Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 4

4
Парабола за сејачот
(Мт 13,1-9; Лк 8,4-8)
1 # 2,13 И пак почна да поучува покрај морето; и се собра околу Него многу народ; Тој влезе тогаш во кораб во мо­рето и седеше, а сиот народ стоеше на суво, покрај морето. 2#Мт 13,3.34И ги поучуваше многу со параболи, и во поуките Свои им велеше: 3„Слушајте! Ете излезе еден сејач да сее; 4и се случи, кога сееше, едни зрна да паднат покрај патот, па долетаа пти­ци­те небески и ги исколваа. 5Други паднаа на каменито место, ка­де што немаше многу земја, и набргу изникнаа, зашто земјата не беше длабока; 6а кога изгреа сонцето, тие свенаа, па бидејќи немаа корен, се исушија. 7Некои паднаа на трње; и израсна тр­њето, ги задуши и не дадоа плод. 8А други паднаа на добра земја и поч­наа да даваат плод, што израсна и узреа; и принесоа: кое триесет, кое шеесет, кое сто.“ 9#4,23; 7,16; Мт 11,15; Лк 8,8; 14,35И им рече: „Кој има уши да слуша, нека чуе!“
Зошто служат параболите?
(Мт 13,10-15; Лк 8,9-10)
10 # 10,10; 13,3; Мт 10,2; 13,36 А кога остана Сам, оние што беа околу Него, заедно со дванаесетте, Го прашаа за параболата. 11#Дан 2,19.22.27-30; Рим 16,24; Кол 4,5И им кажа: „Вам ви е дадено да ја знаете тајната на царството Божјо, а на оние, надворешните, сѐ ќе им се кажува во параболи, 12#Ис 6,9-10; Јн 12,40; Дела 28,26-27за да гледаат со очи и да не видат; да слушаат со уши и да не разбираат; зашто се плашат да не се обратат некогаш, па да им се простат гревовите.“ 13И им рече: „Зар не ја разбирате оваа парабола? Како тогаш ќе ги разберете сите параболи?
Објаснување на параболата за сејачот
(Мт 13,18-23; Лк 8,11-15)
14Сејачот го сее словото. 15Посеаното покрај патот ги означува оние, кај кои се сее словото, но кај кои, откако ќе го чујат, веднаш доаѓа сата­ната и им го грабе словото, посеано во срцата нивни. 16Исто така и посеаното на каменито место ги означува оние, кои, штом го чујат словото, веднаш со радост го примаат, 17#14,27но немаат во себе корен и се непостојани; па, кога ќе настане жалост или гонење заради словото, веднаш се соб­лазнуваат. 18#Ер 4,3Посеаното во трње ги означува оние што го слушаат словото, 19#Мт 19,23но грижите за овој век, примам­ли­во­то богатство и други желби, кои, кога ќе се вселат во нив, го задушуваат сло­вото и тоа останува бесплодно. 20А посеаните зрна на добра земја се оние, што го слушаат словото и го примаат и донесуваат плод: едни триесет, други шеесет, а други сто.“
Светило и мерка
(Мт 5,15; 10,26; Лк 6,38; 8,16-18; 11,33)
21 # Мт 5,15; Лк 8,17; 11,33 И им рече: „Зар се внесува светило за да се стави под поклопец или под кревет? Не затоа ли, да се стави на свеќник? 22#1 Кор 4,5Зашто нема ништо тајно, што не ќе стане јавно; ниту пак, нешто сокриено, што нема да излезе на видело. 23#4,9; Мт 11,15Ако некој има уши да слуша, нека чуе!“ 24#Лк 6,38; 8,18И им велеше: „Внимавајте на она што слушате: со каква мерка мерите, со таква ќе ви се мери, и ќе ви се придода­де. 25#Мт 13,12Зашто, кој има, нему ќе му се даде; а кој нема, од него ќе се одземе и она што го има.“
Парабола за посеаното семе
26 # Мт 13,24 Па рече: „Царството Божјо прилега на човек што фрлил семе в земја, 27#Јк 5,7па спие, и станува ноќе и дење; а ка­ко никнува и како расте семето, тој не знае. 28Зашто земјата сама од себе донесува плод, најнапред стебленце, па клас, а потоа и полно зрно во класот. 29#Јоил 4,13; Откр 14,15А кога ќе узрее плодот, веднаш ис­праќа срп, зашто дошло времето за жетва.“
Парабола за синаповото зрно
(Мт 13,31-32; Лк 13,18-19)
30Пак продолжи: „Со што да го спо­редиме царството Божјо или со каква парабола да го прикажеме? 31#Мт 13,31; 17,20Тоа е како синапово зрно, кое, кога се сее в земја, е помало од сите земни семиња; 32#Мт 13,32а кога ќе се посее, израснува и ста­нува поголемо од сите грмушки, и пуш­та големи гранки, така што под неговата сенка можат да се засолнуваат пти­ците небески.“
Поучување со параболи
(Мт 13,34-35)
33И со многу такви параболи им го проповедаше словото, колку што мо­жеа да слушаат. 34И без параболи не им говореше, а на учениците Свои насамо сѐ им објаснуваше.
Исус стивнува бура
(Мт 8,23-27; Лк 8,22-25)
35 # Мт 8,18 Тој ден вечерта им рече: „Да ми­не­ме на спротивната страна!“ 36И кога го отпуштија народот, уче­ниците Го зедоа со себе, како што беше во коработ, а го следеа и други кораби. 37И се подигна голема бура, и брано­вите се префрлуваа во коработ, така што коработ веќе пропаѓаше. 38#Лк 10,40Тој, пак, беше на кормилото и спи­еше на возглавница; Го разбудија и Му рекоа: „Учителе, зар не Ти е грижа што загинуваме?“ 39#1,25А Тој стана, му се заповеда на вет­рот и му рече на морето: „Молкни, пре­с­та­ни!“ И ветрот стивна, и настана голема тишина. 40#9,19; Мт 8,10Па им рече: „Што сте толку плаш­ливи? Зар сѐ уште немате вера?“ 41#1,27; Пс 89,9; 107,23-32; Лк 9,34И ги опфати голем страв, и говореа еден на друг: „Кој е, пак, Овој, што и ветрот и морето Го слушаат?“

Селектирано:

Марко 4: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се