Михеј 6
6
Господ повикува на одговорност
1 #
Ис 3,13-15; 5,3-4; Ос 4,1-5 Слушајте што вели Господ: „Стани и суди се пред горите, ридовите да го чујат гласот твој!“ 2#Пс 50,4Чујте го, гори, судот Господов, и вие, цврсти основи на земјата, зашто Господ му суди на Својот народ, се тужи со Израел. 3„Народе Мој, што ти направив и со што ти дотегнав? Одговори Ми. 4#5 Мојс 5,6; 7,8; 1 Сам 12,6; Пс 77,20Јас те изведов од египетската земја, те ослободив од куќата на ропството и ги водев пред тебе Мојсеј, Арон и Мирјам. 5#4 Мојс 22–24; Ис.Н. 24,9; Неем 13,2Народе Мој, сети се што кроеше Валак, царот моавски, и што му одговори Валаам, синот Беоров и што стана од Ситим до Гилгал – за да ги познаеш праведните дела на Господ.“
Искрена послушност
6„Со што да застанам пред Господ, да се поклонам пред небесниот Бог? Да застанам ли пред Него со сепаленици, со едногодишни телци? 7#3 Мојс 18,21; 1 Цар 16,34; 2 Цар 16,3; 21,6Но може ли да Му се угоди на Господ со илјадници овни или неизмерни потоци масло? Дали да Му го дадам мојот првороден син за престапите свои и плодот на утробата своја – за гревовите на душата своја?“ 8#Ис 7,9; 30,15; Ос 2,21; Амос 5,21.24; Пс 40,6-8О, човеку, речено ти е што е добро, и што бара од тебе Господ; да работиш праведно, да сакаш милосрдни дела и понизно да врвиш пред твојот Бог.
Измами и насилства
9Гласот Господов вика кон градот, мудроста повикува на страхопочит кон Твоето име: слушајте племенски и градски Собранија! 10#Амос 8,5Па зар не се наоѓаат во домот на безбожникот богатство неправедно и мерка смалена, одвратна?
Светла иднина
11 #
Изреки 11,1
Можам ли да ги оправдам мерките на беззакониците и неточните тегови во торбата? 12#Амос 3,10Вашите богаташи се полни со неправда, и жителите ваши говорат лага, а и јазикот нивни измама е во устата нивна. 13Затоа почнав да те ударам со запустување поради гревовите твои. 14#Ис 9,19; Ос 4,10Ќе јадеш – и нема да се наситуваш, гладен ќе остануваш; ќе оставаш настрана, но нема да го зачуваш, а она што ќе зачуваш, тоа Јас ќе го предадам на меч. 15#5 Мојс 28,30-33; Амос 5,11; Агеј 1,6Ќе сееш, но нема да жнееш; ќе гмечиш маслинки, но нема да имаш масло, ќе цедиш гроздов сок, но нема да пиеш вино. 16#Ер 7,24; Пс 81,12Кај вас се запазиле обичаите на Омриј и сите дела на домот Ахавов, и вие постапувате според нивните совети. Затоа ќе те предадам на запустување и жителите твои на потсмев, а вие ќе претрпите срам од Мојот народ.
Селектирано:
Михеј 6: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006