Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви Вовед

Вовед
Книгата Броеви го добила името според еден од настаните што се спом­нува во неа, односно според пребројувањето на Евреите во Синајската Пустина.
Народот на Израел, откако ги добил преку Мојсеј сите Божји закони, се подготвува да тргне кон ветената земја (1,1–10,10). Патот првин ги води во Кадис-Барнеа, на влезот од оваа земја, но тие не се решиле да влезат во неа. Осудени да талкаат цели четириесет години низ пустинските области, тие се отправиле на југ и по извесно време дошле во моавската земја, на источната страна од Мртвото Море (10,11–21,35). Во последните глави од книгава се опишуваат разни настани што се случиле во Моав. Оттука подоцна народот на Израел ќе влезе во хананската земја (22,1–36,13).
Оваа книга доаѓа по книгите Излез и Левитска и ни го претставува Божјиот народ во неговата реална човечка димензија, кога по вербата доаѓаат сомнежи, по енергичноста – очајување, по величието – паѓање. Спротивно на ова, јасно може да се види постојаната верност од страна на Бога, која не се поништува со Неговата строгост и справедливост.
Тука Мојсеј го зазема чувствителното место помеѓу Господ и народот: тој ги пренесува Неговите заповеди и истовремено се застапува пред Него за народот кога тој согрешува пред Бога и не се придржува кон Неговиот закон.

Селектирано:

Броеви Вовед: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се