Изреки 16
16
Господ во секојдневниот живот
1 #
16,9; 20,24 Човекот размислува во срцето свое, но одговорот на јазикот е од Господ. 2#15,11; 21,2Сите дела на човекот му изгледаат дека се исправни, но Господ ги испитува душите. 3#3,5-7Предај ги делата свои на Господ, и твоите намери ќе се исполнат. 4#11,21Господ направил сѐ со определена цел, а и безбожниците – за судниот ден. 5#8,13; 11,21Секој горделив по срце е одвратност пред Господ: биди сигурен дека тој нема да остане неказнет. 6#14,16Со милосрдност и правда грев се исчистува, и со страв Господов зло се отстранува. 7#5,21-22Кога на Бога Му се пријатни патиштата на човекот, Тој и со непријателите негови го смирува. 8#15,16Подобро мала печалба со правда, отколку голема добивка со неправда. 9#19,21Човекот сам го обмислува патот свој, но Господ управува со него.
За царевите
10 #
24,21-22
Во устата на царот има вдахновено слово; неговата уста не смее да греши на суд. 11#11,1Точните мерила и тасовите се од Господ; од него се и сите точни мери. 12#20,8; 25,5Незаконското дело е одвратно за царевите, зашто со правда престолот се зајакнува. 13#14,35; 22,11Справедлива уста на царот му е пријатна, и тој го сака оној, што ја кажува вистината. 14#19,12; 20,2; 25,15Царевиот гнев е гласник на смртта; но мудар човек ќе го смилостиви царот. 15#20,28Во светлиот поглед на царот има живот, и неговото благоволение е облак со задоцнет дожд.
Општествениот живот и моралот
16 #
8,10.19 Да се здобиеш со мудрост е многу подобро, отколку со злато, и да се здобиеш со разум е повеќе за претпочитување отколку одбрано сребро. 17#19,16Патот на праведните е отстранување од злото: кој ги пази своите патишта – душата своја ќе ја запази. 18#11,1; 18,12Пред погибел гордоста врви, и пред паѓање – надменоста. 19#29,23Подобро е да се смируваш во духот со кротки, отколку да делиш грабеж со горделиви. 20#3,5Кој ја води разумно работата своја, добро ќе најде, и кој се надева на Господ, блажен е. 21#24,13-14Мудрите по срце, разумни ќе ги наречат, и слаткиот збор го зголемува знаењето. 22#13,14Разумот за оние, што го имаат, е извор на животот, а ученоста на безумниот е глупост. 23#18,4Срцето на мудриот го прави јазикот негов мудар, и го умножува знаењето во устата негова. 24#4,22Пријатни зборови се восочен мед: за душата слатки, а за коските лековити. 25#14,12Има патишта, кои на човекот му изгледаат прави, но крајот им е пат кон смртта. 26#13,12Кој се труди, се труди за себе, зашто кон тоа устата го упатува. 27#6,12-15Лукав човек зло замислува, во устата своја – оган разгорува. 28#18,8; 26,20-22Подмолен човек сее раздор, и клеветник пријатели разделува. 29#3,31Злонамерен човек го мами својот ближен и го води кон лош пат; 30#15,11замижува со очите, за да измисли подмолност: прекасувајќи си ги усните, извршува зло. 31#20,29Староста е венец на славата, таа води по патот на правдата. 32#14,29; 17,27; 19,11Долготрпеливиот е подобар од храбриот, и кој владее со себе, подобар е и од освојувач на градови. 33#18,18Ждрепка се фрла во скут, но сѐ што решава таа, од Господ е.
Селектирано:
Изреки 16: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006