Неемија 9
9
Исповед на гревовите
1 #
Ис.Н. 7,6; 2 Лет 7,14 На дваесет и четвртиот ден од тој месец се собраа сите синови Израелови, постејќи, во вреќишта и со пепел на главите свои. 2#13,3.30; 3 Мојс 26,40; Езд 6,21И се оддели Израеловото семе од сите туѓинци, станаа, па ги исповедаа гревовите свои и престапите на татковците свои. 3И стоеја на местата свои, и четврт ден читаа од книгата на законот Господов, својот Бог, а во другата четвртина се исповедаа и Му се поклонуваа на Господ, својот Бог. 4А тогаш левитите Јешуа, Ваниј, Кадмиел, Шеванија, Буниј, Шеревија, Ваниј и Кенаниј се искачија на повисоко место, наменето за левити, и силно повикаа кон Господ, својот Бог.
Свечена молитва
5 #
2 Сам 7,26; Пс 78,4 Потоа левитите Јешуа, Кадмиел, Ваниј, Хашавнеја, Шеревија, Ходија, Шеванија и Петахија рекоа: „Станете, славете Го Господа, вашиот Бог, одвека довека, и нека се славослови преславното Твое име, кое е повисоко од секое славословие и похвала!“ 6#1 Мојс 1,1; 5 Мојс 6,4; Ис 40,26; 45,12; Пс 95,5; 146,6; Дела 4,24; Откр 10,6И рече Ездра: „Ти, Господи, Кој си еден, Ти го создаде небото, небесата на небесата и сета нивна војска, земјата и сѐ што е по неа, морињата и сѐ што е во нив, и Ти го оживуваш сето тоа, и небесните воинства Ти се поклонуваат. 7#1 Мојс 12,1-3; 17,5Ти сам, Господи Боже, го избра Аврам, го изведе од Ур Халдејски и му даде име Авраам, 8#1 Мојс 15,18-21и го најде срцето негово верно пред Тебе, и склучи со него завет за да му ја дадеш нему и на семето негово земјата на Хананците, Хитијците, Аморејците, Перизијците, Јевусијците и Гергесејците. И Ти го исполни зборот Свој, зашто си справедлив. 9#2 Мојс 2,23-25; 7–12Бидејќи Ти ја виде маката на предците наши во Египет и ја слушна нивната поплака кај Црвеното Море, 10и покажа знаци и чудеса над фараонот и над сите негови служители и над сиот народ од земјата негова, бидејќи Ти знаеше, зашто тие постапија горделиво со нив, и Ти си создаде име до денес. 11#2 Мојс 14,15-30; 15,4-5.10Ти го пресече пред нив морето, и тие минаа среде море како по суво, а оние што те гонеа, Ти ги фрли во длабочините како камен во силни води. 12#2 Мојс 13,21-22Во облачен столб Ти ги водеше дење и во огнен столб – ноќе, за да им го осветлуваш патот, по кој требаше да одат. 13#2 Мојс 19; 5 Мојс 4,5-8И слезе Ти на гората Синај и говореше со нив од небото, им даде праведен суд, вистински закони, наредби и добри заповеди. 14И им ја покажа Твојата света сабота и преку Твојот слуга Мојсеј им даде заповеди, наредби и закон. 15#2 Мојс 16; 17,1-7; 5 Мојс 1,21И кога гладуваа, Ти им даваше леб од небото, а кога беа жедни, им извади вода од камен, и им рече да одат и да ја завладеат земјата, која Ти, откога ја крена раката, се заколна дека ќе им ја дадеш. 16#4 Мојс 14,1-4Но тие, нашите татковци, беа упорни, се покажаа тврдоглави и не ги послушаа Твоите заповеди; 17#2 Мојс 34,6-7не сакаа да се покоруваат и не се сетија на Твоите чудесни дела што ги беше направил со нив, станаа тврдоглави и со својата упорност поставија над себеси водач за да се вратат во ропството свое. Но Ти си Бог, Кој сака да проштева, добар и милостив, долготрпелив и многумилостив, и Ти не ги остави. 18#2 Мојс 32,1-6И макар што беа излеале теле и беа рекле: ‚ете го твојот бог што те изведе од Египет‘ – и макар што правеа големи сквернавења, 19#2 Мојс 13,22Ти, поради големото Свое милосрдие, не ги остави во пустината; облачниот столб не се одлепуваше од нив дење, за да ги води по патот, и огнениот столб – ноќе за да им свети по патот, по кој требаше да одат. 20#2 Мојс 16,15; 17,6; Ис 63,11.14; Агеј 2,5; Зах 4,6; Пс 23,3Ти им го даде Твојот благ Дух за да ги поучува, и не ја одземаше маната Своја од устата нивна, па и вода им даваше за гаснење на жедта нивна. 21#5 Мојс 8,4Четириесет години ги хранеше во пустината; но ништо не им недостасуваше, облеката не им оветвуваше, нозете не им потекуваа. 22#4 Мојс 21,21-35И Ти им даде царства и народи и им ги раздели, и тие ја завладеаја земјата на Сихон, царот на Есевон, и земјата на Ог, царот на Башан. 23#5 Мојс 1,10И им ги умножи синовите нивни како небесните ѕвезди и ги воведе во земјата, за која им беше говорел на татковците нивни дека ќе дојдат да ја владеат. 24И синовите нивни влегоа и ја завладеаја земјата. И Ти им ги потчини жителите на таа земја – Хананците, и ги предаде во рацете нивни со царевите и народите на земјата за да постапуваат со нив според волјата своја. 25#Ис.Н. 24,13И тие ги зазедоа утврдените градови и плодната земја, и завладеаја куќи, полни со секаков имот, направени извори во камен, лозја и маслинови градини и многу плодни дрвја за храна. Тие јадеа, се наситуваа, се дебелеа и се насладуваа од Твојата голема добрина; 26#1 Цар 18,4.13; 19,10.14; Ер 2,30; 26,20-23; 2 Лет 24,20-22и тие станаа непокорни и се креваа против Тебе, го презреа Твојот закон, ги убиваа Твоите пророци, кои сведочеа да се обратат кон Тебе, и премногу хулеа. 27#Суд 2,11-21И Ти затоа ги предаде во рацете на непријателите нивни, кои ги угнетуваа. Но секогаш кога, во тешко време за нив, ќе повикаа кон Тебе, Ти ги слушаше од небесата и, по големото Свое милосрдие, им даваше спасители што ги спасуваа од рацете на непријателите нивни. 28А кога се успокојуваа, пак почнуваа да прават зло пред Твоето лице, и Ти ги предаваше во рацете на непријателите нивни, и тие владееја со нив. Но кога пак ќе повикаа кон Тебе, Ти ги слушаше од небесата и, според големото Свое милосрдие, многупати ги спасуваше. 29#3 Мојс 18,5Ти им напомнуваше да се свртат кон Твојот закон, но тие беа тврдоглави и не ги слушаа Твоите заповеди, се отстрануваа од Твоите закони, преку кои би живеел човек, ако ги исполнуваше, го свиткаа грбот, се покажаа тврдокорни и не слушаа. 30#2 Цар 17,5-6; 23,31–25,21Чекајќи да се обратат, Ти ги трпеше многу години и им напомнуваше со Твојот Дух преку пророците Свои, но тие не слушаа. Тогаш ги предаде во рацете на туѓи народи. 31#2 Мојс 34,6Но, по големото Свое милосрдие, Ти не ги истреби докрај и не ги оставаше, бидејќи Ти си Бог добар и милостив. 32#5 Мојс 7,9И сега, Боже наш, Боже величествен, силен, страшен, Кој го пази заветот и милоста, нека не биде мало пред лицето Твое сето страдање што нѐ снајде нас, царевите наши, кнезовите наши, свештениците наши, татковците наши и сиот Твој народ од дните на асирските цареви до денес. 33#Езд 9,15Во сѐ што нѐ снајде, Ти си праведен, зашто Ти постапуваш според правдата, а ние сме виновни. 34#2 Цар 23,11; Ер 44,17Царевите наши, кнезовите наши, свештениците наши и татковците наши не го извршуваа Твојот закон и не им посветуваа внимание на Твоите заповеди и Твоите удари, со кои ги потсетуваше. 35#5 Мојс 28,45-48; Ис 63,7И во своето царство, при Твојата голема добрина што им ја укажуваше, и во широката и плодородна земја што им ја оддели, тие не Ти служеа и не се одвратуваа од своите лоши дела. 36#Езд 9,9И, еве, сега сме робови; во таа земја што Ти им ја даде на татковците наши за да се хранат од плодовите нејзини и од благата нејзини, еве, сега ние ѝ робуваме. 37#5 Мојс 28,33И своите плодови таа изобилно ги принесува за царевите, на кои нѐ потчини заради гревовите наши. И тие по своја волја владеат над телата наши, и над добитокот наш, и ние сме во голема мака.“
Селектирано:
Неемија 9: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006