Псалми 112
112
ПСАЛМ 112
Блажени се оние кои се бојат од Бога и кои се милостиви
1 #
1,1-2; 128,1 Алилуја! Блажен е оној човек, кој се бои од Господ и кому му се мили Неговите заповеди. 2#25,13; 37,26; 102,28Неговото потомство ќе биде силно на земјата; родот на праведните ќе биде благословен. 3#111,3; Изреки 3,16Слава и богатство ќе има во неговиот дом; и правдата негова ќе преуспева вечно. 4#37,6; 97,11; 111,6; Ис 58,10; Јов 22,28; Изреки 13,9На праведните во темнина им изгрева светлина; тие се благородни, милостиви и справедливи. 5#37,21.26; Изреки 14,21; Лк 6,35Има добро за човек што е дарежлив и на заем дава; тој праведно ги извршува своите работи; 6#15,5и никогаш нема да се разниша; праведниот останува во вечен спомен. 7Од лоши гласови нема да се уплаши; срцето му е спремно, зашто се надева на Господ. 8#118,7Срцето му е цврсто: тој нема да се уплаши, кога – годе ќе погледне во непријателите свои. 9#75,10; 89,17; 92,10; 2 Кор 9,9Тој разделува, дава на сиромаси; правдата негова останува вечно; неговиот рог ќе се возвиши во слава. 10#35,16Грешниот, кога ќе го види тоа, ќе се јадосува, ќе крцка со забите свои и ќе се топи. Желбата на грешникот пропаѓа.
Селектирано:
Псалми 112: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006