа: 42#Јн 1,49„Други спасуваше, а Сам Себе не може да се спаси! Ако е Тој Цар Ју­деј­ски, нека слезе од крстот, па ќе поверуваме во Него. 43#4,3.6; Пс 22,9; Јн 1,34; 10,36Се надеваше на Бога, нека Го из­ба­ви сега, ако е по волјата Негова, бидејќи говореше: ‚Син Божји Сум!‘“ 44И разбојниците, распнати со Него, Го хулеа исто така.
Исусовата смрт
(Мк 15,33-41; Лк 23,44-49; Јн 19,28-30)
45 # 2 Мојс 10,22; Амос 8,9; Лк 23,44 А од шестиот#27,45 Околу 12 часот напладне. час настана темнина по целата земја, до деветтиот час; 46#Пс 22,2а околу деветтиот#27,46 Околу 15 часот. час извика Исус со висок глас и рече: „Или! Или! Лама савахтани?“ А тоа значи: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави!“ 47#11,14А некои од оние што стоеја таму, кога го чуја тоа, рекоа: „Овој го вика Илија!“ 48#Пс 69,21И веднаш еден од нив отрча, зеде сунѓер, го натопи во оцет и го надена на трска, па Му даваше да пие. 49Другите, пак, велеа: „Чекајте, да видиме, дали ќе дојде Илија да Го спа­си!“ 50А Исус, откако повторно извика со силен глас, го испушти духот. 51#2 Мојс 26,31-35; Евр 10,20И наеднаш се расцепи завесата на храмот на две – од горе до долу; и земјата се затресе; и карпи паднаа. 52#Ис 26,19; Ез 37,12; Дан 12,2; 1 Птр 3,19И гробови се отворија; и многу тела на упокоени светии воскреснаа; 53#Откр 21,2па кога излегоа од гробовите, по воскреснувањето Негово, влегоа во светиот град и им се јавија на мнозина. 54#4,3; 14,33; 17,6; 27,40.43А стотникот и оние што со него за­едно Го чуваа Исус, откако го видоа земјотресот и сѐ друго што стана, се уп­лашија многу и говореа: „Навистина Овој беше Син Божји!“ 55#Лк 8,2-3; 23,49.55Таму беа и гледаа оддалеку, исто така, многу жени, што Го следеа Исус од Галилеја и Му служеа. 56#20,20; 27,61; Мк 15,40.47; 16,1.9; Лк 24,10Меѓу нив беа Марија Магдалена и Марија, мајка им на Јаков и Јосиф, и мајката на Заведеевите синови.
Исусовиот погреб
(Мк 15,42-47; Лк 23,50-56; Јн 19,38-42)
57А кога се стемни, дојде еден богат човек од Ариматеја, по име Јосиф, кој Му беше, исто така, ученик на Исус; 58#5 Мојс 21,22-23тој отиде кај Пилат и го побара те­лото Исусово. Тогаш Пилат нареди да му го дадат телото. 59#Јн 19,40А Јосиф, штом го зеде телото, Го завитка во чисто платно, 60#28,2; Ис 53,9; Мк 16,3-4; Дела 13,29и Го положи во својот нов гроб, што го беше издлабил во карпа; па, от­како постави голем камен над гробната врата, си отиде. 61#27,56; 28,1; Јн 19,25А таму беа Марија Магдалена и другата Марија, кои седеа спроти гробот.
Стража на Исусовиот гроб
62 # Мк 15,42; Лк 23,54 На другиот ден, по петокот, се соб­раа првосвештениците и фарисеите кај Пилат, 63#16,21; 20,19и му рекоа: „Господаре, се сетивме дека Оној измамник, уште дури беше жив, рече: ‚По три дни ќе воскреснам!‘ 64#28,13; 2 Птр 2,20Затоа нареди да се причува гробот до третиот ден, за да не отидат учени­ците Негови ноќе и да Го украдат, па да му речат на народот: ‚Воскресна од мртвите!‘ Та последната измама ќе биде полоша од првата.“ 65Пилат им рече: „Имате стража; одете и осигурајте го како што знаете.“ 66Тие отидоа и со стража го осигураа гробот, а каменот го запечатија.

Селектирано:

Матеј 27: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се