Псалми 125
125
ПСАЛМ 125
Господ го заштитува Својот народ
1 #
Изреки 10,25
Кои се надеваат во Господ, тие се како гората Сион: нема да се поколеба, ќе живее вечно. 2#121,8; 5 Мојс 32,10; Зах 2,9; Мт 28,20Околу Ерусалим има гори, а Господ е околу Својот народ отсега и засекогаш. 3#119,134; Ис 14,5-6Зашто Господ нема да го остави жезлото на грешниците врз земјата на праведните, за да не ги посегаат праведниците рацете свои кон беззаконие. 4#18,24-26; 2 Мојс 21,25Господи, направи им добро на добрите и на оние со чисто срце. 5#92,9; 128,6; Изреки 3,32; Гал 6,16А оние што свртуваат кон крив пат, нив Господ ќе ги одведе со оние што вршат беззаконие. Мир на Израел!
Селектирано:
Псалми 125: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006