Изреки 11
11
1 #
16,11; 20,10; 3 Мојс 19,35-36 Неисправните мерила се одвратни пред Господ, а точните мерки Нему Му се угодни. 2#16,18; 18,12; 29,23Ќе дојде ли гордоста, ќе дојде и срамот, но мудроста е со смирените. 3#11,6; 13,6Непорочноста на простодушните ќе ги раководи, а лукавството на подмолните ќе ги погуби. 4#10,2; Ез 7,19; Соф 1,18Богатството нема да помогне во денот на гневот, а правдата ќе спаси од смрт. 5#3,6; 5,22Правдата на непорочниот го израмнува неговиот пат, а нечестивиот ќе падне поради својата нечесност. 6#13,6; Пс 7,14-15Правдата на простодушните ќе ги спаси, а беззакониците ќе бидат уловени од своето беззаконие. 7#10,28Со смртта на нечестивиот човек, исчезнува надежта негова, и очекувањето на беззакониците загинува. 8#21,18Праведникот се спасува од неволја, а место него во неа паѓа нечестивиот. 9#16,29Лицемерниот го погубува со уста ближниот свој, а праведниците се спасуваат со знаење. 10#29,2.16Кога праведниците живеат во благосостојба, градот се радува, а кога загинуваат безбожниците, настанува веселба. 11#14,34; 28,12.28Со благословот на праведните градот се издига, а преку устата на нечестивите се разрушува. 12#14,21Малоумниот искажува презир кон ближниот свој, но разумниот човек молчи. 13#20,19; 3 Мојс 19,16; 27,16-21Кој оди да озборува, издава тајна, но верниот човек ја чува тајната. 14#15,22; 20,18; 24,6Каде што нема водство, народот пропаѓа, а при многу советници живее во благосостојба. 15#6,1-5; 17,18; 27,13Кој се застапува за друг, зло си донесува, а кој го мрази давањето гаранција, тој е во безопасност. 16#12,24.27; 27,23-24Добрата жена спечалува слава, а работливиот човек се здобива со богатство. 17#11,29; 15,27Милосрдниот човек си прави добро на душата своја, а жестокиот по срце го руши телото свое. 18#15,6; Ос 10,12; Јк 3,18Безбожникот врши измамлива работа, а на оној што сее правда, наградата му е вистинска. 19#10,16; 12,28; Рим 6,23Праведноста води кон живот, а кој се стреми кон зло, се стреми кон смртта своја. 20#12,22; 15,9; 17,22Подмолните по срце се одвратни пред Господ, а непорочните во својот пат Нему Му се благоугодни. 21#16,5Можеш со сигурност да речеш дека порочниот нема да остане неказнет, а семето на праведните ќе се спаси. 22#14,1Она што е златна алка на носот кај свињата, тоа е жена убава, но без разум. 23#10,24.28Праведните сакаат само добро, а нечестивите ги очекува гнев. 24#10,22Еден раздава штедро, и уште му се додава; а друг преку мера е скржав, и пак е сиромав. 25#3,9-10; 2 Кор 9,6Добротворната душа ќе биде наситена, и кој напојува други, и тој самиот ќе биде напоен. 26#1 Мојс 42,6Кој задржува храна за себе, него народот го проколнува; а кој ја продава – врз главата негова стои благослов. 27#16,4Кој се стреми кон добро, тој бара благоволение; а кој бара зло, него и го снаоѓа. 28#14,11; Мк 10,23-25Оној што се надева на богатството свое, ќе пропадне; а праведниците како зелено дрво ќе напредуваат. 29#15,27Кој ја запустува куќата своја, ќе наследи ветар, а неразумниот му е слуга на мудриот. 30#17,6Плодот на праведникот е дрво на животот, а мудриот придобива човечки души. 31#16,2; 20,27; 1 Птр 4,18Ако на праведникот му се плаќа на земјата, дотолку повеќе на нечестивиот и на грешниот.
Селектирано:
Изреки 11: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006